ПОСТМОДЕРЕН СЕНДВИЧ: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА МЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БЕЗБЕДНОСНАТА ПОЛИТИКА НА ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ МИЛЕНИУМ

Print

Жарко ПУХОВСКИ
341.231.14„1“

 

АПСТРАКТ
Текстот претставува филозофско-политичка расправа за дилемата во
кој степен е навистина редефиниран концептот на суверенитетот, и дали е
воспоставен нов постмодерен баланс меѓу безбедноста и слободата. Хоб-
совиот диктум според кој фундаментална задача на државата е гарантира-
њето на безбедноста на граѓаните е фокусот низ кој се анализираат пра-
шањата за државниот терор и тероризмот, односно употребата на насилст-
во за одржување или соборување на режимот. Зад тврдењата за наводни
епохални новини, авторот открива дека многу малку е променето во однос
на одржувањето на односите на моќ, како и во однос на балансирањето
меѓу безбедноста и слободата. Човековите права се најчесто жртвувани за
постигнување некоја (наводно) повисока цел. Во услови на глобална војна
против тероризмот, зафатот на државата во сферата на човековите права
станува сѐ поевидентен, а употребата на сила добива нова легитимација.
Во овој контекст посебен акцент е ставен на улогата на религијата и меди-
умите.
Клучни зборови: човекови права, суверенитет, тероризам, терор, на-
силство
ABSTRACT
The paper represents a philosophical and political debate over the dilemma
to what degree have been truly redefined the old concept of sovereignty,
and if there is a newly-established postmodern balance between security and
liberty. The Hobbesian dictum that the state’s fundamental task is providing
security for its citizens is the focal point through which the author analyses
the issues related to state terror and terrorism, as well as the use of violence
for regime’s protection or change. Behind the arguments about the alleged
epochal novelties, the author discovers few changes when it comes to preser
vation of power relations and balancing between security and freedom. Human
rights are most often sacrified for the sake of another (allegedly higher)
good. Under the circumstances of the global war on terrorism, state’s penetration
and reduction of human rights become more evident, while the use of
force gets new form of legitimation. In this context special emphasis is put on
the role of religion and media.

Key words: human rights, sovereignty, terrorism, terror, violence


1. Хобсовиот диктум, суверенитетот и посткомунистичките дилеми

Тектонските промени до кои дојде по распадот на реал-социјализмот/комунизмот
уште еднаш ја покажаа полната смисла на познатиот Хобсов диктум дека темелна, па
оттука и легитимирачка задача на државата е безбедноста на нејзините поданици/ гра-
ѓани.1 Последниве дваесетина години, независно од постојаните тврдења дека настанал
епохален новум, повеќе политичко-безбедносни феномени, навидум неповрзани, одбе-
лежија еден период во кој во голема мерка, всушност, се актуелизираа старите обрасци.
Етно-националистичкиот исход на посткомунистичката фаза во нејзините ориги-
нални локации предупреди на изменетиот глобален безбедносен контекст (од отворени
војни, преку тероризам, до растечка фундаментална социјална небезбедност). Основно-
то идеолошко и појавно оправдување на процесот на посткомунистичка транзиција,
имено, се наоѓа во двострана промена на превладувачката интерпретација на нацио-
налниот суверенитет чија реализација битно влијаеше на изменетата безбедносна ситу-
ација во светот.
Од една страна, станува збор за свртување кон народниот суверенитет во класич-
ното значење на оваа парадигма, т.е. за воведување на демократски (по пат на слобод-
ни избори) легитимирана власт (со сите опасности кои произлегуваат од пренесувањето
на демократските форми во општества без елементарна демократска култура). Од друга
страна, пак, доаѓа до ренесанса на традиционалистичките концепти на државниот су-
веренитет, кој се оличува не само во настанокот на низа нови национални држави (кои
себеси не се признаваат како нови), туку и во етнизирана интерпретација на национал-
ниот суверенитет, и тоа во речиси сите посткомунистички држави. Притоа, државната
__________________________________
1 Направи споредба со валидната интерпретација на познатите места од Левијатан (prvenstveno, I, XIII) vo
S. S. Wolin, Politics an Vision, Princeton U. P., Princeton a. Oxford 2004, chapter „The Sovereign Definer“,
pp. 238-243


 

независност е толкувана идолошки, а барем во еден период и прифатена, и како несом-
нена гаранција за индивидуалните слободи (во принцип, за припадниците на мнозин-
ските етнички групи).2 Како што обично и се случува, историјата на воспоставувањето и
јакнењето на државниот суверенитет истовремено е и историја на неговото непреки-
нато доведување во прашање. Изворно, сувереноста била оспорувана во контекст на
револуционерните преврати против неиздржливоста на монархот/суверенот, но исходот
се јавува во вид на јакнење на ново легитимирана (,,национална“) сувереност. Сувере-
носта е, секако под знак прашање и во демократскиот (особено во подоцнежниот, ли-
берално-демократски) премин кон нововековна политика, но и овој пресврт, барем од
позициите на меѓународното право, ќе означи ,,само“ значајна, но сепак внатрешна про-
мена во легитимирањето на поредокот, оставајќи ги односите меѓу државите начелно
непроменети.
Социјалистичката програма, оставајќи ја одлучно на страна либералната традиција,
со сите сили беше свртена кон подготвувањето на конечното уривање на ,,чисто-фор-
малната граѓанска сувереност“, развивајќи, меѓутоа, и самата нови појавни форми на
ригидно поимање на суверенитетот, како кон внатре, така и спрема надвор. Во децени-
ите на Студеновоениот период, успешно беше експлоатирана формулата за ,,немешање
во внатрешните работи на суверените држави“ и тоа како сопствена основа за ограду-
вање наспроти светот, што всушност ја гарантираше предмодерната внатрешна извес-
ност (=непроменливост) на односите на моќ, со што во голема мерка беше затворен
кругот на содржински определби на суверенитетот.
Накратко, кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на 20.
век, милиони луѓе – доброволно напуштајќи го стариот режим - наивно (и радосно) ве-
руваа во можноста од редефинирање на Хобсовата формула: дека ќе се реализира
(,,револуционерна“) транзиција која би претпоставувала напуштање на (социјалната)
безбедност (која во стариот поредок беше загарантирана на елементарно ниво) за да се
постигне (политичка) слобода.3 Овој обид, во основа, не успеа, што може лесно да се до-
каже и на емпириско ниво: во речиси сите посткомунистички средини на првите плура-
листички избори победија антикомунистите (со различни деноминации), но во речиси
сите земји од оваа група на наредните избори, новонастанатите социјалдемократи и
сл.). Експериментот со слобода за мнозинството не им се допадна: наместо да станат
милионери на слободниот пазар, милиони мораа да научат како се живее во услови на
невработеност. Оттука, не е ни чудно што, изгорени со ваквото искуство, голем број из-
_________________________
2 спореди, Ž. Puhovski, "Proceduralna ili atomarna suverenost?", "Politička misao", Zagreb, 4/1993.
3 Ž. Puhovski, "The moral basis of political restructuring”, Political Restructuring in Europe. Ethical
perspectives, (ed. Ch. Brown), Routledge, London a. New York 1994.


 

бирачи се свртеа (и тоа во услови на повеќепартиски плурализам!) кон политичките оп-
ции кои им изгледаа поблиску до (неслободната) безбедност од блиското минато.
Престанокот на Студеновоената динамика доведе до ново контекстуализирање на
нарушувањата на безбедноста. Но, нивното легитимирање, меѓу другото, беше изведено
на суштински предмодерен начин, со истовремено рехабилитирање на религиските
творби. Еден од транзициските фактори, кој очекуваше премногу од новата ера, во зна-
чителен дел од пост-комунистичка Европа беше токму Католичката црква (mutatis mutandis,
во други делови на Европа слична беше состојбата со Православната црква). Таа,
на различни организациски нивоа, вклучувајќи ги и некои од највисоките, беше уверена
дека со посткомунистичката транзиција допрва доаѓа времето во кое нејзиниот морален
авторитет ќе добие многу, односно дека ќе добие неприкосновено признание и непос-
редна ефикасност. Но, самата не успеа да ја согледа битната внатрешна апорија на пре-
овладувачките програмски формулации, кои експлицитно се залагаа за либерално де-
мократско општество во кое, такво нешто, како што е неоспорен авторитет, е едностав-
но системски неможно.4
И покрај искуствата од претходните децении, црквите, имено, не сфатија дека нив-
ниот неспорен морален авторитет функционираше само наспроти неспорниот политич-
киот авторитет на тоталитарната власт, кој се подразбираше сам по себе. Тоа беше слу-
чај дури и кај онаа ,,мека” тоталитарна власт, каква што беше онаа во последните годи-
ни на комунизмот. Поентата е во тоа дека во либерално-демократскиот контекст посто-
јат само два вида легитимно јавно истапување. Едниот е оној кој е втемелен на интере-
сот. Секој што може да застапува разумен (и секако, незабранет) интерес, претставува
легитимен учесник во јавната расправа. Безбедносниот модел, пак, е ориентиран кон
заштита на така структурираните и признаени интереси. Другиот е оној кој не се базира
на интересот како социјален легитимитет, туку се легитимира себеси аргументациски.
Тоа значи дека се работи за (главно јавен) притисок врз оној кој не застапува интере-
совни позиции (па така располага со одреден аргументациски ,,попуст” во јавната рас-
права), да се обиде да биде колку што е тоа можно интелектуално и морално аргумен-
тациски консеквентен. Гледано низ безбедносна смисла, овде станува збор првенствено
за слободата на јавното изразување како носечка вредност.
Пренесено на конкретната епоха, тоа значи дека црквите најчесто не можат да нас-
тапуваат како обични синдикати на верници, туку како само институционализиран но-
сител на морален авторитет во расправата. Тоа, пак, значи дека тој авторитет веќе не
може да биде зададен по силата на саморазбирањето на верниците, туку постои тогаш
________________________
4 Спореди, начелно во R. Inglehart, P. Norris, Sacred and Secular: Religion and Politics Worldwide,
Cambridge U.P., Cambridge 2004.


 

и само ако е аргументициски потврден во јавната расправа, која е заштитена со правно
загарантираните комуникациски слободи. Оттука, таквиот ,,авторитет“ мора секогаш да
биде во можност да се реафирмира во актуелните констелации на расправата, односно,
со други зборови кажано, мора одново и одново да се обновува во јавноста и од неа.
Внатрешното устројство на носечките монотеистички религии, како што е познато, не го
поддржува ваквото постапување, бидејќи почива на неспорни и трајни догми.5 Тоа, очи-
гледно, е нешто што црквата во посткомунистичките средини (неретко и макотрпно) мо-
ра да го учи: да ѝ се поставуваат прашања на кои таа ќе одговара со аргументи, и да
биде одговорна не само во морална, туку и во комуникациска смисла. Да се биде кому-
никациски одговорен значи да се биде подготвен да се даваат одговори на сите релева-
нтни прашања кои се однесуваат на црквата како институција меѓу институциите (како
што тоа, од позиција на неверниците, би го формулирал Маритен). Нешто слично важи
и за зајакнатата позиција на исламот, особено во Западна Европа. Притоа, црквата мора
да може да се носи со предизвикот нејзиниот јавен ангажман да се мери редукциски и
со мерката на нејзините огромни материјални добивки во последно време, што значи
дека од тие позиции не се толкува и нејзиното определување по клучните социјални
проблеми, но и моралните прашања поврзани со животот и смртта. А такви прашања се
поставуваат во секоја заедница (од проблематизирањето на износот на финансиски
средства кои од јавните фондови се издвојуваат за јавното здравство, па до класичните
дилеми поврзани со абортусот и евтаназијата). Но, од морално-филозофска позиција,
епохата на една заедница е вистински морално обележана претежно со (военото или
терористичкото) масовното убивање, заради сета негова екстермност. За прашањата
поврзани со масовните убивања, посткомунистичките цркви (и на т.н. Исток и на т.н. За-
пад) од одредени причини немаа многу што да кажат, а посебно не покажаа храброст за
јавно протестирање кога стануваше збор за ,,нашите“ масовни убиства на цивили, т.е. за
воените или терористички акти сторени со експлицитно повикување на некоја од ета-
блираните верски заедници (од талибанците, па до оправдувањата на Буш).

3. Интелектуално соочување: тероризмот и концептот на насилство

Современиот тероризам е можно да се разбере дури во новата светлина. Тој, во мно-
гу нешто, претставува нов феномен, првенствено затоа што тој системски се оправдува
со една стратегија, која само навидум парадоксално, би можела да се нарече милитари-
зација на цивилното општество. Обидот тероризмот сериозно да се промисли како фе-
номен за кој последниве години (повторно) толку се расправа, претпоставува најнапред
_____________________________
5 Спореди, J. Stout, Democracy nad Tradition, Princeton U.P., Princeton a. Oxford, 2004., посебно стр. 147/8.


 

негово интелектуално соочување со концептот на насилството.6 Ваквата намера е одна-
пред сама по себе контрадикторна. Имено, додека насилството во суштина ја актуели-
зира свеста на поединецот за сопствената биолошка ограниченост, со посредство на
стравот од болка (или закани за нејзино предизвикување), од размислувањето се очеку-
ва објективност, односно токму она што теророт предизвикан со насилство однапред
настојува да го спречи. Но проблемски гледано, комплексот е далеку посложен: теророт
не е просто насилство (ниту пак секое насилство делува терористички); теророт е сим-
болички ориентирано насилство, па како такво, значи, тоа претставува употреба на на-
силство кое го „надминува“ непосредниот објект на насилниот акт. Жртвата на теророт
најчесто не е и жртва на непосредно насилство, туку насилство над (случајно, или зара-
ди симболични причини намерно) избрана жртва, која ја пренесува пораката на теро-
ристите до непосредните или медиумски посредуваните сведоци. Ним, пак, им преоста-
нува само да ги (ре)организираат своите животни стратегии, за и ним да не им се случи
нешто слично.
Антрополошката основа на целиот овој склоп лежи во едноставниот, и за чудо пре-
често превидениот факт дека насилството е првенствено комуникациски медиум. На-
вистина, со опсегот со кој располага тоа претставува најширок замислив модус на кому-
ницирање. Пораката која ја пренесува насилството „ја разбираа“ (или дури и навистина
разбираат) и странците кои не го говорат локалниот јазик и не ги познаваат обичаите,
глувите и слепите, идиотите и мали деца, животните, па дури можеби и растенијата. За
среќа, споменатиот комуникациски медиум е подобен само за рудиментарни комуника-
циски содржини, но неретко тој е употреблив за нагласување на одредени (разбирливо,
содржински попримитивни) содржини, кои понатаму се пренесуваат со посредство на
другите медиуми.
За расправата се значајни три нивоа на проблемот. Првото се однесува на односот
на актуелното, односно физичкото насилство со симболичкото. Наједноставно кажано,
класичниот проблем на секоја филозофија на практичниот живот се базира на следно-
то: постојат ли зборови (или гестови) кои (симболички, секако) повредуваат во степен
кој оправдува физички одговор на истите? Ваквиот процес, на општо општествено ниво
има двојно значење. Пред да дојде до војна, говорот на омраза има подготвителна
улога; во периодот по војната, симболичкото насилство ја врши функцијата на дееска-
лација. Или, како што тврди Фројд, првиот човек кој го опцул другиот наместо да му
фрли камен в глава, го означил почетокот на цивилизацијата. Значи, во процесот на де-
________________________________
6 Види го инспиративното резиме во D. C. North, J. J. Wallis, B. R. Weingast, Violence and Social Orders.
A Conceptual Framework for Interpreting Recorded Human History, Cambridge U. P., Cambridge a.
New York, 2009.


 

ескалација треба да се биде особено внимателен со забраната на вербалното насилс-
тво, бидејќи тоа е потребно за да работите евентуално (секако, постапно) се нормализи-
раат.
Нормализацијата, пак, ја означува (втората) фазата на јасно поставени општествени
односи, прифатени правила на однесување, односно култура. Но, токму таа е и опреде-
лениот простор за симболичкото насилство, каде што на оние кои не ѝ припаѓаат на таа
култура (од повторувачите, преку фудбалски „навивачи“, до припадниците на исклуче-
ните културни модели) понекогаш се реагира со непосредно насилство.7 Притоа, насил-
ниците се уверени дека се бранат од општествената (образовна и друга) привилегира-
ност, надмоќ, или во крајна инстанца: се бранат од наметнување за нив неприфатливи
правила. Оттука следи и нужноста од избегнување на популарниот (неретко дури и до-
бронамерниот) појмовен галиматијас, кој го осудува „насилството како такво“, притоа
промашувајќи ги реалните различни нивоа на проблемот.
Насилството е, сепак, социјално (па и антрополошки) зададено, па затоа, ако се про-
мисли сериозно, станува збор за негово можно рационално (т.е. постепено) редуцирање.
Тоа значи: а) редуцирање на бројот на убиствата; б) редуцирање на тешките физички
повреди, силувања и сл.; в) редуцирање на сите физички повреди; г) редуцирање на
симболичкото насилство. Меѓутоа, ако станува збор за општествената реалност, тогаш е
битна стратегијата за редуцирање на политичката употреба на насилството, а тоа значи:
демилитаризација и разоружување (така, од позициите на Хрватска, испраќањето војни-
ци во Авганистан долгорочно гледано е поопасно од сите нереди на стадионите и слич-
ни настани).
Според тоа, многу е важно теориски да се разгледа односот меѓу симболичката и ак-
туелната употреба на насилство, односно моралната оправданост на насилството. Тоа
пак значи, осветлување на фактот дека строгите, силни, апсолутистички морални ставо-
ви, во основа, водат кон насилство (бидејќи со презир одбиваат секаков компромис, би-
дејќи некои егзистенциски модели ги сметаат за едноставно неоправдани и редунантни,
а со тоа погодни за отстранување, на пример, со практикување тероризам).
Теророт (како организирано државно дејствување) и тероризмот (како користење
методи на терор одоздола, во организација на мали или општествено нелегитимирани
групи) на овој антрополошки извор се поклопуваат во специфичниот политички кон-
текст. Како што е веќе кажано, насилството се користи за индиректно комуницирање,
поточно за провоцирање на оние кои се на другата страна. Предизвикувајќи страв, како
што оригиналниот термин, уште од француската револуција, тоа јасно го означува, те-
ророт главно тежнее кон запирање на можните општествени и/или политички промени,
_______________________________________
7 A. Phillips, Terrors and Experts, Hravard U. P., Harvard, 1995.


 

а тероризмот, пак, обратно, настојува да ги промовира. Независно од најчесто неспо-
редливите односи на моќ (па и квалитет и квантитет на средства за насилно делување),
методички гледано, обрасците се, во најмала рака, споредливи. Преку напади на објек-
ти кои ќе предизвикаат внимание, како и со посредство на медиумите и стравот, се соз-
дава перцепција за моќта на оние кои го користат теророт. Но, истовремено, или дури и
првенствено се настојува да се провоцира другата страна на дејствување (или недејс-
твување), кое им одговара на авторите на терористичките планови. Така, на пример, др-
жавниот апарат ќе настојува да ги парализира поданиците (таквата држава, логички, и
нема државјани/граѓани), или барем најголемиот дел од нив, со намера да се спречи
менување на системските политички околности.
Тероризмот, наспроти тоа, ќе настојува да ја нападне државата (или симболички од-
браните цели кои ги персонализирааат за нив сосема неприфатливите вредности). Ток-
му поради ваквата структура на терористичко дејствување, тоа успева. Затоа, честите
фрази на политичарите кои тврдат дека тероризмот немa да мине, се сосема погрешни,
што со сигурност може да се констатира и однапред (бидејќи оваа теза е повеќепати
потврдена во минатото). Како што „големиот терор“ на Француската револуција свое-
времено целосно ја промени политичката и општествената слика на Франција за повеќе
децении, во шеесеттите и седумдесеттите години од дваесеттиот век (особено во Евро-
па) тероризмот радикално ги измени безбедносните услови на секојдневниот живот на
милиони луѓе, кои на пример, патуваат со авион. (За новите генерации е потребно да се
спомене дака некогаш со авион се патуваше на начин сличен со денешното патувањето
со автобус; имено се доаѓаше неколку минути пред полетување, се покажуваше билетот
и се тргнуваше на пат, но со тек на време мерките за безбедност се прошируваа се по-
радикално). Ниту поразот на Француската револуција, ниту исчезнувањето на терорис-
тите, не означија враќање на периодот кој им претходеше. Новите практики, првенстве-
но иако не исклучиво полициски, беа неповратно прифатени како составен дел на опш-
тествената нормалност.
Теророт претставува најрадикален облик на кршење на човековите права преземен
од страна на државниот апарат, додека тероризмот, по правило, предизвикува таква ре-
акција на власта која, исто така, ги ограничува не само реалните, туку и понекаде и
претходно загарантираните човекови права.8 Во двата случаи се тврди дека станува
збор за одбрана (во првиот случај од превратничи елементи, односно од преземање на
власта, во вториот). И во двата случаи се смета на провокацијата како на еден вид ин-
тимно комуницирање помеѓу непријателите, кои на друг начин воопшто не комуници-
раат. Властите постигнуваат состојба на неделотворност во општеството (што, впрочем,
__________________________________________
8 Human Rights and Terrorism, Netherlands Helsinki Committee, The Hague 2004


 

сосема им одговара за да можат да тврдат дека никој освен нив не може да ја заштити
жавата), терористите од друга страна, ја предизвикуваат власта да употреби сила (што
во принцип им одговара за да можат да тврдат дека постоечкиот режим никогаш не
бил демократски/слободарски, што ете и се покажало). Притоа, „самоисполнувачкото
пророштвото“ е битен модел на легитимирање на ваквото дејствување, особено во од-
нос на симпатизерите.
Како што тоа го покажаа случувањата кои започнаа на 11 септември 2001 година, со
тоа што удира по најчувствителните места, тероризмот постигнува таква состојба во јав-
носта, во која речиси моментално се напушта рационалноста (а правата и слободите,
еднаквоста и солидарноста се потпираат, пред сѐ, на рационални претпоставки). Дотол-
ку тој, уште еднаш, во потполност успеа. Најголемата светска сила – и традиционално
најстарата демократска држава – реагираше со терор на тероризмот, како на внатре-
шен план (најпрво со фактичко, а подоцна сѐ повеќе и со законско ограничување на не-
кои од основните права на своите граѓани, а особено на странците), така и на меѓунаро-
ден (тоа се случи со нападите во Авганистан и со убивањето голем број цивили, што
следуваше по еден старомоден ултиматум во многу нешто сличен на ултиматумот кој
Австро-Унгарија му го упати на Кралството Србија во 1914 година).
Имајќи во вид дека во современиот свет, отворениот терор како појава, во повеќето
држави е веќе напуштен (па и забранет), она што најчесто предизвикува терористичко
дејствување не е веќе толку отворено, како што е тоа случај со структурното насилство.
Теророт на општественото секојдневие со огромниот број одомаќинети неправди кон
поединците, а во одредени случаи и кон цели групи (од социјална беда до отворено ус-
кратени права) секогаш ќе предизвикува одново и одново незадоволство на различни
нивоа. Во ситуации во кои свеста за непостоење перспектива за некаква промена пре-
дизвикува социјален очај, отвореното насилство против структурно насилство на „режи-
мот“, „системот“, „естаблишментот“ и сл., ќе се појави барем како можност, особено ме-
ѓу оние кои во таквото општество прилично страдаат. Тоа може да биде, на пример,
концептот на contrapotere во верзија на италијанската радикална левица од крајот на
шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години од минатиот век.
Но, објективните социјални услови не се никогаш доволни сами по себе за да дојде
до размав на тероризмот; улогата на оние, кои марксистичката идеологија ги нарекува
субјективни фактори, во секој конкретен случај се покажа решавачки. Точно е дека ле-
вичарскиот тероризам ги повикува сиромашните и експлоатираните, но неговите (осо-
бено водечките) активисти неретко потекнуваат од привилегираните средини, што е
слично и со случајот на Бин Ладен. Салонските револуционери (во терминологија на Ко-
минтерната) неретко кокетираат со тероризмот. Во оптимистичката варијанта на фило-
зофијата на историјата (од анархистите, па натаму) терористичките акции се сметаат ка-


 

ко своевиден фитил, кој по догорувањето ќе предизвика револуционерна експлозија. Во
онаа историско-песимистичка интерпретација на современоста која се разви во шеесет-
тите години, повеќе не се ни размислува на фитилот, бидејќи пропаста на идејата за
светска револуција беше конечно препознаена како епохално релевантен факт. Во тој
период тероризмот почнува да се зема како замена за револуцијата, која тогаш беше
префрлена во (во голем степен и натаму мотивирачка) фикција. Притоа, на терористи-
те, како и секогаш, им претходат идеологизирани интерпретации на теории во чие име
тие дејствуваат.9 Кога теоријата за револуција се зема како темел за радикално делува-
ње, иако се знае дека револуцијата не е можна, или кога Куранот се идеологизира, со
што терористичките акции се интерпретираат како света, односно оправдана војна, се
случува истото - односно, на терористите им претходат теористи, толкувачи на расчере-
чени теории приспособени за терористички прирачници, но и активисти разочарани од
неуспехот на цивилното дејствување.
Притоа, и во сегашноста се повторува образецот, кој беше карактеристичен за гер-
манските случувања по 1968 година, односно за периодот во кој настанува и функцио-
нира германската Фракција на црвената армија. Радикалната левица тогаш, веројатно
не и за последен пат, се обиде да ги прескокне историските епохи. Паднаа многу жртви,
но директните намери на рафовците доживеаја потполн неуспех. На малку парадокса-
лен начин, државата - речиси во склад со левичарската дијагноза/прогноза условена од
нивниот поглед на свет - во својот удар врз терористите и симпатизерите (па и на „сим-
патизерите“) покажа дека барем на ова подрачје важи максимата за супериорноста на
општественото организирано делување врз она кое е приватно воспоставено. Сепак,
Германија и Европа од тогаш се променија многу; по престанокот на „вооружената бор-
ба“ активистите на РАФ искусија необични, па и неверојатни процеси кои, иако само де-
лумно, се и последици на нивните делувања, односно слабеење на радикалната левица
со истовремено јакнење на прифатливоста на државната интервенција. И уште еднаш -
на трагичен начин, со бројни акти на насилство – емпириски е докажана темелната
Хобсова теза за безбедноста, а не за слободата, како предуслов за секоја легитимација
на секоја држава.
Парадоксот на епохата е очигледен: пропаста на реал-социјалистичкиот/комунис-
тички поредок е интерпретирана како победа на духот на слободата. Но, тој дух рела-
тивно брзо се преточи во материјал на безбедносната политика, која неретко се храни
со параноични конструкции, формулаторно слични на практиката на стариот поредок (а
бројот и силата на непријателот не се ни приближни на она што во студеновоената си-
______________________________
9 S. B. Hashmi (ed.), Islamic Political Ethics. Civil Society, Pluralism, and Conflict, Princeton U. P., Princeton
a. Oxford, 2002.


 

туација се користеше како изговор).10 Теориската парадигма која делумно одговара на
оваа постапка, може да се толкува со идејата за сувереноста, која е суштински зацртана
во Хобсовите становишта, а развиена од Карл Шмит. Конструирајќи го концептот за др-
жава во триесеттите години врз основа на односот пријател-непријател во темелите на
сопственото разбирање на политиката, Карл Шмит се соочува со многу големи потеш-
котии. Имено, од една страна, тој настојува суверенитетот да го дефинира како важна
особина на државата која, сепак, се изразува само во исклучоци (тој самиот говори за
вонредна состојба и „евентуалност“ на судир со надворешен непријател, како знаци за
состојба во која непосредното практикување на суверенитетот е нужно). Но, ако е така,
ако е ius belli интегративен составен дел и на сувереноста кон внатре, а не само кон на-
двор, останува дилемата за тоа каде опстојува суверенитетот во секојдневието кон кое
тежнее секоја политичка заедница, во нормалниот живот на општеството (што, патем,
Шмит воопшто и не може да го сочува како еднозначен поим)11. Всушност, ваквото
празнично сфаќање на сувереноста очигледно повеќекратно кореспондира со постко-
мунистичките случувања, но го остава практикувањето на суверената моќ начелно не-
контролабилно, што секако им одговара на бројни емпириски воспоставувачки ком-
плекси, но поништува една од содржините кон кои се стреми на секој кому му е важна
сувереноста, трајност на неприкосновеноста на едно (во традицијата највисоко) ниво на
моќ. Сепак, Шмитовото сфаќање е премногу поврзано со военото комуницирање, дури
и коегзистенција со непријателот, за да тој (национално или поинаку воспоставен ко-
лективен субјект) би можел да се поистовети со „нашите“ (за што се многу заинтереси-
рани сите тие субјекти). Но сепак, „борбата против тероризмот“ - која е така широко
прифатена од бројни светски „демократски ориентирани политичари“ - во суштина ја
брише посебноста на воено комуницирање и овозможува глобално препородување на
оваа позиција12 (колку сето ова отиде далеку, покажува фактот што Нобеловата награда
за мир беше доделена на американскиот претседател, кој воедно е врховен командант
на армијата која секојдневно убива во Ирак и Авганистан).
_________________________________
10 D. A. Baldwin, „The Concept of Security“, Review of International Studies (1997), 23, 5-26.
11 H. E. Herrera: Carl Schmitt als politischer Philosoph. Versuch einer Bestimmung seiner Stellung
bezüglich der Tradition der praktischen Philosophie . Duncker & Humblot, Berlin 2010.
12 Sporedi, Österreichisches Studienzentrum für Frieden u Konfliktlösung (Hg.), Die Weltordnung von
Ökonomie und Krieg. Von der gesellschaftlichen Verwefungen der neoliberalen Globalisierung zu
den weltumspannenden politischen Ansätzen jenseits des Casinokapitalismus, Lit Verlag, Wien,
2006.


 

3. Наместо заклучок


Поради тоа, клучното прашање во периодот што следува е поврзано со повеќеслој-
ната структурна демилитаризација: на државите, заедниците и на цивилното општество.
Најдобар начин да се стори тоа, секако постапно, се чини дека е глобализирањето, или
со други зборови преку денационализирање. Во стриктно филозофска смисла, станува
збор за (евентуален) процес на надминување на веќе зацртаните фиксации на нацио-
налниот суверенитет, кој всушност претставува легализирано запирање на секое соопш-
тување, односно суспендирање на универзалноста. Во таков случај, надворешната (на
пример, меѓународно-правна) регулација престанува да важи во моментот на допирање
на точката на сувереноста (односно важи само ако е дополнително „поткрепена“ со ав-
торитетот на внатрешната сувереност), како што и внатрешното законодавство, обратно,
се „простира“ само до точката на сувереноста.
За актуелноста на расправа за суверенитетот во поново време особено придонесе
новиот, посткомунистички преоден период. Речиси сите историски воспоставени пара-
докси се емпириски поткрепени од современите случувања, па се дури и радикализира-
ни. И покрај постојаното нагласување на традицијата на сувереноста во посткомунис-
тичките ситуации, самата постапка со која е изборен тој суверенитет (особено кога ста-
нува збор за новоформирани или „обновени“ држави), јасно покажа колку многу проме-
ни настанаа токму во однос на постојано потенцираната традиција. Сите новоформира-
ни држави, всушност беа принудени да бараат (и секако да го слават) надворешното
признавање на својата сувереност, како клучен момент на нејзиното оживотворување.
Самиот факт на остварување на контрола над одредена територија очигледно не е до-
волен; се бара сооднос со околината кој е детерминиран со правни норми, како битен
предуслов за фактичката сувереност. Со тоа, пак, се отстапува од традиционалното пои-
мање, кое суверенитетот го смета за првенствено внатрешна работа на државата, а не-
говата надворешна компонента само како компонента зависна од односите на моќ. Ова
особено се гледа во примерот со Хрватска, бидејќи таа е прва држава која е меѓународ-
но призната како суверена и на оние територии кои во моментот на признавањето, па и
доста подоцна, не ги контролираше на никаков начин. Всушност, странскиот фактор до-
би исклучителна важност, па на тој начин е потврдено веќе споменатото современо ре-
лативизирање на класичното сфаќање на државниот суверенитет.13
_______________________________________
13 Ž. Puhovski, "Yugoslav Origins of the Post-Yugoslav Situation and the Bleak Perspectives for Civil
Society",P. Akhavan, R. Howse (eds.), Yugoslavia, the Former and Future. Reflections by Scholars
from the Region, Brooking Institution/Washington, UN Research Institute for Social Development/
Geneva 1995.


 

Современите теориски модели многу повеќе се занимаваат со процедуралниот, от-
колку со традиционалниот, односно со атомскиот (неделливиот) аспект на сувереноста.
Во стварноста тоа значи дека суверенитетот не се сфаќа првенствено како методички
загарантирана точка на прекин на интеграциите, туку со клучното прашање се искажува
само (првенствено „внатрешното“) функционирање на онаа власт која треба да ја гаран-
тира сувереноста.
Во многувековната традиција, загарантираниот мир бил сфаќан како доказ за посто-
ење на функционална сувереност. Настанувајќи, по правило, во услови на војна, модер-
ната сувереност секогаш тежнеела кон мирот (воспоставен, секако, под свои услови).
Нешто слично се случуваше и со „внатрешниот“, т.е. со односите на суверената моќ и
нејзините поданици. Дури со демократскиот концепт на народен суверенитет, начелно,
е изборено решението на оваа традиционална апорија. Но, и ова решение е радикално
доведено во прашање деведесеттите години, со етничката интерпретација не само на
државниот (национален) суверенитет, туку и на припадноста на конститутивниот народ.
Можно е, војните кои беа последица на најнеповолната варијанта на прифаќање на
овие толкувања (во постјугословенскиот случај) да помогнаа, барем во почетното осоз-
навање за погубноста на претходно опишаната редуктивна интерпретација на суверено-
ста.14 Оттука, се чини, барем начелно, дека глобализациските процеси ги надминуваат
не само воспоставените ограничувања на националните држави и на нивниот суверени-
тет, туку и некои од нивните најлоши последици.
Неодамна се покажа дека работите, сепак, не функционираат така едноставно: оби-
дите глобализацијата да се прикаже како интересовна завера на крупниот капитал про-
тив работништвото (на пример, во наивните левичарски варијанти), едноставно не про-
функционираа во целост, но имаат одредени упоришта во стварноста.15 Повторно мора
да се сложиме дека политичкиот, а не економскиот фактор има решавачка улога (иако
и либералите и марксистите, како и Фукујама, но и запенетите улични антиглобалисти,
глобализацијата ја доживуваат како важно прашање на економијата).
Тој пропуст да се промисли самостојноста на политичкото, да се сфати државата ка-
ко апарат, во што Маркс паѓа под нивото на либералите на кои им се потсмева (а либе-
ралите ја измислија државата како апарат), теориско-идеолошки му овозможи на марк-
систичкиот комунизам да биде авторитарен, а им оневозможува на „изворните“ марк-
_________________________________
14 Ž. Puhovski, "Frieden oder Gerechtigkeit?, G. Mader, W.-D. Eberwein, W.R. Vogt (Hg.), Frieden durch Zivilisierung?
Probleme - Ansätze - Perspektiven, Agenda, Münster 1996.
15 M. Hardt, A. Negri, Empire, Harvard U. P., Cambridge, London 2000, chapter „Capitalist Sovereignty,
or Administering the Global Society of Control“, p. 325


 

систи (и мнозинството леви, па и десни анти-глобалисти) да разберат во која мерка гло-
бализацијата е, всушност, политичко случување. Во таа мерка дури и самиот термин
идеологиски крие нешто што би требало да се именува со вистинското име, а тоа е аме-
риканизација. Глобализацијата не е ништо друго, туку идеологизирана американизација.
Тоа е онаа состојба на запоставување на националната литература за сметка на светс-
ката, во која сите треба да зборуваат англиски, и ништо што не може да се преведе на
англиски не може да биде релевантно (за другите уметнички и комуникациски форми
тоа важи уште појасно).
Но, наспроти тврдењата на критичарите, глобализацијата, се чини дека не само што
ја нема премногу, туку ја има премалку. Политичката глобализација е веројатно единс-
твениот одговор на современата национално-државна инсуфициенција (но и супрема-
ција). Впрочем, нејасно е како би можело да се излезе на крај и со теророрискичката
закана, ако се знае дека таа располага со несомнена способност за користење на една
верзија на глобална солидарност со која ги надминува дострелите на националните
апарати на сила. Во секојдневието, полициите на бројни држави веќе меѓусебно сорабо-
туваат, и тоа подобро од она што им го овозможуваат важечките државно-правни сис-
теми. Освен тоа, новинарските површни, но и сериозните анализи го објаснуваат дејс-
твувањето на САД по Студената војна врз основа на сѐ популарната синтагма за „светс-
киот полицаец“.
Оттука, ако веќе постои своевидна светска полиција, светски суд сѐ уште не постои,
а за парламент и влада и да не говориме. Значи ли тоа дека светот, по двесте години, е
доведен во состојба карактеристична за некогашните гратчиња на дивиот запад, во кои
има само шериф, но не и судија или законодавец? Се чини дека, и покрај сите концеп-
циски разлики, јавното добро на светот, како глобално јавно добро, навистина ја намет-
нува потребата барем за промислување на можноста за воспоставување на глобална
политичка заедница. И поради глобалноста на човековите права, и поради глобалната
безбедност.


(превод од хрватски, Билјана Ванковска)

Референци


Baldwin, D. A., „The Concept of Security”, Review of International Studies (1997), 23
Hardt M. and Negri A., Empire, Harvard U. P., Cambridge, London 2000
Hashmi, S. B. (ed.), Islamic Political Ethics. Civil Society, Pluralism, and Conflict, Princeton U. P.,
Princeton a. Oxford, 2002.
81
Herrera, H. E.: Carl Schmitt als politischer Philosoph. Versuch einer Bestimmung seiner Stellung
bezüglich der Tradition der praktischen Philosophie. Duncker & Humblot, Berlin 2010.
Human Rights and Terrorism, Netherlands Helsinki Committee, The Hague 2004
Inglehart R. and Norris P., Sacred and Secular: Religion and Politics Worldwide, Cambridge U.P.,
Cambridge 2004
North D. C., Wallis J. J. and B. R. Weingast, Violence and Social Orders. A Conceptual Framework
for Interpreting Recorded Human History, Cambridge U. P., Cambridge a. New York, 2009.
Österreichisches Studienzentrum für Frieden u Konfliktlösung (Hg.), Die Weltordnung von
Ökonomie und Krieg. Von der gesellschaftlichen Verwefungen der neoliberalen Globalisierung
zu den weltumspannenden politischen Ansätzen jenseits des Casinokapitalismus, Lit Verlag,
Wien, 2006.
Phillips A., Terrors and Experts, Harvard U. P., Harvard, 1995
Stout J., Democracy nad Tradition, Princeton U.P., Princeton a. Oxford, 2004.
Wolin S. S., Politics an Vision, Princeton U. P., Princeton a. Oxford 2004
Puhovski Ž., “Frieden oder Gerechtigkeit?, G. Mader, W.-D. Eberwein, W.R. Vogt (Hg.), Frieden
durch Zivilisierung? Probleme - Ansätze - Perspektiven, Agenda, Münster 1996.
Puhovski Ž., “Yugoslav Origins of the Post-Yugoslav Situation and the Bleak Perspectives for
Civil Society”,P. Akhavan, R. Howse (eds.), Yugoslavia, the Former and Future. Reflections by
Scholars from the Region, Brooking Institution/Washington, UN Research Institute for Social
Development/Geneva 1995.
Puhovski Ž., “Proceduralna ili atomarna suverenost?”, “Politička misao”, Zagreb, 4/1993.
Puhovski Ž., “The moral basis of political restructuring”, Political Restructuring in Europe.
Ethical perspectives, (ed. Ch. Brown), Routledge, London a. New York 1994.