Call for papers for Vol.8, No.1, 2017 is open until 30 March

SECESSION AND SELF-DETERMINATION OF PEOPLE IN INTERNATIONAL LAW: The case of former Yugoslavia

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

Frosina T. REMENSKI, PhD

Faculty of Security – Skopje
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

 

АПСТРАКТ
Самоопределувањето е право на секој народ и нација во светот самостојно да
одлучува за својата судбина. По принцип на самоопределување се подразбираат
следниве права: право на отцепување и создавање независна национална држава,
право на соединување со други народи, право на економско самоопределување, како и
право на избор на општествено и политичко уредување. Повелбата на ООН правото на
самоопределување го спомнува во членот 1 и 55, но без дефиниција за самиот поим.
Поимот „народ“ се` повеќе може да се примени на етно-културните групи во рамките на
државата. Правото на самоопределување има внатрешни и надворешни аспекти.
Надворешните аспекти се однесуваат на правото на народот да го одредат
меѓународниот статус на територијата. Овој аспект го уживаат народите од
несамоуправните територии, населението на суверени и независни држави,
територијално сконцентрирана популација исклучени од јавниот и политичкиот живот и
населението на конститутивна единица на етничка федерација во процес на распаѓање.
Во сите останати случаи, признавањето на правото на народите на самоопределување
нема влијание на територијалниот интегритет на суверената и независната држава.
Интерните аспекти на правото на самоопределување го признава правото на сите
граѓани слободно да го одредуваат својот политички статус и слободно постигнување на
економскиот, општествениот и културниот развој. Сепаратизмот е залагање за состојбата
на културните, етничките, племенските, верските или политичка автономиј на одредена
група (расне, етничка), дури и барање за полно политичко отцепување и формирање на
нова држава. Сепаратистичките барања зависи од различни економски, политички и
социјални фактори. Процесот на дезинтеграција и распаѓањето на југословенската
федерација започна на 25 јуни 1991 година. Трудот има за цел да ги даде меѓународно-
правните норми на правото на самоопределување и во тој контекст да даде краток
преглед на процесот на дезинтеграција на поранешната југословенска федерација.
Клучни зборови: сецесија, право на самоопределување, дезинтеграција, СФРЈ;



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems