Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ПОСТМОДЕРЕН СЕНДВИЧ: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА МЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА НА ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

негово интелектуално соочување со концептот на насилството.6 Ваквата намера е одна-
пред сама по себе контрадикторна. Имено, додека насилството во суштина ја актуели-
зира свеста на поединецот за сопствената биолошка ограниченост, со посредство на
стравот од болка (или закани за нејзино предизвикување), од размислувањето се очеку-
ва објективност, односно токму она што теророт предизвикан со насилство однапред
настојува да го спречи. Но проблемски гледано, комплексот е далеку посложен: теророт
не е просто насилство (ниту пак секое насилство делува терористички); теророт е сим-
болички ориентирано насилство, па како такво, значи, тоа претставува употреба на на-
силство кое го „надминува“ непосредниот објект на насилниот акт. Жртвата на теророт
најчесто не е и жртва на непосредно насилство, туку насилство над (случајно, или зара-
ди симболични причини намерно) избрана жртва, која ја пренесува пораката на теро-
ристите до непосредните или медиумски посредуваните сведоци. Ним, пак, им преоста-
нува само да ги (ре)организираат своите животни стратегии, за и ним да не им се случи
нешто слично.
Антрополошката основа на целиот овој склоп лежи во едноставниот, и за чудо пре-
често превидениот факт дека насилството е првенствено комуникациски медиум. На-
вистина, со опсегот со кој располага тоа претставува најширок замислив модус на кому-
ницирање. Пораката која ја пренесува насилството „ја разбираа“ (или дури и навистина
разбираат) и странците кои не го говорат локалниот јазик и не ги познаваат обичаите,
глувите и слепите, идиотите и мали деца, животните, па дури можеби и растенијата. За
среќа, споменатиот комуникациски медиум е подобен само за рудиментарни комуника-
циски содржини, но неретко тој е употреблив за нагласување на одредени (разбирливо,
содржински попримитивни) содржини, кои понатаму се пренесуваат со посредство на
другите медиуми.
За расправата се значајни три нивоа на проблемот. Првото се однесува на односот
на актуелното, односно физичкото насилство со симболичкото. Наједноставно кажано,
класичниот проблем на секоја филозофија на практичниот живот се базира на следно-
то: постојат ли зборови (или гестови) кои (симболички, секако) повредуваат во степен
кој оправдува физички одговор на истите? Ваквиот процес, на општо општествено ниво
има двојно значење. Пред да дојде до војна, говорот на омраза има подготвителна
улога; во периодот по војната, симболичкото насилство ја врши функцијата на дееска-
лација. Или, како што тврди Фројд, првиот човек кој го опцул другиот наместо да му
фрли камен в глава, го означил почетокот на цивилизацијата. Значи, во процесот на де-
________________________________
6 Види го инспиративното резиме во D. C. North, J. J. Wallis, B. R. Weingast, Violence and Social Orders.
A Conceptual Framework for Interpreting Recorded Human History, Cambridge U. P., Cambridge a.
New York, 2009.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems