Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ПОСТМОДЕРЕН СЕНДВИЧ: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА МЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА НА ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

а тероризмот, пак, обратно, настојува да ги промовира. Независно од најчесто неспо-
редливите односи на моќ (па и квалитет и квантитет на средства за насилно делување),
методички гледано, обрасците се, во најмала рака, споредливи. Преку напади на објек-
ти кои ќе предизвикаат внимание, како и со посредство на медиумите и стравот, се соз-
дава перцепција за моќта на оние кои го користат теророт. Но, истовремено, или дури и
првенствено се настојува да се провоцира другата страна на дејствување (или недејс-
твување), кое им одговара на авторите на терористичките планови. Така, на пример, др-
жавниот апарат ќе настојува да ги парализира поданиците (таквата држава, логички, и
нема државјани/граѓани), или барем најголемиот дел од нив, со намера да се спречи
менување на системските политички околности.
Тероризмот, наспроти тоа, ќе настојува да ја нападне државата (или симболички од-
браните цели кои ги персонализирааат за нив сосема неприфатливите вредности). Ток-
му поради ваквата структура на терористичко дејствување, тоа успева. Затоа, честите
фрази на политичарите кои тврдат дека тероризмот немa да мине, се сосема погрешни,
што со сигурност може да се констатира и однапред (бидејќи оваа теза е повеќепати
потврдена во минатото). Како што „големиот терор“ на Француската револуција свое-
времено целосно ја промени политичката и општествената слика на Франција за повеќе
децении, во шеесеттите и седумдесеттите години од дваесеттиот век (особено во Евро-
па) тероризмот радикално ги измени безбедносните услови на секојдневниот живот на
милиони луѓе, кои на пример, патуваат со авион. (За новите генерации е потребно да се
спомене дака некогаш со авион се патуваше на начин сличен со денешното патувањето
со автобус; имено се доаѓаше неколку минути пред полетување, се покажуваше билетот
и се тргнуваше на пат, но со тек на време мерките за безбедност се прошируваа се по-
радикално). Ниту поразот на Француската револуција, ниту исчезнувањето на терорис-
тите, не означија враќање на периодот кој им претходеше. Новите практики, првенстве-
но иако не исклучиво полициски, беа неповратно прифатени како составен дел на опш-
тествената нормалност.
Теророт претставува најрадикален облик на кршење на човековите права преземен
од страна на државниот апарат, додека тероризмот, по правило, предизвикува таква ре-
акција на власта која, исто така, ги ограничува не само реалните, туку и понекаде и
претходно загарантираните човекови права.8 Во двата случаи се тврди дека станува
збор за одбрана (во првиот случај од превратничи елементи, односно од преземање на
власта, во вториот). И во двата случаи се смета на провокацијата како на еден вид ин-
тимно комуницирање помеѓу непријателите, кои на друг начин воопшто не комуници-
раат. Властите постигнуваат состојба на неделотворност во општеството (што, впрочем,
__________________________________________
8 Human Rights and Terrorism, Netherlands Helsinki Committee, The Hague 2004



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems