Call for papers for Vol.8, No.1, 2017 is open until 30 March

РЕГРУТАЦИЈА И МОТИВИРАНОСТ НА МЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА ЗА ВОЈНИЧКАТА ПРОФЕСИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

Д-р Зорица САЛТИРОВСКА
355.25-053.81 (497.7)

 

АПСТРАКТ


Мирновременското и военото пополнување на вооружените сили се основни
стратегиски содржини на одбранбените подготовки и од нив зависи борбената
подготовка на земјата. Поголемиот број должности во Армијата се специјалности
кои бараат одредена струка и професија, општо и техничко образование и висока
психофизичка подготвеност. Токму поради тоа, во подготовките за одбрана големо
значење им се дава на изборот, селекцијата, распоредувањето, организацијата,
пополнувањето, оспособувањето и обуката на војниците, подофицирите и
официрите.
При мирновременското пополнување на вооружените сили, основен услов за
успешно борбено оспособување е рационалното користење на расположивиот
човечки потенцијал. Степенот на таа рационалност зависи од тоа дали секој човек е
поставен на место на кое може најмногу да придонесе за подигање на степенот на
борбената готовност.
Воведувањето на нова, современа техника и оружје ја наметнува потребата од
размислувања за сѐ поголемата улога на човекот и неговите способности, како и
желбата, мотивираноста истите да ги искористи. Свесната мотивираност е
секојдневен и постојан поттикнувач на активностите. Мотивираноста е клуч за
разбирање на личноста.
Проучувањето на мотивацијата на младите за вклучување во вооружените сили е
мошне значајно од гледиште на теоријата и практиката на пополнувањето на
вооружените сили. Обезбедувањето квантитет и квалитет на војничкиот кадар при
пополнувањето, е прашање од приоритетно значење за воената организација.
Значењето е уште поголемо и поради тоа што од мотивацијата при пополнувањето
ќе зависи и мотивираноста на војниците во процесот на обуката да вложат
максимални напори за да ги совладаат сите тешкотии со кои ќе се сретнат, а со тоа
максимално би се искористиле потенцијалите на секој војник. Ова е неопходно
бидејќи и целта на обуката е постигнување на максималната борбена подготвеност
на единиците.
Клучни зборови: регрутација, мотивација, мотиви, селекција, професионализација



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems