Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ГЕОПОЛИТИЧКИTE ФАНТАЗИИ И РАЗРЕШУВАЊЕТО НА КОНФЛИКТИТЕ ВО 21. ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Многу истражувачи се обидуваа да најдат објаснување за падот на големите импе-
рии во минатото во рамки на модерната теорија на сложени системи. Според оваа тео-
рија, големиот сложен систем е ранлив на навидум незначајни фактори, кои во крајна
линија ќе доведат до уништување на системот. Ова е главната симплифицирачка прет-
поставка на оваа теорија. Веројатно, теориските модели од овој вид не се лоши, но, за
жал, во практика тие не се применливи на реалните геополитички системи. Политичка-
та реалност вклучува премногу немерливи елементи, и можеби, тоа е главната причина
за неуспехот на овој модел. Менливото опкружување може да стане 'затвор' за ната-
мошниот развој на една голема сила, но понекогаш нациите се извонредно способни да
ги избегнат ограничувањата и да развијат нов светски поредок. Но, никој не ги знае
границите на прилагодливоста кон промени на одредена нација. Па дури и револуцио-
нерни трансформации го носат печатот на историјата.1
Повикувањето на економијата навистина помага многу. Земете ги САД за пример. За
Нил Фергусон, професор на Харвард, главната опасност за иднината на САД во 21-от
век не е огромниот буџетски дефицит (во 2010 година САД ја очекува буџетски дефи-
цит од повеќе од 1,5 трилиони долари, или околу 11% од БДП), туку домашната субјек-
тивна перцепција за економската состојба на САД: ,,Наведената статистика сама по себе
не може да ја ослабе моќта на САД, но тоа може да доведе до намалување на слепата
верба во способноста на САД да издржат секаква криза“ (Niall Fergusson, 2010). Кога
луѓето ќе почнат да се сомневаат во монетарните и фискалните мерки на владата, фис-
калната криза ќе се влоши, вели Фергусон, посочувајќи го примерот на Грција. Накрат-
ко, Фергусон стравува од денешната глобална финансиска криза и предвидува залез на
американската ,,кревка“ империја.
Додека за економистот Фергусон главното прашање не е неизбежниот пад на аме-
риканската економија, туку темпото на процесот на опаѓање на американската импе-
рија, односно дали ќе дојде ненадејно до колапс како во случајот со СССР или не2, а за
политикологот Џорџ Фридман, ова не е вистинското прашање. Според него, целиот 21-
ви век ќе биде американска ера, првенствено поради нејзината огромна економска моќ,
_____________________________
1 Земете ја за пример руската ‘мека сила’ (soft power) (Rukavishnikov, 2010). Не треба да се заборават неис-
полнетите западни очекувања за брза руска трансформација во западен тип на демократија, по падот на
СССР.
2 Ова е затоа што „со векови, историчарите, политичките теоретичари, антрополозите а и јавноста беа скло-
ни да размислуваат за политичкиот процес во сезонски, циклични услови. Од Полибус до Пол Кенеди, од
антички Рим до империјална Британија, ние го забележуваме ритамот на историјата. Големите сили, како и
големите луѓе, се раѓаат, растат, владеат и постепено изчезнуваат. Без разлика дали цивилизациите пропа-
ѓаат во културна, економска или еколошка смисла, нивните падови се долготрајни“ (Fergusson, 2010).



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems