Call for papers for Vol.8, No.1, 2017 is open until 30 March

ЛЕГИТИМНОСТА НА УПОТРЕБАТА НА СИЛА: СЛУЧАЈОТ ЛИБИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

Рина КИРКОВА


АПСТРАКТ
Уште од самиот почеток, воената интервенција врз Либија предизвика
спротивставени толкувања во врска со легитимитетот и легалитет на употребата на сила.
На политички план, додека западните влади тврдеа дека интервенцијата е и нужна и
правно заснована, Русија силно приговараше за прекумерна употреба на сила и бараше
одговорност за цивилните жртви. Дебатата се пресели и на академски план.
Меѓународните невладини организации алармираа за тешки повреди на човековите
права и за воени злоосторства сторени од двете страни во конфликтот (бунтовниците и
силите на режимот). На самиот почеток на граѓанскиот судир и на надворешната
интервенција која следуваше, медиумите ја отсликаа загрижувачкјата ситуација на
теренот: бегалска и хуманитарна криза, како и масовна деструкција како консеквенци на
воените дејствија. Постои впечаток дека интервенцијата на трета страна со воени
средства наместо заштита на цивилите доведе до интензивирање на спиралата на
насилство и до влошување на пложбата на цивилите. Со оглед на обемот на материјални
и човечки консеквенци, како прво се поставува прашањето за тоа дали постоеше
нужност од воена интервенција во Либија. Исто така, дискутабилно е и тоа дали воената
интервенција беше законита и легитимна според позитивното меѓународно право. За да
се истражат овие дилеми, текстот нуди правна анализа на базичните документи и норми
на меѓународното право кои ја уредуваат воената интервенција врз суверена држава.
Особено се става акцент на одредбите на Повелбата на ОН како и на двете резолуции
на Советот за безбедност на ОН (Резолуцијата 1970 и 1973). Авторката заклучува дека
меѓународната интервенција против режимот на Гадафи, наспроти обидите да се
оправда правно, се поместуваше од одговорноста да се заштитат невините цивили до
земање страна во граѓанска војна, па до заложби за смена на режимот. Ова остава
широк простор за спекулации околу скриената агенда на силите кои интервенираа.
Клучни зборови: меѓународно право, употреба на сила, легитимитет,
одговорност да се заштити, Либија



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems