Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ПОСТМОДЕРЕН СЕНДВИЧ: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА МЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА НА ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

и само ако е аргументициски потврден во јавната расправа, која е заштитена со правно
загарантираните комуникациски слободи. Оттука, таквиот ,,авторитет“ мора секогаш да
биде во можност да се реафирмира во актуелните констелации на расправата, односно,
со други зборови кажано, мора одново и одново да се обновува во јавноста и од неа.
Внатрешното устројство на носечките монотеистички религии, како што е познато, не го
поддржува ваквото постапување, бидејќи почива на неспорни и трајни догми.5 Тоа, очи-
гледно, е нешто што црквата во посткомунистичките средини (неретко и макотрпно) мо-
ра да го учи: да ѝ се поставуваат прашања на кои таа ќе одговара со аргументи, и да
биде одговорна не само во морална, туку и во комуникациска смисла. Да се биде кому-
никациски одговорен значи да се биде подготвен да се даваат одговори на сите релева-
нтни прашања кои се однесуваат на црквата како институција меѓу институциите (како
што тоа, од позиција на неверниците, би го формулирал Маритен). Нешто слично важи
и за зајакнатата позиција на исламот, особено во Западна Европа. Притоа, црквата мора
да може да се носи со предизвикот нејзиниот јавен ангажман да се мери редукциски и
со мерката на нејзините огромни материјални добивки во последно време, што значи
дека од тие позиции не се толкува и нејзиното определување по клучните социјални
проблеми, но и моралните прашања поврзани со животот и смртта. А такви прашања се
поставуваат во секоја заедница (од проблематизирањето на износот на финансиски
средства кои од јавните фондови се издвојуваат за јавното здравство, па до класичните
дилеми поврзани со абортусот и евтаназијата). Но, од морално-филозофска позиција,
епохата на една заедница е вистински морално обележана претежно со (военото или
терористичкото) масовното убивање, заради сета негова екстермност. За прашањата
поврзани со масовните убивања, посткомунистичките цркви (и на т.н. Исток и на т.н. За-
пад) од одредени причини немаа многу што да кажат, а посебно не покажаа храброст за
јавно протестирање кога стануваше збор за ,,нашите“ масовни убиства на цивили, т.е. за
воените или терористички акти сторени со експлицитно повикување на некоја од ета-
блираните верски заедници (од талибанците, па до оправдувањата на Буш).

3. Интелектуално соочување: тероризмот и концептот на насилство

Современиот тероризам е можно да се разбере дури во новата светлина. Тој, во мно-
гу нешто, претставува нов феномен, првенствено затоа што тој системски се оправдува
со една стратегија, која само навидум парадоксално, би можела да се нарече милитари-
зација на цивилното општество. Обидот тероризмот сериозно да се промисли како фе-
номен за кој последниве години (повторно) толку се расправа, претпоставува најнапред
_____________________________
5 Спореди, J. Stout, Democracy nad Tradition, Princeton U.P., Princeton a. Oxford, 2004., посебно стр. 147/8.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems