Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ПОСТМОДЕРЕН СЕНДВИЧ: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА МЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА НА ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

1. Хобсовиот диктум, суверенитетот и посткомунистичките дилеми

Тектонските промени до кои дојде по распадот на реал-социјализмот/комунизмот
уште еднаш ја покажаа полната смисла на познатиот Хобсов диктум дека темелна, па
оттука и легитимирачка задача на државата е безбедноста на нејзините поданици/ гра-
ѓани.1 Последниве дваесетина години, независно од постојаните тврдења дека настанал
епохален новум, повеќе политичко-безбедносни феномени, навидум неповрзани, одбе-
лежија еден период во кој во голема мерка, всушност, се актуелизираа старите обрасци.
Етно-националистичкиот исход на посткомунистичката фаза во нејзините ориги-
нални локации предупреди на изменетиот глобален безбедносен контекст (од отворени
војни, преку тероризам, до растечка фундаментална социјална небезбедност). Основно-
то идеолошко и појавно оправдување на процесот на посткомунистичка транзиција,
имено, се наоѓа во двострана промена на превладувачката интерпретација на нацио-
налниот суверенитет чија реализација битно влијаеше на изменетата безбедносна ситу-
ација во светот.
Од една страна, станува збор за свртување кон народниот суверенитет во класич-
ното значење на оваа парадигма, т.е. за воведување на демократски (по пат на слобод-
ни избори) легитимирана власт (со сите опасности кои произлегуваат од пренесувањето
на демократските форми во општества без елементарна демократска култура). Од друга
страна, пак, доаѓа до ренесанса на традиционалистичките концепти на државниот су-
веренитет, кој се оличува не само во настанокот на низа нови национални држави (кои
себеси не се признаваат како нови), туку и во етнизирана интерпретација на национал-
ниот суверенитет, и тоа во речиси сите посткомунистички држави. Притоа, државната
__________________________________
1 Направи споредба со валидната интерпретација на познатите места од Левијатан (prvenstveno, I, XIII) vo
S. S. Wolin, Politics an Vision, Princeton U. P., Princeton a. Oxford 2004, chapter „The Sovereign Definer“,
pp. 238-243



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems