Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

БЕЗБЕДНОСЕН КОНЦЕПТ НАСОЧЕН КОН ЧОВЕКОТ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

Сергеј ЦВЕТКОВСКИ
341.231.14:355.45

 

АПСТРАКТ
Човековата безбедност или поточно концептот на човекова безбедност е замисла
за развој на практика која е „малку“ поинаква од веќе воспоставената „политика“
на мултинационални принципи кои се во перманентен развој, а се однесуваат на
безбедноста и владеењето. Тоа е обид за делување, но и спонтан процес на
развивање на научно сфаќање кое им противречи на традиционалните замисли за
безбедноста. Она што се наметнува е дека таа замисла или концепт не е баш лесно
разбирлив или потполно објективен како мисла. Тоа е така, затоа што може да се
издвојат четири различни, понекогаш компетитивни пристапи кон човековата
безбедност кои се одраз на различни социолошко, културни и геостратегиски
ориентации. Или можеби концепт кој е помалку нереален или премногу
амбициозен. Во насока на „напреднатата идеја“, трудов укажува дека искуственото
проучување веќе дава основа за формирање на поддржувачка позиција на
размислувањето за човековата безбедност, кое можеби споро, но сигурно се
препознава и имплементира од донесувачите на одлуки, наспроти доследноста на
цврстата нео/реалистичка одреденост.

Клучни зборови: Безбедносен концепт, напредна идеја, човекова безбедност.

ABSTRACT.
The Human security or the concept of human security is an idea for development of
practice that is “little” diferent than an already set up “politics” of multinational
principles in permanent evolution in relation with security and governmenting. It is a
trial of act, but also it is a spontaneous process of development of scientific knowledge
opposite to traditional theories of security. What is stressed is that this idea or concept
isn’t easily understandable or quite objective as a thought. It is because; it is possible
to point four different, sometimes competitive approaches towards human security,
which are reflection of different social, cultural and geostrategics orientations. Or
maybe it is a concept that is a less real or too ambitious. In direction of an “advanced
idea”, this paper shows that empirical research has already given basics for forming the
supporting position for thinking over human security, consideration that maybe slow,
but for sure is recognized and implemented by decision owners, opposite to
consistence of hard neo/realistic determination.
Key words: Security concept, advanced idea, Human security.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems