Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

Hakan Wiberg: In Memoriam

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

Билјана ВАНКОВСКА
929Wiberg, H.

 

Речиси во истиот момент во кој се израдувавме на објавувањето на првиот број на
списанието Безбедносни дијалози, стаса и тажната вест. Нашиот драг колега и пријател,
член на Меѓународниот советодавен одбор, Хакан Виберг почина на 3 јули 2010 година
во Копенхаген. Судбината сакаше неговиот последен објавен труд да биде токму оној со
кој го збогати нашето првенче – „Авганистанската војна во компаративна перспектива“.
Неговата брилијантна научна анализа нѐ обврзува: таа не само што е пример за секој
научен работник како се пишува, туку претставува и далекувида анализа на еден глоба-
лен проблем кој уште долго ќе го мачи човештвото. Аманетот што Хакан Виберг ни го
остава е од непроценлива вредност: тој ни помогна да воспоставиме високи стандарди
за она што е научна анализа, квалитетен научен труд, критичка мисла и методолошка
перспектива на мировните студии.
Проф. Хакан Виберг имаше извонредно богата научна кариера, која зборува за из-
вонредно маркантен научен работник, еден од основачите на истражувањето на мирот
и конфликтите во Европа, но и за активист и учесник во различни општествени движе-
ња во неговото време. Тој со гордост го истакнуваше и фактот дека заради приговор на
совеста одбил да служи воен рок, во време кога тоа било казниво дело, за што отслу-
жил и затворска казна. Името на Виберг е втемелено и во воспоставувањето на денес
светски познатите мировни изнститути како PRIO и SIPRI, а беше долгогодишен дирек-
тор на Институтот за истражување на мирот од Копенхаген (COPRI). Вреди да се нагла-
си и фактот дека тој беше и еден од основачите на високореспектабилниот Journal of
Peace Research, а беше на раководни позиции на светските здруженија за мировни ис-
тражувачи, како IPRA и EUPRA. Неговата биографија е испишана со бројни научни дела,
а за жал смртта го спречи во довршувањето на капиталното дело за распадот на пора-
нешна Југославија, кое го подготвуваше заедно со Јохан Галтунг и Јан Оберг. Книгата ќе
биде објавена постхумно благодарение на заложбите на двајцата стари пријатели и ко-
автори, кои знаат дека таа книга беше нешто за што Виберг сонуваше да го стори за
време на својот живот. Не е тајна дека Виберг беше вљубеник во регионот на Балканот,
а особено на поранешна Југославија. Овој ерудит, покрај шесте светски, ги говореше и
локалните јазици, ја познаваше културата и историјата на народите од регионот. Но, за
разлика од мнозина, тој пишуваше за крвавите конфликти со знаење и емпатија, а ни-
когаш со желба да профитира научно на една високо-коњуктурна проблематика во пос-
ледната деценија на дваесеттиот век.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems