Call for papers for Vol.8, No.1, 2017 is open until 30 March

ПРЕДГОВОР НА УРЕДНИКОТ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

Почитувани читатели,

Списанието „Безбедносни дијалози“ кое егзистира две години, полека но сигурно преминува во една понапредна фаза од своето опстојување. Ваквата констатација произлегува од следните неколку аргументи. Во меѓувреме, од овој петти број уредувачката палка ја преземаат проф. д-р Тони Милески како главен и одговорен уредник и проф. д-р Митко Котовчевски како заменик уредник на списанието. Воедно, ја користам оваа можност да им изразам благодарност на претхоните уредници, проф. д-р Билјана Ванковска и проф. д-р Оливер Бакрески за пионерските чекори и зародишот на ова научно списание на Институот за безбедност, одбрана и мир. Исто така, во краток временски период изработен е веб сајт на списанието (http://sd.fzf.ukim.edu.mk). Сајтот овозможи архивирање на досегашните броеви од „Безбедносни дијалози“ и понуди прегледни можности на потенцијалните автори за правовремено информирање околу сите постапки кои се однесуваат на поднесување на научните трудови. Читателите ширум светот можат слободно да ги прочитаат сите содржини на списанието со оглед на фактот што истото е категоризирано како списание со отворен пристап (open access). Слободниот пристап е поддржан и преку лиценцата - creative commons attributions. Оваа лиценца претставува одредена рамнотежа во рамките на традиционалното „all rights reserved“ за авторски права. Алатките на оваа лиценца на секој индивидуален креатор, компанија или поголема институција овозможуваат стандардизиран начин на доделување авторски права и дозвола за користење на нивната креативна работа. За брзо време списанието ќе премине на Open Journal System платформа која ќе овозможи негова уште поголема промоција. Оваа платформа ќе го стандардизира и забрза начинот на аплицирање, едитирање и рецензирање на трудовите во самото списание. Во период од шест месеци, сите трудови од „Безбендосни дијалози“ се индексирани во престижната база на податоци Index Copernicus, како и во две електронски универзитетски библиотеки во Хамбург и во Регензбург – Германија. Исто така, првата фаза од регистрацијата во EBSCO е успешно помината што дава реални шанси наскоро списанието да биде приклучено и во



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems