СПЕЦИФИЧНОСТА НА РАКОВОДЕЊЕТО СО ПОЛИЦИЈАТА

Print

Оливер БАКРЕСКИ
Срѓан МИЛАСИНОВИЌ
351.74:005

 

АПСТРАКТ


Полицијата како организациски систем не може да се замисли без ра-
ководењето. Раководењето како определен начин на насочување на зада-
чите од повисоко ниво на пониско ниво и степен на сложеност и извршу-
вање го претставува дијалектичкото единство и заокружен процес во ко-
нечното постигнување на целите. Денес, современиот пристап на раково-
дење со полицијата сè повеќе инсистира на позиционираната моќ и авто-
ритет како традиционален начин за влијание во полицискиот систем. Со
тоа се овозможува серија чекори или насочување на акциите во правец на
остварување на дефинираната цел. Текстот претставува критички осврт на
раководењето со полицијата како една своевидна специфичност и посебна
карактеристика во работењето на полицијата. Истовремено, во текстот се
прави обид покрај нивоата на раководење со полицијата да се прикажат
состојбите во оваа област во Република Македонија.
Клучни зборови: раководење, безбедност, безбедносен сектор, поли-
циска организација, функции.

ABSTRACT


The police seen as an organizational system are unimaginable without direction
and leadership. The direction itself as a specific way of guidance in
tasks’ performance from a higher to a lower level and with a certain level of
complexity and execution represents dialectical unity and a consistent proces.
The modern approach puts more emphasis on the positioned power and authority
as a traditional way of imposing influence over police. It enables a series
of steps or direction of the actions towards the defined aim’s achievement.
The paper is a critical review on the process of direction over police as
a specific trait of the police’s overal function. At the same time, the paper invests
efforts into analysis of the state of affairs in the Republic of Macedonia.
Key words: direction, security, security sector, police organization, functions


 

Вовед


Раководењето со полициските системи бара еден нов модел кој во сложени и отво-
рени општествени односи, со добро осмислена безбедносна политика и стратегија ќе
овозможи севкупното дејствување да биде засновано на научно-стручни и искуствени
премиси. Меѓутоа за да може ефикасно да се имплементираат сите активности потреб-
но е целосно ангажирање на човечкиот фактор. Исто така, мора да се усвојат оние пре-
тпоставки кои се неопходни за успешно извршување на специфичните задачи. Посебно,
раководните лица во безбедносните структури мора внимателно и ефикасно да ги сле-
дат сите општествени промени, за да можат навремено на сите хиеархиски нивоа да
создадат клима за прифаќање и организирање на новите состојби. Во таа смисла треба
да се развијат ставови и убедување, а посебно култура на безбедносно однесување и
дејствување во сложени безбедносни ситуации, коишто ќе бидат гаранција за хуман
пристап во остварување на задачите. Кога ќе се постигне тој корелативен однос меѓу
сфаќањата и значењето на полицискиот систем во општеството, потоа прифаќањето на
сите негови организациски, оперативни и други карактеристики, како и подготвеноста
за операционализација на претходно усвоената безбедносна политика и стратегија, то-
гаш може да се каже дека ќе се задоволат потребите, залагањата и нужностите на цело-
купното општество. Меѓутоа, за да можат полициските организации ефикасно да ги из-
вршуваат своите општествени задачи, еден од значајните фактори кој влијае на севкуп-
ните активности се моралните вредности на раководните структури и на останатите
припадници на безбедносниот сектор. Тоа значи дека почитта како релевантна вред-
носна и клучна компонента, а особено на раководниот профил има доминантно влија-
ние, посебно кога е во прашање навременото и ефикасно решавање на негативните по-
јави и однесувања. Значи, без почитта како вредносна димензија важна за раководење
во полициските структури не може воопшто да зборуваме за нивно успешно обликува-
ње, развој и просперитет. Затоа е потребно и професионално совладување на широките
подрачја на безбедносни сознанија. Професионалната филозофија доколку ја следи
етички кодекс тоа ќе обезбеди одредени безбедносни правила и однесувања со одреде-
ни знаења кои ќе покријат одредено подрачје, што ќе доведе до осмислување на креа-
тивни решенија во обликување на хиерархиските проблеми при донесувањето одлуки
во одредената специфична безбедносна проблематика. Освен тоа, треба да ги спомне-
ме авторитативноста, оперативноста, креативноста, анализирањето и синтетизирањето
на безбедносните и други појави, однесувања и сл., а со цел инстутиционално-организа-
циско прилагодување на новите сестрани и сложени безбедносни барања на демократ-
ските општества.


 

1. Поим и значење на раководењето
Терминолошката систематизација, улогата и содржината на раководењето е честа
тема со различни толкувања од голем број автори. Тие различни сфакања на исти поја-
ви и нивно различно означување е последица на различни општествени, претпоставки,
па и со идеолошки одредувања, од користење различни научни методи во различни об-
ласти на општествениот живот и работа итн.
Постојат мислења дека раководењето е процес на пренесување на одговорноста
преку практична примена на знаењата и искуствата од страна на раководните структу-
ри. Раководителот е личност кој ги анализира состојбите, одлучува за решавање на про-
блемите и ги остварува функциите на организацијата. Начинот на извршување на фун-
кциите во самата организација кои ја сочинуваат неговата работа е опишан како рако-
водење.
Раководењето го прави дијалектичкото единство на активноста и е заокружен про-
цес, насочен кон конечното постигнување на целите. Во суштина раководењето и ко-
мандувањето е посредничка активност со која се поврзува управувањето со извршува-
њето.
Раководење е пониско ниво на насочување и помалку сложено од управувањето, но
повисоко ниво и посложено од извршувањето. Тоа всушност е трансмисионата врска
помеѓу управување како највисоко ниво на насочување на најголемата сложеност и из-
вршување како најниско ниво на насочување и најмала сложеност. Со раководењето во
процес на извршување се реализираат управувачките одлуки што значи е одговорно за
остварување на управувањето како процес и како начин на насочување.
Раководењето е поимно поврзано за постоењето на систем. Тоа значи дека нема ра-
ководење без систем, иако има систем без раководење. На поврзаноста на раководење-
то со постоењето на систем укажуваат некои негови карактеристики изразени во дефи-
ницијата на системот на раководење: збир на идеи, материјали, живи суштества или
функции поврзани по одредена концепција во заокружена, релативно независна цели-
на.
Раководењето се појавува со првата поделба на трудот. Тоа станало потребно штом
две или повеќе лица требало одвоено да извршат некој процес на работа.
Во теоријата во однос на раководењето се среќаваат следните гледишта:
- раководењето се дефинира како начин за определување на долгорочна и сеопфатна
прилагодливост на организацијата кон опкружувањето. Тоа се дефинира и како процес на
идентификација, избирање и извршување на работите на најефикасен начин остварување
на долгорочна компатибилност меѓу внатрешните искуства и ресурси на организацијата;


 

- раководењето е насочена работа кон остварување на целите на организацијата.
Понатаму, тој раководењето го образложува како динамичен процес кој ги има следни-
те функции: планирање, организирање, командување, координација и контола;
- раководењето е наука која ги остварува поставените цели преку ефикасно иско-
ристување на човечките и другите ресурси на организацијата врз основа на пропишани
правила и процедури,
- под раководење се подразбира сестрано насочено организирано влијание на чове-
кот или на група луѓе на некој предмет, поради остварување конкретни резултати;
- раководењето се дефинира и како систематизирано знаење за пристапот и начи-
ните за водење на акциите на организацијата.
Имајќи го предвид изнесеното може да се констатира дека сè уште не постои уни-
верзално прифатена дефиниција за раководење. Иако, презентираните гледишта се ди-
вергентни, сепак можат да се извлечат неколку заеднички елементи со кои се доаѓа до
една посинтетизирана дефиниција според која раководење може да биде претставено
како континуиран процес на донесување одлуки за ефикасно извршување на задачите
во насока на остварување на целите на организацијата.


2. Спечифични карактеристики на раководењето со полицијата


Раководењето со полицијата е многу сложена дејност во која се бара знаење и ис-
куство за да се обезбеди функционирањето на полицијата и на полициските службени-
ци во процесот на остварување на поставените цели на полицијата во согласност со ут-
врдените управувачки претпоставки. Во полицијата, раководењето има пресудна улога
во употребата на единиците при извршување сложени задачи. Исто така, досегашните
искуства укажуваат на тоа дека добар раководител е оној кој создава атмосфера за ра-
бота, оној кој создава поттикнувачка и мотивирачка клима и го наградува секој придо-
нес кој води кон успех, оној што знае како да реагира во сложена безбедносна ситуаци-
ја, оној што знае да донесе правилна и навремена одлука за употреба на силите и сред-
ствата и оној кој брзо го етаблира организациониот систем за извршување на задачите.
Успешното раководење со полицијата е одлучувачко во остварувањето на одредени за-
дачи и е ориентирано кон намалување на безбедносните предизвици и решавање кон-
кретни безбедносни проблеми.
Раководењето со полицијата се разликува од раководењето со војската. Разликите
се резултат на специфичните задачи кои ги остварува полицијата и на постојаната ди-
намичност на полицискиот систем.
Полицискиот систем е специфичен опстествен систем, а неговата специфичност се
однесува на:


 

• општествените цели кои произлегуваат од широкиот спектар задачи. Тоа значи де-
ка полицискиот систем сам по себе не е цел, туку систем кој ги остварува општите опш-
тествени цели;
• екстремно спротиставување на неговите цели со оние коишто ја загрозуваат без-
бедноста на државата, на граѓаните и на имотот;
• единство во спротиставените поединечни начела (јавност/отвореност и тај-
ност/затвореност) во неговото функционирање;
• дејствување (функционирање) во различни услови, со висок степен на неизвесност,
појава и развој на безбедносните случувања;
• посебност на организацијата, начелата, принципите и методите на функционирање
и работа.
Полицискиот систем во својата работа се карактеризира не само со неговата специ-
фичност, туку и со одредена динамичност. Начелно, таа динамичност произлегува од:
• високиот степен на настанување на непредвидливите безбедносни појави и случу-
вања (загрозувањата не бираат облик, место и време) што бара од безбедносниот сис-
тем соодветно реагирање во услови на изненадување;
• тешко предвидување и функционирање во различни услови за остварување на
функцијата што од системот бара секојдневна подготовка за ефикасно остварување на
функцијата и во најтешки услови;
• нагласена различност, односно неповторување на задачите, што бара честа проме-
на на организациските елементи на системот и нивно прилагодување во зависност од
задачите;
• територијална сеопфатност и временски континуитет во остварување на функција-
та, што бара секојдневна подготовка за извршување на задачите на целата територија и
во секое време;
• потребен секојдневен аналитички пристап од претходните случувања, што би зна-
чело стекнување искуство и изградба на нови методи во работата и раководењето.

3. Раководење со полицијата во Република Македонија

Полицијата на Република Македонија претставува единствен хиерархиски систем со
повеќе функционални подсистеми кој треба да овозмози корелативно-функционално
дејствување и извршување на различни безбедносни задачи утврдени со закон.
Полицијата, самите безбедносни проблеми може успешно да ги решава само со пос-
тоење на добра, јасна и конзистентна организациска и функционална поставеност на
хиерархиските нивоа на раководење со полицијата. Исто така, хиерархиските нивоа и
односи на полицијата треба да се засноваат на соодветна законска и подзаконска регу-


 

латива (Законот за внатрешни работи, Законот за полиција, како и подзаконски акти),
како и на потребниот авторитет, професионалност, знаење, компетентност, стручност,
доследност, темелност итн., како основни елементи препознатливи за сите нивоа на ра-
ко водење. Ваквите претпоставки ќе овозможат да се обезбеди потребната флексибил-
ност и прилагодливост на полициската организација, а прецизните овластувања и одго-
ворности на полициските службеници во остварување на конкретните безбедносни за-
дачи.
Дејствувањето на полицијата воопшто и на сите потсистеми (организациони едини-
ци) треба да се одвива во согласност со определбата за гарантирање на правата и сло-
бодата на граѓаните и демократските вредности во државата, и уставниот поредок на
државата, како и врз начелата на одмереност, сразмерност, толереанција и слично. Ова
овозможува активностите да бидат насочени кон остварување на општата заедничка
цел.
За правилното разбирање на полициската организација потребно е да се знае нејзи-
ната структура и начинот на нејзиното функционирање и раководење преку нивното
дијалектичко единство. Притоа, самата структура и начинот на раководење ја опфаќа
вкупноста на елементите, односите и управувачките претпоставки што овозмозуваат бр-
зо, енергично, ефективно и ефикасно реагирање во секоја сложена безбедносна ситуа-
ција. Тоа најнапред подразбира систематичност и системско препознавање и идентифи-
кување на проблемот, до кое треба да се дојде преку соодветно изразување на концеп-
туално и концепциско пропишано функционирање на полицискиот систем изразено
преку одлучност, способност, храброст и одговорност, како и умешност, владеење со
вештини и знаење во справување со конкретна безбедносна ситуација. Основна прет-
поставка за тоа секако е постоење на аналитичко-синтетизиран научен и стручен прис-
тап со критичка опсервација на состојбата, односно целосен пристап кој овозмозува
согледување на состојбата, предвидувања и прогнози, планирање, подготовка за деј-
ствување (превенирање или преземање на репресивни мерки) итн.
Нивоата на раководење со полицијата во Република Македонија се базираат на хие-
рархиската поставеност на самата полициска организација и на субординацијата. Најви-
сокото ниво на раководење со Министерството за внатрешни работи на Република Ма-
кедонија му е доверено на министерот за внатрешни работи кој е политичка личност и
е член на Владата на Република Македонија. Веднаш по него хиерархиски се поставени
заменик на министерот за внатрешни работи и државниот секретар со нивните кабине-
ти. Како најважни органи во состав на Министерството за внатрешни работи се позици-
онирани и Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање.
На чело на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање
стојат директори со нивни заменици и помошници. Во согласност со актуелната органи-


 

зациската поставеност на Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна без-
бедност опфаќа повеќе сектори на чие чело стојат помошници на директорот кои се
стратегиски тела во донесувањето одлуки во Министерството за внатрешни работи. Во
рамките на Бирото за јавна безбедност се наоѓаат Централните полициски служби на
чело со началник, во чии рамки се систематизирани повеќе оддели и сектори на чело
со началници.
Во согласност со организациската поставеност на Министерството за внатрешни ра-
боти и како резултат на спроведените реформи, се систематизирани осум сектори за
внатрешни работи кои ги предводат началници, во чии рамки егзистираат полициски
станици со кои раководат командири и надворешни канцеларии за криминалистички
работи со кои раководат главни инспектори – раководители. Во рамките на Министерс-
твото егзистираат и четири Регионални центри за гранични работи и тоа: Регионален
центар за гранични работи – Север, Регионален центар за гранични работи – Исток, Ре-
гионален Центар за гранични работи – Југ и Регионален центар за гранични работи –
Запад. Сите овие сектори и регионални центри за својата работа одговараат пред Ди-
ректорот на Бирото за јавна безбедност.
Поделбата на нивоата на раководење на полицијата во Република Македонија е на-
правена според основната теорија на системот врз основа на кои се формираат три ни-
воа (елементи) на раководење и тоа: стратегиско, координативно-тактичко ниво и опе-
ративно ниво.
Стратегиското ниво се однесува на главното или на генералното ниво на раководе-
ње преку кое треба да се поставуваат и извршуваат стратегиските задачи и да се повр-
зат со средината. Координативно-тактичкото ниво се однесува на средното ниво на ра-
ководење кое е блиску до нивото на раководење на оперативното ниво. Оперативното
ниво на раководење е она ниво каде се спроведуваат и се извршуваат поставените за-
дачи. Тоа се однесува на блиската соработка помеѓу надредениот и извршителот, а тоа
значи дека оперативното ниво непосредно е во комуникација со извршителите заради
сериозноста и специфичноста на проблемите кои треба да се решаваат. Во Министерс-
твото за внатрешни работи на стратегиско ниво раководат министерот, неговиот заме-
ник, директорите со своите заменици и помошници. На средно координативно-тактичко
ниво раководи началникот на Централните полициски служби со своите најблиски сора-
ботници (началниците на специјализираните единици во рамките на централните поли-
циски сили, како и началниците на Секторите за внатрешни работи на Републиката. На
оперативно ниво раководат командирите на полициски станици, раководителите на
криминалистичката полиција на СВР низ Републиката, како и раководителите во одде-
лот за посебни единици (како на пример, специјалната едница, единицата за брзо рас-


 

поредување, хеликоптерската единица, единицата за службени кучиња, автопатна-сооб-
раќајна единица и други кои се во состав на Централните полициски сили).

Заклучок

Раководењето со полицијата во себе вклучува користење на моќта која ја има сами-
от носител на функција, односно на неговите позиции во зависност од хиеархиското ни-
во и е израз на самата потреба одредени специјализирани улоги да бидат координира-
ни, насочувани и организирани. Хиерархиските нивоа укажуваат на фактот дека поли-
цискиот систем се врзува со постоење на одделен условно „административен штаб” што
се грижи за извршување на одредени специјализирани задачи. Секој носител на рако-
водна функција е насочен кон задачите и кон оние организациони единици што се за-
должени да ги извршуваат задачите. Строгата определена меѓузависност која се јавува
меѓу тие сто ги даваат задачите и тие што се задолжени да ги остваруваат истите, доз-
волува претпоставениот во секое ниво на хиерархијата да биде во можност да му каже
на потчинетиот како да ги реализира задачите и како да се однесува во одредени кон-
кретни ситуации.
Во ситуации во кои е потребна поголема специјализација потребно е да се има пого-
лемо познавање на специфичностите на одредени задачи од страна на извршителите.
Пристапот кон зголемена професионализација можат да го наметнат раководните
структури преку својот авторитет. Во голем број ситуации авторитетот на раководната
структура е еквивалент на авторитетот кој се манифестира во рамките на самата поли-
циска организација. Авторитетот и сите негови аспекти се израз и потреба на раководе-
њето кое всушност не е ништо друго туку состојба на наметнување на одредена волја
врз друга волја.

Литература:

Bakreski O., Kontrola na bezbednosniot sektor, Filozofski fakultet, Skopje, 2008
Barnard I., The Funcion of the Executive, Harvard University, 1938
Simon, Smithburg, Thompson, Modern Organization Theories, Advanced Management, New York,
1950
Galbraith J.K., The Anatomy of Pawer, Houghton Mifflin Company Boston, 1983
Gocevski T., Obrazoven menadzment, Makedonska riznica, Kumanovo, 2003
Daft R.L., Management, The Dryden Press, Chicago, 1988


 

Donald M.N., Some Concomintene of Verring Paterns of Comunication in the Large Organization,
Univrsity of Michigan, 1959
Dragišić Z., Bezbednosni menadžment, Službeni glasnik i Univerzitet u Beogradu-Fakultet
bezbednosti, Beograd, 2007
Etzioni A., Modern Organisation, Prentice Hall, New Jersey, 1964
Milosavljević B., „Nauka o policiji”, Beograd, Prosveta, 1985
Newman W.H., Administrative Action. The Techniques of Organization and Management,
Prentice-Hall.Inc, New York, 1971
O Lango, Wholo and Part – A General Theory of System Bahaviour – Oxford- Warsasawa 1965
Stojanovski T., Policijata vo demokratskoto opstestvo, 2 avgust S-Stip i Astor DOO-Skopje, 1997
Sourcebook on Security Sector Reform, Fluri P., Hadžić M. (eds.) Geneva Centre for the
Democratic Control of Armed Forces/Centre for Civil-Military Relations, Belgrade,
Geneva/Belgrade, 2004
Security Sector Reform: The Challenges and Opportunities of the Privatisation of Security,
Damian, Lilly D. and Page T., (eds), International Alert, London, 2002
Stevanovic O., Rukovodjenje i komandovanje, Policijska akademija, Beograd, 1999
Strategija za reformi vo policijata, dekemvri, 2004.
Cokrevski T., Organizaciono opstestvo, Studentski zbor, Skopje, 1995
Harrison F., The Managerial Decision-Making Process, Houghton Mifflin, Boston, 2003
Ludwig Von Bertalanffy: General Sistem Theory, Georg Braziller, New Yourk, 1968
Reform and Reconstruction of the Security Sector, Bruden A. and Heiner Hänggi (eds.), Lit Verlag
Műnster, 2004
Zakon za vnatresni raboti (Sluzben vesnik na RM, br.92/09)
Zakon za policija (Sluzben vesnik na RM, br.114/06)