Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ПОСТМОДЕРЕН СЕНДВИЧ: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА МЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА НА ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

независност е толкувана идолошки, а барем во еден период и прифатена, и како несом-
нена гаранција за индивидуалните слободи (во принцип, за припадниците на мнозин-
ските етнички групи).2 Како што обично и се случува, историјата на воспоставувањето и
јакнењето на државниот суверенитет истовремено е и историја на неговото непреки-
нато доведување во прашање. Изворно, сувереноста била оспорувана во контекст на
револуционерните преврати против неиздржливоста на монархот/суверенот, но исходот
се јавува во вид на јакнење на ново легитимирана (,,национална“) сувереност. Сувере-
носта е, секако под знак прашање и во демократскиот (особено во подоцнежниот, ли-
берално-демократски) премин кон нововековна политика, но и овој пресврт, барем од
позициите на меѓународното право, ќе означи ,,само“ значајна, но сепак внатрешна про-
мена во легитимирањето на поредокот, оставајќи ги односите меѓу државите начелно
непроменети.
Социјалистичката програма, оставајќи ја одлучно на страна либералната традиција,
со сите сили беше свртена кон подготвувањето на конечното уривање на ,,чисто-фор-
малната граѓанска сувереност“, развивајќи, меѓутоа, и самата нови појавни форми на
ригидно поимање на суверенитетот, како кон внатре, така и спрема надвор. Во децени-
ите на Студеновоениот период, успешно беше експлоатирана формулата за ,,немешање
во внатрешните работи на суверените држави“ и тоа како сопствена основа за ограду-
вање наспроти светот, што всушност ја гарантираше предмодерната внатрешна извес-
ност (=непроменливост) на односите на моќ, со што во голема мерка беше затворен
кругот на содржински определби на суверенитетот.
Накратко, кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на 20.
век, милиони луѓе – доброволно напуштајќи го стариот режим - наивно (и радосно) ве-
руваа во можноста од редефинирање на Хобсовата формула: дека ќе се реализира
(,,револуционерна“) транзиција која би претпоставувала напуштање на (социјалната)
безбедност (која во стариот поредок беше загарантирана на елементарно ниво) за да се
постигне (политичка) слобода.3 Овој обид, во основа, не успеа, што може лесно да се до-
каже и на емпириско ниво: во речиси сите посткомунистички средини на првите плура-
листички избори победија антикомунистите (со различни деноминации), но во речиси
сите земји од оваа група на наредните избори, новонастанатите социјалдемократи и
сл.). Експериментот со слобода за мнозинството не им се допадна: наместо да станат
милионери на слободниот пазар, милиони мораа да научат како се живее во услови на
невработеност. Оттука, не е ни чудно што, изгорени со ваквото искуство, голем број из-
_________________________
2 спореди, Ž. Puhovski, "Proceduralna ili atomarna suverenost?", "Politička misao", Zagreb, 4/1993.
3 Ž. Puhovski, "The moral basis of political restructuring”, Political Restructuring in Europe. Ethical
perspectives, (ed. Ch. Brown), Routledge, London a. New York 1994.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems