Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ПОСТМОДЕРЕН СЕНДВИЧ: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА МЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА НА ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

систи (и мнозинството леви, па и десни анти-глобалисти) да разберат во која мерка гло-
бализацијата е, всушност, политичко случување. Во таа мерка дури и самиот термин
идеологиски крие нешто што би требало да се именува со вистинското име, а тоа е аме-
риканизација. Глобализацијата не е ништо друго, туку идеологизирана американизација.
Тоа е онаа состојба на запоставување на националната литература за сметка на светс-
ката, во која сите треба да зборуваат англиски, и ништо што не може да се преведе на
англиски не може да биде релевантно (за другите уметнички и комуникациски форми
тоа важи уште појасно).
Но, наспроти тврдењата на критичарите, глобализацијата, се чини дека не само што
ја нема премногу, туку ја има премалку. Политичката глобализација е веројатно единс-
твениот одговор на современата национално-државна инсуфициенција (но и супрема-
ција). Впрочем, нејасно е како би можело да се излезе на крај и со теророрискичката
закана, ако се знае дека таа располага со несомнена способност за користење на една
верзија на глобална солидарност со која ги надминува дострелите на националните
апарати на сила. Во секојдневието, полициите на бројни држави веќе меѓусебно сорабо-
туваат, и тоа подобро од она што им го овозможуваат важечките државно-правни сис-
теми. Освен тоа, новинарските површни, но и сериозните анализи го објаснуваат дејс-
твувањето на САД по Студената војна врз основа на сѐ популарната синтагма за „светс-
киот полицаец“.
Оттука, ако веќе постои своевидна светска полиција, светски суд сѐ уште не постои,
а за парламент и влада и да не говориме. Значи ли тоа дека светот, по двесте години, е
доведен во состојба карактеристична за некогашните гратчиња на дивиот запад, во кои
има само шериф, но не и судија или законодавец? Се чини дека, и покрај сите концеп-
циски разлики, јавното добро на светот, како глобално јавно добро, навистина ја намет-
нува потребата барем за промислување на можноста за воспоставување на глобална
политичка заедница. И поради глобалноста на човековите права, и поради глобалната
безбедност.


(превод од хрватски, Билјана Ванковска)

Референци


Baldwin, D. A., „The Concept of Security”, Review of International Studies (1997), 23
Hardt M. and Negri A., Empire, Harvard U. P., Cambridge, London 2000
Hashmi, S. B. (ed.), Islamic Political Ethics. Civil Society, Pluralism, and Conflict, Princeton U. P.,
Princeton a. Oxford, 2002.
81
Herrera, H. E.: Carl Schmitt als politischer Philosoph. Versuch einer Bestimmung seiner Stellung
bezüglich der Tradition der praktischen Philosophie. Duncker & Humblot, Berlin 2010.
Human Rights and Terrorism, Netherlands Helsinki Committee, The Hague 2004
Inglehart R. and Norris P., Sacred and Secular: Religion and Politics Worldwide, Cambridge U.P.,
Cambridge 2004
North D. C., Wallis J. J. and B. R. Weingast, Violence and Social Orders. A Conceptual Framework
for Interpreting Recorded Human History, Cambridge U. P., Cambridge a. New York, 2009.
Österreichisches Studienzentrum für Frieden u Konfliktlösung (Hg.), Die Weltordnung von
Ökonomie und Krieg. Von der gesellschaftlichen Verwefungen der neoliberalen Globalisierung
zu den weltumspannenden politischen Ansätzen jenseits des Casinokapitalismus, Lit Verlag,
Wien, 2006.
Phillips A., Terrors and Experts, Harvard U. P., Harvard, 1995
Stout J., Democracy nad Tradition, Princeton U.P., Princeton a. Oxford, 2004.
Wolin S. S., Politics an Vision, Princeton U. P., Princeton a. Oxford 2004
Puhovski Ž., “Frieden oder Gerechtigkeit?, G. Mader, W.-D. Eberwein, W.R. Vogt (Hg.), Frieden
durch Zivilisierung? Probleme - Ansätze - Perspektiven, Agenda, Münster 1996.
Puhovski Ž., “Yugoslav Origins of the Post-Yugoslav Situation and the Bleak Perspectives for
Civil Society”,P. Akhavan, R. Howse (eds.), Yugoslavia, the Former and Future. Reflections by
Scholars from the Region, Brooking Institution/Washington, UN Research Institute for Social
Development/Geneva 1995.
Puhovski Ž., “Proceduralna ili atomarna suverenost?”, “Politička misao”, Zagreb, 4/1993.
Puhovski Ž., “The moral basis of political restructuring”, Political Restructuring in Europe.
Ethical perspectives, (ed. Ch. Brown), Routledge, London a. New York 1994.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems