Hakan Wiberg: In Memoriam

Print

Билјана ВАНКОВСКА
929Wiberg, H.

 

Речиси во истиот момент во кој се израдувавме на објавувањето на првиот број на
списанието Безбедносни дијалози, стаса и тажната вест. Нашиот драг колега и пријател,
член на Меѓународниот советодавен одбор, Хакан Виберг почина на 3 јули 2010 година
во Копенхаген. Судбината сакаше неговиот последен објавен труд да биде токму оној со
кој го збогати нашето првенче – „Авганистанската војна во компаративна перспектива“.
Неговата брилијантна научна анализа нѐ обврзува: таа не само што е пример за секој
научен работник како се пишува, туку претставува и далекувида анализа на еден глоба-
лен проблем кој уште долго ќе го мачи човештвото. Аманетот што Хакан Виберг ни го
остава е од непроценлива вредност: тој ни помогна да воспоставиме високи стандарди
за она што е научна анализа, квалитетен научен труд, критичка мисла и методолошка
перспектива на мировните студии.
Проф. Хакан Виберг имаше извонредно богата научна кариера, која зборува за из-
вонредно маркантен научен работник, еден од основачите на истражувањето на мирот
и конфликтите во Европа, но и за активист и учесник во различни општествени движе-
ња во неговото време. Тој со гордост го истакнуваше и фактот дека заради приговор на
совеста одбил да служи воен рок, во време кога тоа било казниво дело, за што отслу-
жил и затворска казна. Името на Виберг е втемелено и во воспоставувањето на денес
светски познатите мировни изнститути како PRIO и SIPRI, а беше долгогодишен дирек-
тор на Институтот за истражување на мирот од Копенхаген (COPRI). Вреди да се нагла-
си и фактот дека тој беше и еден од основачите на високореспектабилниот Journal of
Peace Research, а беше на раководни позиции на светските здруженија за мировни ис-
тражувачи, како IPRA и EUPRA. Неговата биографија е испишана со бројни научни дела,
а за жал смртта го спречи во довршувањето на капиталното дело за распадот на пора-
нешна Југославија, кое го подготвуваше заедно со Јохан Галтунг и Јан Оберг. Книгата ќе
биде објавена постхумно благодарение на заложбите на двајцата стари пријатели и ко-
автори, кои знаат дека таа книга беше нешто за што Виберг сонуваше да го стори за
време на својот живот. Не е тајна дека Виберг беше вљубеник во регионот на Балканот,
а особено на поранешна Југославија. Овој ерудит, покрај шесте светски, ги говореше и
локалните јазици, ја познаваше културата и историјата на народите од регионот. Но, за
разлика од мнозина, тој пишуваше за крвавите конфликти со знаење и емпатија, а ни-
когаш со желба да профитира научно на една високо-коњуктурна проблематика во пос-
ледната деценија на дваесеттиот век.


 

Филозофскиот факултет, а посебно Институтот за безбедност, одбрана и мир му ос-
танува вечен должник на овој голем човек. Тој несебично ги помагаше сите напори за
воспоставување и развивање на мировните студии на почвата на Република Македони-
ја, беше наш чест гостин предавач, учесник на сите научни дебати, консултант и рецен-
зент на нашите трудови. Духот на Хакан Виберг останува да живее во нас и со нас, осо-
бено заради факлтот што дел од неговото наследство во книги ни припадна нам и на
нашите студенти. Библиотеката на Институтот ќе го носи неговото име.
Безбедносни дијалози имаат обврска да ги негуваат сите највисоки стандарди на
кои нѐ научи нашиот учител од Скандинавија.
Хакан, ти благодариме! Почивај во мир!

Во име на наставниците и студентите на Институтот за безбедност, одбрана и мир,

проф. д-р Билјана Ванковска
главен и одговорен уредник на Безбедносни дијалози