Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ПОСТМОДЕРЕН СЕНДВИЧ: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА МЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА НА ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

бирачи се свртеа (и тоа во услови на повеќепартиски плурализам!) кон политичките оп-
ции кои им изгледаа поблиску до (неслободната) безбедност од блиското минато.
Престанокот на Студеновоената динамика доведе до ново контекстуализирање на
нарушувањата на безбедноста. Но, нивното легитимирање, меѓу другото, беше изведено
на суштински предмодерен начин, со истовремено рехабилитирање на религиските
творби. Еден од транзициските фактори, кој очекуваше премногу од новата ера, во зна-
чителен дел од пост-комунистичка Европа беше токму Католичката црква (mutatis mutandis,
во други делови на Европа слична беше состојбата со Православната црква). Таа,
на различни организациски нивоа, вклучувајќи ги и некои од највисоките, беше уверена
дека со посткомунистичката транзиција допрва доаѓа времето во кое нејзиниот морален
авторитет ќе добие многу, односно дека ќе добие неприкосновено признание и непос-
редна ефикасност. Но, самата не успеа да ја согледа битната внатрешна апорија на пре-
овладувачките програмски формулации, кои експлицитно се залагаа за либерално де-
мократско општество во кое, такво нешто, како што е неоспорен авторитет, е едностав-
но системски неможно.4
И покрај искуствата од претходните децении, црквите, имено, не сфатија дека нив-
ниот неспорен морален авторитет функционираше само наспроти неспорниот политич-
киот авторитет на тоталитарната власт, кој се подразбираше сам по себе. Тоа беше слу-
чај дури и кај онаа ,,мека” тоталитарна власт, каква што беше онаа во последните годи-
ни на комунизмот. Поентата е во тоа дека во либерално-демократскиот контекст посто-
јат само два вида легитимно јавно истапување. Едниот е оној кој е втемелен на интере-
сот. Секој што може да застапува разумен (и секако, незабранет) интерес, претставува
легитимен учесник во јавната расправа. Безбедносниот модел, пак, е ориентиран кон
заштита на така структурираните и признаени интереси. Другиот е оној кој не се базира
на интересот како социјален легитимитет, туку се легитимира себеси аргументациски.
Тоа значи дека се работи за (главно јавен) притисок врз оној кој не застапува интере-
совни позиции (па така располага со одреден аргументациски ,,попуст” во јавната рас-
права), да се обиде да биде колку што е тоа можно интелектуално и морално аргумен-
тациски консеквентен. Гледано низ безбедносна смисла, овде станува збор првенствено
за слободата на јавното изразување како носечка вредност.
Пренесено на конкретната епоха, тоа значи дека црквите најчесто не можат да нас-
тапуваат како обични синдикати на верници, туку како само институционализиран но-
сител на морален авторитет во расправата. Тоа, пак, значи дека тој авторитет веќе не
може да биде зададен по силата на саморазбирањето на верниците, туку постои тогаш
________________________
4 Спореди, начелно во R. Inglehart, P. Norris, Sacred and Secular: Religion and Politics Worldwide,
Cambridge U.P., Cambridge 2004.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems