Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ПОСТМОДЕРЕН СЕНДВИЧ: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА МЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА НА ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

сосема им одговара за да можат да тврдат дека никој освен нив не може да ја заштити
жавата), терористите од друга страна, ја предизвикуваат власта да употреби сила (што
во принцип им одговара за да можат да тврдат дека постоечкиот режим никогаш не
бил демократски/слободарски, што ете и се покажало). Притоа, „самоисполнувачкото
пророштвото“ е битен модел на легитимирање на ваквото дејствување, особено во од-
нос на симпатизерите.
Како што тоа го покажаа случувањата кои започнаа на 11 септември 2001 година, со
тоа што удира по најчувствителните места, тероризмот постигнува таква состојба во јав-
носта, во која речиси моментално се напушта рационалноста (а правата и слободите,
еднаквоста и солидарноста се потпираат, пред сѐ, на рационални претпоставки). Дотол-
ку тој, уште еднаш, во потполност успеа. Најголемата светска сила – и традиционално
најстарата демократска држава – реагираше со терор на тероризмот, како на внатре-
шен план (најпрво со фактичко, а подоцна сѐ повеќе и со законско ограничување на не-
кои од основните права на своите граѓани, а особено на странците), така и на меѓунаро-
ден (тоа се случи со нападите во Авганистан и со убивањето голем број цивили, што
следуваше по еден старомоден ултиматум во многу нешто сличен на ултиматумот кој
Австро-Унгарија му го упати на Кралството Србија во 1914 година).
Имајќи во вид дека во современиот свет, отворениот терор како појава, во повеќето
држави е веќе напуштен (па и забранет), она што најчесто предизвикува терористичко
дејствување не е веќе толку отворено, како што е тоа случај со структурното насилство.
Теророт на општественото секојдневие со огромниот број одомаќинети неправди кон
поединците, а во одредени случаи и кон цели групи (од социјална беда до отворено ус-
кратени права) секогаш ќе предизвикува одново и одново незадоволство на различни
нивоа. Во ситуации во кои свеста за непостоење перспектива за некаква промена пре-
дизвикува социјален очај, отвореното насилство против структурно насилство на „режи-
мот“, „системот“, „естаблишментот“ и сл., ќе се појави барем како можност, особено ме-
ѓу оние кои во таквото општество прилично страдаат. Тоа може да биде, на пример,
концептот на contrapotere во верзија на италијанската радикална левица од крајот на
шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години од минатиот век.
Но, објективните социјални услови не се никогаш доволни сами по себе за да дојде
до размав на тероризмот; улогата на оние, кои марксистичката идеологија ги нарекува
субјективни фактори, во секој конкретен случај се покажа решавачки. Точно е дека ле-
вичарскиот тероризам ги повикува сиромашните и експлоатираните, но неговите (осо-
бено водечките) активисти неретко потекнуваат од привилегираните средини, што е
слично и со случајот на Бин Ладен. Салонските револуционери (во терминологија на Ко-
минтерната) неретко кокетираат со тероризмот. Во оптимистичката варијанта на фило-
зофијата на историјата (од анархистите, па натаму) терористичките акции се сметаат ка-



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems