Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ПОСТМОДЕРЕН СЕНДВИЧ: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА МЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА НА ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

ко своевиден фитил, кој по догорувањето ќе предизвика револуционерна експлозија. Во
онаа историско-песимистичка интерпретација на современоста која се разви во шеесет-
тите години, повеќе не се ни размислува на фитилот, бидејќи пропаста на идејата за
светска револуција беше конечно препознаена како епохално релевантен факт. Во тој
период тероризмот почнува да се зема како замена за револуцијата, која тогаш беше
префрлена во (во голем степен и натаму мотивирачка) фикција. Притоа, на терористи-
те, како и секогаш, им претходат идеологизирани интерпретации на теории во чие име
тие дејствуваат.9 Кога теоријата за револуција се зема како темел за радикално делува-
ње, иако се знае дека револуцијата не е можна, или кога Куранот се идеологизира, со
што терористичките акции се интерпретираат како света, односно оправдана војна, се
случува истото - односно, на терористите им претходат теористи, толкувачи на расчере-
чени теории приспособени за терористички прирачници, но и активисти разочарани од
неуспехот на цивилното дејствување.
Притоа, и во сегашноста се повторува образецот, кој беше карактеристичен за гер-
манските случувања по 1968 година, односно за периодот во кој настанува и функцио-
нира германската Фракција на црвената армија. Радикалната левица тогаш, веројатно
не и за последен пат, се обиде да ги прескокне историските епохи. Паднаа многу жртви,
но директните намери на рафовците доживеаја потполн неуспех. На малку парадокса-
лен начин, државата - речиси во склад со левичарската дијагноза/прогноза условена од
нивниот поглед на свет - во својот удар врз терористите и симпатизерите (па и на „сим-
патизерите“) покажа дека барем на ова подрачје важи максимата за супериорноста на
општественото организирано делување врз она кое е приватно воспоставено. Сепак,
Германија и Европа од тогаш се променија многу; по престанокот на „вооружената бор-
ба“ активистите на РАФ искусија необични, па и неверојатни процеси кои, иако само де-
лумно, се и последици на нивните делувања, односно слабеење на радикалната левица
со истовремено јакнење на прифатливоста на државната интервенција. И уште еднаш -
на трагичен начин, со бројни акти на насилство – емпириски е докажана темелната
Хобсова теза за безбедноста, а не за слободата, како предуслов за секоја легитимација
на секоја држава.
Парадоксот на епохата е очигледен: пропаста на реал-социјалистичкиот/комунис-
тички поредок е интерпретирана како победа на духот на слободата. Но, тој дух рела-
тивно брзо се преточи во материјал на безбедносната политика, која неретко се храни
со параноични конструкции, формулаторно слични на практиката на стариот поредок (а
бројот и силата на непријателот не се ни приближни на она што во студеновоената си-
______________________________
9 S. B. Hashmi (ed.), Islamic Political Ethics. Civil Society, Pluralism, and Conflict, Princeton U. P., Princeton
a. Oxford, 2002.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems