Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ПОСТМОДЕРЕН СЕНДВИЧ: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА МЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА НА ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

ескалација треба да се биде особено внимателен со забраната на вербалното насилс-
тво, бидејќи тоа е потребно за да работите евентуално (секако, постапно) се нормализи-
раат.
Нормализацијата, пак, ја означува (втората) фазата на јасно поставени општествени
односи, прифатени правила на однесување, односно култура. Но, токму таа е и опреде-
лениот простор за симболичкото насилство, каде што на оние кои не ѝ припаѓаат на таа
култура (од повторувачите, преку фудбалски „навивачи“, до припадниците на исклуче-
ните културни модели) понекогаш се реагира со непосредно насилство.7 Притоа, насил-
ниците се уверени дека се бранат од општествената (образовна и друга) привилегира-
ност, надмоќ, или во крајна инстанца: се бранат од наметнување за нив неприфатливи
правила. Оттука следи и нужноста од избегнување на популарниот (неретко дури и до-
бронамерниот) појмовен галиматијас, кој го осудува „насилството како такво“, притоа
промашувајќи ги реалните различни нивоа на проблемот.
Насилството е, сепак, социјално (па и антрополошки) зададено, па затоа, ако се про-
мисли сериозно, станува збор за негово можно рационално (т.е. постепено) редуцирање.
Тоа значи: а) редуцирање на бројот на убиствата; б) редуцирање на тешките физички
повреди, силувања и сл.; в) редуцирање на сите физички повреди; г) редуцирање на
симболичкото насилство. Меѓутоа, ако станува збор за општествената реалност, тогаш е
битна стратегијата за редуцирање на политичката употреба на насилството, а тоа значи:
демилитаризација и разоружување (така, од позициите на Хрватска, испраќањето војни-
ци во Авганистан долгорочно гледано е поопасно од сите нереди на стадионите и слич-
ни настани).
Според тоа, многу е важно теориски да се разгледа односот меѓу симболичката и ак-
туелната употреба на насилство, односно моралната оправданост на насилството. Тоа
пак значи, осветлување на фактот дека строгите, силни, апсолутистички морални ставо-
ви, во основа, водат кон насилство (бидејќи со презир одбиваат секаков компромис, би-
дејќи некои егзистенциски модели ги сметаат за едноставно неоправдани и редунантни,
а со тоа погодни за отстранување, на пример, со практикување тероризам).
Теророт (како организирано државно дејствување) и тероризмот (како користење
методи на терор одоздола, во организација на мали или општествено нелегитимирани
групи) на овој антрополошки извор се поклопуваат во специфичниот политички кон-
текст. Како што е веќе кажано, насилството се користи за индиректно комуницирање,
поточно за провоцирање на оние кои се на другата страна. Предизвикувајќи страв, како
што оригиналниот термин, уште од француската револуција, тоа јасно го означува, те-
ророт главно тежнее кон запирање на можните општествени и/или политички промени,
_______________________________________
7 A. Phillips, Terrors and Experts, Hravard U. P., Harvard, 1995.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems