ГЕОПОЛИТИЧКИTE ФАНТАЗИИ И РАЗРЕШУВАЊЕТО НА КОНФЛИКТИТЕ ВО 21. ВЕК

Print

Владимир РУКАВИШЊИКОВ
911.3:32]:327.56„20“

 

АПСТРАКТ
Никој не може да обезбеди прогноза ослободена од политичките прет-
поставки, национални стереотипи, митови, стравови и предрасуди длабоко
вкоренети во минатото. Како резултат на тоа, многу наводни „предвидува-
ња“ не се ништо друго освен геополитички фантазии, иако се тврди дека
целите и намерите на ваквите прогнози се состојат во идентификување на
политичките, социјалните, демографските, економските, културните и вое-
ните тенденции и на геополитичките препреки за мирен развој на човешт-
вото. Овој текст ја илустрира оваа идеја преку книгата „Следните 100 годи-
ни“ на Џорџ Фридмaн. Ефикасноста на менаџирањето на конфликтите се
потпира, барем делумно, на националните интереси на земјите вклучени
во акциите и на меѓународното право. Сепак, одредбите на меѓународното
право се менуваат под притисок на околностите. Од друга страна, открива-
њето на националните интереси исто така не е лесна задача. Како пример
се земени последните случувања во Киргистан (во 2010 година), заедно со
случаите на Косово и петдневната војна помеѓу Грузија и Русија (2008).
Статијата се осврнува и на предвидувањата за иднината на САД, ЕУ, Русија
и Кина во 21-от век, проблемот на односите меѓу националните интереси и
меѓународното право, како и реакцијата на Русија во однос на
конфликтите кои неодамна се појавија во близина на нејзините граници.

Клучни зборови: прогноза, 21-ви век, војна, мир, национален интерес,
меѓународно право, САД, Русија, Кина.

ABSTRACT

Nobody can provide a forecast free from political assumptions, national
stereotypes, myths, phobias, and attitudes deeply rooted in the past. As a result
many so called ‘forecasts’ are actually geopolitical fantasies in spite of
the announced goals and intentions to identify political, social, demographic,


 

economic, cultural, military tendencies and geopolitical obstacles for a peacefull
development. The paper illustrates this idea by the George Friedman book
Тhe Next 100 years (2009). Efficiency of conflict-management relies, at least
partly, on national interests of countries engaged in actions and international
law. However, the international law provisions are changing under the pressure
of circumstances. To disclose, the national interest is not an easy task either.
The recent (2010) Kyrgyz occurrences are taken as an example along
with the cases of Kosovo and the 5-day (2008) Georgia-Russia war. The paper
touches forecasts of the future of the USA, the EU, Russia and China in the
21st century, the issues of national interests and international law, the Russian
reaction of the conflicts recently emerged near its borders.
Key words: forecast, the 21st century, war, peace, national interest, international
law, the US, Russia, China.
1. Вовед
На самиот почеток, разумно е да се кажат неколку збора за насловот на овој текст.
Зошто геополитички фантазии? Фантазии во множина, бидејќи постојат многу спроти-
ставени гледишта во поглед на веројатната иднина, а за жал, ние немаме доволен прос-
тор да дебатираме за сите. Освен тоа, голем дел од нив се засновани на геополитичките
идеи широко распространети на Запад. За жал, во многу проекции, во центарот на вни-
манието се можните меѓудржавни војни, а не градењето на мирот. Зошто разрешување
конфликти? Причината е во широко распространето мислење дека ОН и другите меѓу-
народни тела прават сѐ што можат за да се запрат локалните конфликти пред да се
прелеат во соседството, како и затоа што спречувањето и решавањето на меѓународ-
ните конфликти пред да резултираат во насилство од големи размери е далеку поевти-
но, како во човечка, така и во финансиска смисла, отколку реакциите по нивното избув-
нување. Исто така, постои широка согласност околу неефикасноста на постојните ми-
ровни мисии и мисии за чување на мирот на ОН. Кое мислење е вистинското? Дали све-
тот ќе биде побезбедно место од денешното?
Најновата книга на познатиот американски футоролог Џорџ Фридман се користи ка-
ко пример за тоа како политичките претпоставки и националните стереотипи можат да
ја детерминираат прогнозата, начинот на разрешување конфликти и военото плани-
рање. Книгата е посочена не затоа што е извонредно луцидна и лесно читлива прогноза


 

за промените кои можат да се очекуваат во целиот свет во овој 21-ви век, туку затоа
што авторот на оваа книга експлицитно, можеби и ненамерно ги открива американ-
ските стравови и изложува идеја за унилатерална конструкција на светскиот поредок во
текот на овој век.
На почетокот ги земаме предвид клучните методолошки прашања, за потоа да нап-
равиме краток осврт на двете главни тенденции во денешнината назначени како „по-
бедничка војна“ (‘winning war’) и „победнички мир“ (‘winning peace’) во контекст на ими-
џот на овој век. Не зборуваме за бројните т.н. „трговски војни“ (‘trade wars’), „сајбер-вој-
ни“ (‘cyber-wars’) и другите видови „војни“, кои несомнено се разликуваат драматично
од крвавите воени судири. Овој важен аспект на нашата голема тема не е истражен, по-
ради недостаток на простор. Заклучните забелешки се на крајот од ова поглавје.

2. Методолошки проблеми

Некои луѓе велат: „Замислете дека сме на самиот крај на 19-от век и обидете се од
таа позиција да го предвидите идниот развој на настаните. Дури и да сме на самиот по-
четок на 20-от век, ќе беше невозможно да се предвиди текот на историјата на ова сто-
летие, бидејќи во тој момент постоеше нова констелација на сили, кои беа во интерак-
ција едни со други, секои дваесетина години“. Нивните противници тврдат дека „ова не
е post-fеstum оценка, односно мислење на оние кои веќе ја знаат вистинската историја
на 20-от век“. Трети пак тивко велат: „Ако не постоеше предвидувањето, многумина не
би зборувале за ништо, или барем, целиот процес на меѓусебна комуникација ќе беше
многу тежок“. Сепак, сите три страни се согласуваат дека глобалната политика не е како
времето, кое се менува од ден на ден.
Идејата да се опишат политичките одлуки и идните настани од перспектива на до-
минантните искуства во нашиот живот (втората половина на 20-от век, првата деценија
на 21-от век) е секако предизвикувачка, но по наше мислење, не многу реалистичка. Се-
кој нареден век се разликува од претходниот во многу димензии, иако носи многу црти
од претходните историски епохи. И 21-от век не е исклучок. Со векови луѓето верувале
дека големите сили се појавуваат, растат и пропаѓаат постепено, но ненадејниот колапс
на Советскиот сојуз и неговата социјалистичка империја го доведе во прашање ваквото
уверување. Старата идеја за историски циклуси, исто така, е доведена во прашање. Што
ако текот на историјата не е цикличен и лесен, туку напротив, аритмичен? Каква ќе
биде судбината на сегашните големи сили, како на пример, САД, Русија и Кина во 21-от
век? Што можеме да научиме од минатото? Дали целокупната глобализација е важна?
Ова не е чисто реторичко прашање, бидејќи одговорите на овие прашања ја утврдуваат
националната политика, мирот и безбедноста на светот.


 

Многу истражувачи се обидуваа да најдат објаснување за падот на големите импе-
рии во минатото во рамки на модерната теорија на сложени системи. Според оваа тео-
рија, големиот сложен систем е ранлив на навидум незначајни фактори, кои во крајна
линија ќе доведат до уништување на системот. Ова е главната симплифицирачка прет-
поставка на оваа теорија. Веројатно, теориските модели од овој вид не се лоши, но, за
жал, во практика тие не се применливи на реалните геополитички системи. Политичка-
та реалност вклучува премногу немерливи елементи, и можеби, тоа е главната причина
за неуспехот на овој модел. Менливото опкружување може да стане 'затвор' за ната-
мошниот развој на една голема сила, но понекогаш нациите се извонредно способни да
ги избегнат ограничувањата и да развијат нов светски поредок. Но, никој не ги знае
границите на прилагодливоста кон промени на одредена нација. Па дури и револуцио-
нерни трансформации го носат печатот на историјата.1
Повикувањето на економијата навистина помага многу. Земете ги САД за пример. За
Нил Фергусон, професор на Харвард, главната опасност за иднината на САД во 21-от
век не е огромниот буџетски дефицит (во 2010 година САД ја очекува буџетски дефи-
цит од повеќе од 1,5 трилиони долари, или околу 11% од БДП), туку домашната субјек-
тивна перцепција за економската состојба на САД: ,,Наведената статистика сама по себе
не може да ја ослабе моќта на САД, но тоа може да доведе до намалување на слепата
верба во способноста на САД да издржат секаква криза“ (Niall Fergusson, 2010). Кога
луѓето ќе почнат да се сомневаат во монетарните и фискалните мерки на владата, фис-
калната криза ќе се влоши, вели Фергусон, посочувајќи го примерот на Грција. Накрат-
ко, Фергусон стравува од денешната глобална финансиска криза и предвидува залез на
американската ,,кревка“ империја.
Додека за економистот Фергусон главното прашање не е неизбежниот пад на аме-
риканската економија, туку темпото на процесот на опаѓање на американската импе-
рија, односно дали ќе дојде ненадејно до колапс како во случајот со СССР или не2, а за
политикологот Џорџ Фридман, ова не е вистинското прашање. Според него, целиот 21-
ви век ќе биде американска ера, првенствено поради нејзината огромна економска моќ,
_____________________________
1 Земете ја за пример руската ‘мека сила’ (soft power) (Rukavishnikov, 2010). Не треба да се заборават неис-
полнетите западни очекувања за брза руска трансформација во западен тип на демократија, по падот на
СССР.
2 Ова е затоа што „со векови, историчарите, политичките теоретичари, антрополозите а и јавноста беа скло-
ни да размислуваат за политичкиот процес во сезонски, циклични услови. Од Полибус до Пол Кенеди, од
антички Рим до империјална Британија, ние го забележуваме ритамот на историјата. Големите сили, како и
големите луѓе, се раѓаат, растат, владеат и постепено изчезнуваат. Без разлика дали цивилизациите пропа-
ѓаат во културна, економска или еколошка смисла, нивните падови се долготрајни“ (Fergusson, 2010).


 

која ќе остане неоспорена. Ова значи дека и загрижувачката визија на американската
иднина на Фергусон и прогнозата на Фридман, кој ја глорифицира американската ера,
се базираат на различни толкувања на современата економска реалност и економски
трендови.
Како што беше веќе кажано, Фергусон не размислува за тоа дали ќе се случи или
нема да се случи падот на Америка, туку дали овој процес ќе биде бавен или брз. Тој,
исто така го измисли терминот Кимерика (Chimerica) и концептот на симбиоза помеѓу
две големи сили - САД и Кина. Тој се надева дека во таква коалиција САД можат да
преживеат, и без да играат главна улога во глобалната економија. „До 2027 година до-
машниот бруто производ во Народна Република Кина ќе биде поголем од оној во САД,
не поради американската стагнација, туку поради незапирливиот подем на кинеската
економија“, смета Фергусон.3 И веројатно овој чисто економски аргумент е централната
точка на Фергусоновата поддршка за јакнење на партнерството меѓу САД и Кина.4
Самата идеја за партнерство помеѓу САД и Кина се смета клучен тренд на глобална-
та политика на 21-от век. Поддржувачите на оваа идеја се повикуваат на неодамнешна-
та (ноември 2009) посета на претседателот на САД, Барак Обама во Кина. Но, тие забо-
раваат дека кинеските лидери не го поддржаа предлогот на Обама да го споделат това-
рот на неформалната одговорност за иднината на светот. Денес Кина е економски ги-
гант, но сѐ уште е слаба во воена смисла.5 Сепак, основното прашање гласи: колку дол-
го Кина ќе биде нарекувана економски гигант, а не суперсила?
______________________
3 Всушност, тој не се плаши премногу дека Кина наскоро ќе ги надмине САД во економска моќ, или дека ќе
се случи многу брзо, туку повеќе од фактот дека тоа не зависи од Америка, туку од Кина која исклучиво
дејствува врз основа на сопствените национали интереси.
4 Временскиот опсег кој го предвидува Фергусон е 2027, додека неговиот колега, признатиот економски ис-
торичар и Нобелов лауреат од областа на економијата, Роберт Фогел ќе погледне малку подалеку во идни-
ната – не во 2021, туку во 2040-та, и предвидува дека за тоа време кинеската економија не само што ќе ја
надмине американската, туку и ќе ја остави далеку зад себе. Учеството на американската економија во
светскиот бруто производ, според предвидувањата на Фогел, ќе се намали за една третина, додека кинес-
киот дел ќе се зголеми трикратно (Фогел, 2007, забелешки за оваа студија може да се најдат на:
http://www.marginalrevolution.com/marginalrevolution/2007/06/robert_fogel_is.html).
5 Кина ја има најголема копнена војска во светот и огромен број тенкови. Но во споредба со САД, тоа не е
важно. Воениот баланс помеѓу нив ја одредува силата на морнарицата и нуклеарната моќ. Според достап-
ните информации, Кина е далеку зад САД по бројот на нуклеарни боеви глави и интерконтинентални ба-
листички проектили. САД има 11 носачи на авиони, а Кина ниту еден. Јазот на воените трошоци помеѓу Ки-
на и САД е огромен. Конечно, Кина се уште не е на ниво на технологија која овозможува оваа нација да се
натпреварува со американскиот воени систем. Исто така, нема знаци кои би укажувале дека Народна Репу-
блика Кина, ќе биде конкурент на САД во воена смисла во наредните години. Ние мора да ја направиме оваа забелешка овде, бидејќи постојат аргументи против нивното мислење, но ние немаме простор за да ги изложиме во целост.


 

Овде мора да напоменеме дека, американската огромна воена моќ е вториот бази-
чен аргумент во корист на тезата на Фридман за американската доминација во модер-
ната ера. Тој е сигурен дека не постои нација која би се натпреварувала со САД во вое-
ната сфера, ниту сега, ниту на крајот на 21-от век. Дали е неговата прогноза точна? Тоа
не е само реторичко прашање, туку ја претставува суштината на проекциите за можната
иднина на светот.6 На ова прашање ќе се навратиме во следните поглавја.
Исто така, потребно е да се нагласи дека постојат бројни публикации за веројатноста
на дезинтеграцијата на САД во 21-от век.7 Некои публикации прикажуваат многу нејас-
ни сценарија за процесот на распад, а други го специфицираат точниот период на
,,смртта на Америка“ (се смета дека декадата од 2010-2020 ќе биде деценија на про-
паѓање и распаѓање на САД)8. Сепак, ниту еден од авторите не размислува за светскиот
поредок по распадот на САД во детали. Тие не разбираат дека светот во 21-от век е
речиси целосно интегриран поради интензивниот процес на глобализацијата, моделите
на меѓународните односи од 20-от век, не се повеќе применливи, итн. Всушност, сите
овие анти-американски публикации можат да се класифицираат како ,,пуста желба“.9
Затоа и нема потреба да се расправа за методологијата на овие текстови.

3. Потенцијална Студена војна на овој век

Непотребно е да се потсетува дека Советскиот Сојуз се распадна пред крајот на 20.
век, т.е. дека СССР доживеа пораз во Студената војна во втората половина на минатиот
век. Постоеше загриженост од појава на нова „квази-студена војна против Русија“ по
руската воена победа над Грузија10. За среќа, таквите мрачни очекувања не се реализи-

________________________________________

6 Ние мора да ја направиме оваа забелешка овде, бидејќи постојат аргументи против нивното мислење, но
ние немаме простор за да ги изложиме во целост.
7 Листата на публикации е премногу долга за да биде претставена во овој труд.
8 Цитат од есејот: „The death of America“ (http://e2000.kyiv.org/2000/america.htm).
9 Во долгата листа на причини, има такви кои се по природа многу различни и се движат од макро-економ-
ски (фискална криза, итн) до психолошки мотиви (криза на индивидуалноста и сл), стареење на население-
то и меѓуетничките тензии.
10 Краткиот воен судир во Јужен Кавказ помеѓу Грузија и Рузија во август 2008, ги исплаши и политичарите
и пошироката јавност во руското соседство, во Европа и во САД. Искрено, во текот на 2008 - 2009 година,
авторот имаше чувство на „веќе видено” кога виде како еден начин на користење притисок во меѓуна-
родните односи се сметаше за „легитимен“ и како политичките спорови кои што се однесуваат на надворе-
шната политика и меѓународните односи се разгоруваат, како беа медиумски покриени и како беа
решениe.


 

раа. Победоносниот (за Русите) исход на петдневната војна против Грузија покажа де-
финитивно оживување на големата сила, но исто така, наметна прашања за подигање
на политичкото влијание на Русија во светот (Rukavishnikov, 2010).
И САД и Русија имаат потреба една од друга како геополитички партнери, првенст-
вено затоа што иранскиот нуклеарен проблем не решен ниту политички, ниту со други
средства. Таканаречениот ,,режим на кооперативна коегзистенција“ во односите меѓу
двата големи ривали од блиското минато се враќа. Затоа Русија не е лесен партнер за
САД, и покрај неодамнешниот обид да се ,,ресетираат“ американско-руските односи, по-
мирувањето сѐ уште е кревко, некомплетно, а со сигурност, и политички проблематич-
но. Сепак, колку и да е голем предизвикот за ова партнерство, и Москва и Вашингтон
не можат да си дозволат да не ги подобрат односите. Русите се, и ќе останат важен ак-
тер на светската сцена. Оваа нација има долга традиција на постоење како суперсила и
нема да се согласи да игра подредена улога или да се распадне во догледна иднина.
Според наше мислење, таа никогаш нема да биде дел од ЕУ или НАТО.
Гласините за новата Студена војна помеѓу САД и комунистичка Кина првично се по-
јавија во меѓународниот печат во пролетта 2010 година. Тие беа главно поврзани со во-
инствената реторика на водечките кинески генерали во однос на американските вежби
во морето на Јапонија. Потоа, тврдејќи дека американските вежби се закана за Пекинг,
Кинезите одговорија на перцепираната закана со поморски вежби во Јужното Кинеско
Море, сосема јужно од Јапонското Море. Вежбите имаа цел да покажат дека Кина ста-
нува вистинска суперсила и дека оваа нација, игнорирајќи ги меѓународните приговори,
би сакала да го контролира Јужното Кинеско Море, преку кое минува половина од свет-
ската поморска трговија и кое има богати риболовни и нафтени ресурси.11
За наведениот спор на американска конзервативна веб-страница можеше да се про-
чита следното: „Кинескиот милитантен наплив им се заканува на долгорочните
интереси на САД во Азија, особено поради тоа што Пекинг, според државната Бела кни-
га за одбраната од 2006 година, намерно планира да користи воена сила заради уна-
предување на своите економски интереси. На Америка ѝ е потребен план за победа на
Студената војна, кој мора да вклучи три елементи. Прво, САД мораат да го зголемат
своето воено присуство во Азија преку воспоставување бројни бази со кои ќе ги зашти-
тат своите сојузници и ќе го запрат военото јакнење на Пекинг. Второ, САД мораат да
формираат робусна азиска алијанса. Конечно, САД и нивните азиски сојузници мора да
__________________
11 Некои велат, кинеските вооружени сили се впуштија во брза модернизација за да и овозможи на Кина да
ги проектира националните интереси на земјата преку воената моќ и далеку од своите копнени граници и
територијални води. Тоа е вистина. Во времето на пишување, модернизацијата на кинеските вооружени си-
ли не е завршена, и не може да се каже дека оваа нација ги надмина соседите во воена смисла.


 

применат ефикасна ,,мека моќ“ (,,soft power“). Бизнисот ќе има клучно значење
(Maginnis, 2010).
Како треба да се анализираат овие зборови? Се разбира, американското воено при-
суство во Азија може да се зголеми во наредните години, но постои сомнеж дека овој
чекор ќе им помогне на САД да ја спречат „офанзивата” на Кина, или дека ќе доведе до
воена конфронтација со комунистичка Кина. Денес, самата идеја за создавање азиски
пандан на НАТО изгледа нереално. Светот е во 21-от век, а не во средината на минати-
от век кога беше создаден НАТО. Затоа, не постојат шанси дека американската „мека
моќ” ќе помогне да се создаде нов блок на азиски држави против континентална Кина.
Според пресметките на бројни експерти, економијата на САД (БДП) ќе биде надми-
ната од страна на кинеската економија во средината на 2020 година. Овој вид економс-
ка проекција тешко е да се игнорира. Освен тоа, Кина одржува високи стапки на еко-
номски раст, дури и денес кога постои глобална финансиска и економска криза која за-
почна во САД. Кина речиси победи во светската економска трка. Овој факт е навистина
важен.
Можеби, американските конзервативци треба да сфатат дека на деновите на нивна-
та глобална супериорност заснована на економска и воена моќ им доаѓа крајот. Затоа,
гореспоменатиот рецепт за тоа како да се победи Студената војна против Кина во 21-от
век се чини застарен. Самата појава на овој рецепт го покажува длабокото незадоволст-
во со американско-азиските односи (и надворешната политика на Обама).
Постапките на војската секогаш говорат повеќе од зборовите и насмевките на дип-
ломатите. Што се однесува на воените вежби, тие не се одржуваат за забава. Често др-
жавите покажуваат мускули како вовед во војна, па затоа набљудувачите мора внима-
телно да ги следат сите евентуални „игри” на војските. Не треба да се заборави и дека
страните можат да бидат запознаени со главните стратешки проекции на другата држа-
ва, и оттука од суштинско значење е да се демонстрира борбената готовност на трупите
пред очите на потенцијалните противници.
Русија има потреба од странски инвестиции за развој на економијата. Но, исто така,
нејзе ѝ е потребно да ја задржи ефективната контрола на далечниот исток на сопстве-
ната огромна територија. Поради постојаната нестабилност во односите помеѓу САД-Ки-
на (од пријателските гестови до тензии), оваа поента има големо значење. Русите вни-
мателно го следат растот на кинеската воена моќ. Русија е најблискиот сосед на Народ-
на Република Кина. Очигледно, со спроведувањето на неодамнешните (2010) многу ска-
пи вежби на далечниот источен дел на Руската Федерација, Москва сака да покаже
пред Пекинг дека руското раководство е подготвено да стави лимит на растечката ки-
неска експанзија во источните региони на земјата, има доволно сили да се спротивс-
тави на кинеската воена офанзива во случај на иден воен судир, и дека голем број на


 

декларации за ,,стратешко партнерство“ меѓу Русија и Кина, сѐ помалку и помалку се
релевантни за геополитичката реалност.12 Нови воени вежби не се исклучени. Се
разбира, во краток период не е можна отворена војна помеѓу овие две големи нации.
Постојат одредени проблеми во нивните односи, но сепак нема основа ниту за тезата за
почеток на нова студена војна меѓу нив.
За среќа, нова глобална Студена војна, придвижена од геополитика и поткрепена со
други мотиви, не се случи. Ова е важно заради тоа што секоја ,,студена војна“ има капа-
цитет да се подигне на ниво на ,,жешка војна“, односно да се претвори во вистинска војна.
4. Светска војна во 21-от век
Третата светска војна ќе започне во 17,00 часот на 24-ти ноември 2050 година. Ток-
му во тоа време! На Денот на благодарноста во 2050 година! Неверојатната прогноза
на Џорџ Фридман, раководителот на Стратфор13 (Strategical Forecasting = Strategic Forecasting
Corp.), беше објавена во книгата ,,Следните 100 години“.
Пред да се случи овој настан, изгубената војна меѓу САД и џихадистите ќе биде за-
менета со нова студена војна против Русија. Русија, пак, ќе се обиде да ја обнови
својата империја меѓу 2010-2020, за на крајот да ја доживее тажната судбина на СССР,
и конечно ќе се распадне околу 2030 година. Во средината и крајот од 21-от век ЕУ не
ќе може да игра улога на светски актер, поради своите внатрешни тензии, ниски стапки
на економски раст и други причини.14 Така, судбината на ЕУ во втората половина на
______________________________________________
12 Рускиот воен врв беше алармиран од неодамнешните (2009) кинески воени маневри (наречени „Голем
чекор“) близу границите со Русија. Руската воена вежба „Восток-2010“ (Исток-2010), всушност беше одго-
вор на кинеските воени активности, иако декларативно војниците требаше да реагираат на „напад од теро-
ристички формации“. Ова вежба беше чиста политичка порака до Пекинг и Токио: чувајте се од руската
мечка! Воената вежба „Восток-2010# нема сличен пандан во воената историја, и во советскиот и во пост-
советскиот период, ако се предвид бројот на војници и воена опрема пренесени од западниот дел на Рус-
ката Федерација во источниот дел на оваа огромна земја. Сепак, руските независни воени експерти беа не-
задоволни од борбената подготвеност на армијата демонстрирана во овие воени вежби. (Khramchikhin,
2010).
13 Stratfor (Strategic Forecasting) – американска приватна фирма, формирана во 1996, позната како „ЦИА
во сенка“. Невладината компанија врши редовен мониторинг на политичката ситуација во сите региони во
светот, користејќи само отворени извори, и на своите претплатници им испраќа дневни брифинзи со избо-
рот на теми интересни за нив. Компанијата традиционално има подршка од Републиканската партија.
14 Додека економиите на петнаесетте земји кои беа дел од Европската Унија во 2000-та (ЕУ-15), ќе продол-
жат да растат се до 2040 година, тие нема да бидат во можност да одговорат на растот кој ќе се случи во
Јужна и Источна Азија, тврди Фридман. Како резултат на таквиот развој, сегашниот јаз меѓу богатството на
Кина како држава и просперитетот на нејзините граѓани, сосема ќе исчезне. Економистот Фогел, исто така,
забележува дека во моментов кинескиот бруто производ по глава на жител е околу пет пати помал од оној во ЕУ. Но мнозинството од денешните генерации Европејци ќе го доживеат моментот кога просечниот кинески граѓанин ќе биде два пати побогат, а веројатно и поздрав од просечниот Европеец (Fogel, 2004)


 

овој век воопшто не е розова. Глобалната улога на земјите членки на ЕУ, особено на
старите, како и повеќето мали нации, во втората половина на 21-от век ќе биде безна-
чајна. И улогата на Кина во светот ќе се намали, бидејќи околу 2020 година, оваа голе-
ма нација ќе биде фрагментирана. Азискиот континент како целина ќе остане на пери-
феријата на светските работи. Жално, но кинеската трагедија се чини неизбежна, но са-
мо ако веруваме во проекциите од Стратфор, се разбира.
Во средината на овој век Третата светска војна ќе се води помеѓу САД, Полска - како
нова регионална сила, и некои други американски сојузници, од една страна, и Турција
и Јапонија, како нови големи сили и нивните сателити, од друга страна. Се разбира, по
тешките битки, САД ќе биде победник во оваа голема војна. Дваесет и првиот век е
американска ера (како што минатиот век беше европска ера). Но, до крајот на 21-от век,
Мексико како растечки џин ќе го предизвика северниот остарен сосед.
Да резимираме: за Фридман и неговите соработници од Стратфор, следната (трета)
светска војна е неизбежна. Американците повторно ќе бидат главни победници. Не-
мојте да се смеете, Ве молам!
Секако, многу е лесно книгата на Фридман, која 21-от век го нарекува Американска
ера, да се класифицира како пропаганда за американската воена супериорност, насоче-
на главно на домашниот аудиториум, но, по наше мислење, тоа не е фер заклучок. Се
разбира, проекцијата Фридман не е толку прецизна како пресметките направени врз
основа на показателите за макроекономските трендови, па можеби, таа би можела да
биде соодветно обележана како геополитичка фантазија. И самиот Фридман ги
замолува читателите да не ја земаат неговата прогноза премногу сериозно, а
истовремено ги повикува да не ја перцепираат како премногу имагинарна, потсетувајќи
на тоа дека човечката историја познава многу случаи кога научната фантастика од
книгите се остварила. Некои од неговите претпоставки, идеи и заклучоци ќе бидат
накусо продискутирани и ќе ни ја потврдат нашата дијагноза.
Прво, Фридман тргнува од основната идеја дека 21-от век е век на војна, не на мир,
и ова е појдовна точка во конструкцијата на целата негова проекција. Затоа неговото
внимание беше посветено на одржувањето на глобалната доминација на Соединетите
Американски Држави.
Мирот и градењето на мирот не се од интерес за Фридман. Тој зборува за мобилизи-
рање на својата нација заради добивање на војните во 21-от век. ,,Освојувањето на ми-
рот“ не е негова тема. Мировните мисии на ОН ќе бидат неефикасни во 21-от век. Ова е
ставот на лидерот на Стратфор. Во книгата на Фридман, читателот не може да сретне


 

пасоси посветени на градењето на мирот.15 Употребата на терминот градење
на мирот (peace-building) во текот на децениите по завршувањето на Студената војна,
најави пренесување на вниманието на меѓународната заедница од вториот тренд, кој ја
нагласуваше способноста на учесниците вклучени во зафатот „победа во војната” и се
манифестираше во текот на историјата на човештвото, кон првиот тренд претходно
именуван како ,,освојување на мирот“ (‘winning the peace’). Непотребно е да се каже де-
ка таквата способност не се потпира исклучиво на употреба на воена сила, туку и на
другите инструменти на политиката, како дипломатијата, мерките на економски
блокади и др.
ОН и другите меѓународни тела реагираат остро на меѓународните кризи и на ло-
калните конфликти кои можат да се прелеат во локални војни, со што ќе ја загрозат ре-
гионалната или глобалната безбедност. Сепак, аналитичарите се согласуваат дека клуч-
ните конфликти се згаснати по Студената војна, а во мировните операции се кријат
одредени интереси на големите сили, зад површината на дебатите водени внатре во
рамки на ОН (Rukavishnikov, 2001). 16
Преминот од војна до стабилни мирни услови е тешка задача и често бара многу
време и ресурси (Collmer, 2009). Во случајот на Ирак, на пример, периодот на транзи-
ција од војната започна уште во 2003 година и сѐ уште трае, односно мирот се гради
веќе седум години, всушност овој транзициски период не е завршен до истекот на
времето на пишување (септември-октомври 2010), и покрај декларираното повлекување
на американските борбени единици од оваа земја на крајот на летото 2010 година.
Транзицијата ,,од војна во мир“ речиси секогаш има негативни колатерални ефекти.
_____________________________
15 Тука треба да се напомене дека терминот градење на мирот (peace-building) се најде во широка употреба
по 1992 година, кога Бутрос Бутрос Гали, тогашниот Генерален секретар на Обединетите нации, го употре-
би во своето обраќање насловено како Агенда за мир (Boutros-Ghali, 1992). Од тогаш, терминот тој стана
широко користен, но и понатаму остана лошо дефиниран и чес¬то се меша со други термини на мировните
студии, како што е ,,одржување на мирот“, итн. (Rukavishnikov, 2001). На кратко, станува збор за капаците-
тот на меѓународните органи, разни невладини организации и така натаму, за изградба на политичките
структури и институции, за воспоставување на одржлив процес на помирување и помирни односи меѓу ри-
валите во дадената држава или регион. Станува збор за сè поголемата важност на ,,освојувањето на мир по
војната“ и затоа акцентот е на поголемата побарувачка за актерите кои се во состојба ефикасно да раково-
дат со транзицијата од војна кон одржлив и траен мир (Stepanova, 2004 ).
16 ON распоредуваат мировници од 1948 година, но Големите сили всушност се активираат во областа на
одржувањето на мирот по крајот на Студената војна. Во 1990-тите, по интервенцијата на НАТО во Југосла-
вија, експертите почнаа да зборуваат за т.н. “американизација на чувањето на мирот”. Пост-советска Русија
во раните 1990-ти дејствуваше како мировник на територијата на поранешниот СССР. Руските (или ЗНД)
мировниот персонал соработува со воените набљудувачи и мировните мисии на ОН и ОБСЕ во многу од та-
канаречените „жешки зони“.


 

Воената интервенција предводена од САД по окупацијата на Ирак од страна на
мултинационалните сили, е пропратена со непрестанато растење на тензиите во целиот
регион, како и со огромен раст и прилив на наркотици во Русија преку таџикистанско-
ирачката граница.
Војната и мирот во 21-от век, очигледно, се разбираат на неверојатно различни на-
чини од страна на војската, политичарите, научниците, писателите и пошироката јав-
ност. Сите се согласуваат дека, сепак, војната, по дефиниција е најчесто многу насилна
и крвава. Мирот најчесто се дефинира како слобода од војна. Затоа, обидите да се
искористат сите расположливи средства за да се избегне трансформација на некаков
спор во војна станаа дел од меѓународната практика.17 Останува надежта дека оваа
тенденција ќе се зајакне во 21-от век и покрај мрачните прогнози за неизбежната трета
светска војна.
Фридман, можеби не може да се нарече јастреб, но не е ни галеб, уште помалку га-
леб на мирот. Но, може со сигурност да се каже дека тој е голем патриот на САД, а кни-
гата е рефлексија на постоечките стравови и соништа на оваа голема нација, или барем
на дел од нејзината елита. Фридман ги експлоатира стравовите раширени меѓу дел од
Американците (или можеби кај лицата кои се на негова возраст), за тоа кои се вистин-
ски американски ривали и зошто. Но, од неговите фантазмагорични проекции многу
лесно може да се извлече заклучокот дека, всушност, САД чувствуваат екстремна недо-
верба во главните сојузници од НАТО, со исклучок на Велика Британија и Полска, како
и дека Турција и Јапонија, порано или подоцна, ќе ја предводат групата на можни ,,пре-
давници“. Самата појава на неговата прогноза значи дека сеќавањето за трагедијата
Перл Харбур е сѐ уште живо и потајно ја труе популарната визија за американските од-
носи со Јапонија и со други сојузници. Дали книгата е обид да се привлече вниманието
на американските власти за можно „предавство” од најблиските партнери во големата
војна на претстојната иднина, како што некои критичари ја нарекуваат (Tinsky, 2010)
или не, тешко е да се каже.
Второ, во книгата „Следните сто години” авторот ја обновува старата идеја за ,,војна
на ѕвездите“ (‘star wars’). За потсетување треба да се каже дека постои меѓународен до-
говор со забрана за милитаризација на вселената, вклучувајќи ја и Месечината, потпи-
шан во втората половина на 20-от век. Дали прогнозата за ,,војна на ѕвездите“ е само
сигнал дека дел од земјите се веќе подготвени повторно да постават смртоносно оружје
во вселената? Дали оваа книга е апел до властите на САД да ја милитаризираат вселе-
ната уште сега, и покрај забраната?
__________________________________
17 Слично на тоа, постои консензус меѓу аналитичарите дека конфликтите не можат да се разделуваат од
нивните политички и социјални извори, историски корени, итн.


 

Анализата на сценариото на третата светска војна во пишувањето на Фридман,
индицира начелен заклучок според кој, подготвувајќи се за ,,војна на ѕвездите“, Амери-
канците не можат целосно да се заштитат себеси и своите сојузници против моќните
воени машинерии кои можат да навлезат во американскиот одбранбен систем. Можеби,
единствениот рационален одговор на алармантните прогнози на Фридман е апелот за
зајакнување на меѓународната контрола врз мирното користење на вселената од страна
на сите држави на планетата Земја.
Трето, Фридман користи некои од базичните идеи на геополитиката, како и многу
други западни прогнозери пред него, но во основа се фокусира главно на демографс-
ките, а не на економските трендови, како круцијални точки за предвидување на
иднината. Делото на Фридман не ја фали ниту демократијата, ниту слободната пазарна
економија, но го свртува вниманието кон забавувањето на светскиот прираст на
населението, на неправилностите во локалните демографски процеси и др. Спротивно
на многумина автори, тој не посветува внимание на глобалното затоплување и на други
прашања за животната средина, како глобални предизвици на 21-от век, мислејќи дека
човештвото ќе се справи со овие проблеми како што се справуваше со глобалните зака-
ни во претходните епохи. Освен тоа, нема ниту збор за менаџирањето на конфликтите.
Во меѓувреме, меѓународниот мир, економската глобализација, културниот развој и де-
мократијата меѓусебно се поткрепуваат и во денес, како што беше случај и во 20-от век.
Фридман како политолог и футуролог се разликува од други автори, кои исто така се
обиделе да ја предвидат иднината, но кои всушност се плашат од сегашноста, откажу-
вајќи се од старите догми (погледнете ја, на пример, огромната книга на Филип Бобит
(Bobbit, 2002). Тој отворено гледа напред и го претставува 21-от век како ера на трагич-
ни и крвави војни, а не ера на мирна соработка и интеграција. Ова е навистина застра-
шувачка слика на можната иднина.18 За среќа, денешните тенденции не ги потврдуваат
предвидувања на Фридман. Но, тој ја игнорира реалноста, бидејќи најверојатно е убе-
ден дека светот движејќи се напред во 21-от век неповратно ќе се промени.
Во врска со книгата на Фридман во целина, внимателениот читател може да посака
да формулира провокативно прашање: Дали оваа проекција е некој вид на фројдовски
лапсус (што е мислење на Тински), или не? Читателот може да ја почувствува добро
скриената омраза на авторот кон поранешните и сегашни ривали на САД. Американски-
от футуролог не верува ниту во „ресетираното” партнерство меѓу САД и Русија, ниту пак
во сојузот меѓу САД и континентална Кина. Поедноставено кажано, Фридман не ја пер-
цепира Русија за непријател во иста смисла во коа тоа беше поранешниот СССР, туку
______________________________
18 Овој факт не ја намалува силата на мојата убеденост дека долгорочно предвидување навистина не може
да се направи, иако обидите се разбирливи.


 

како опасен противник. Тој нема доверба и во Кина. Во спротивно не може да се објас-
ни зошто авторот на книгата ,,Следните 100 години“ предвидува нова Студена војна, не-
успех на Русија и фрагментација на НР Кина.
И, конечно, би можеле да го поставиме и следново прашање: дали задачата на ,,ос-
војување на мирот по војната“ е конечно напуштена од американското водство поради
неуспехот на САД во Ирак и веројатно во Авганистан, каде што војната против Талибан-
ците е далеку од успешно окончување? Такво прашање се наметнува од големото
Фридманово потенцирање на целта за победување во американските војни, а не на
трендот на ,,победнички мир“ (‘winning peace’).


6. Политички претпоставки и воено планирање

Прво, геополитичката проекција е неопходен темел во планирање на одбраната на
секоја држава. Ретко кој би се спротиставил на оваа теза. Сепак, не треба да се забора-
ви дека различни политички одлуки може да креираат неосновани очекувања, и дејст-
вувајќи заедно, да резултираат во промена на геополитичкиот контекст во догледна ид-
нина. Накратко, секоја геополитичка прогноза е неизбежно пристрасна, но во прв мо-
мент, дури и со таква лоша прогноза не мора да е толку лоша за планирањето на од-
браната. Некои велат дека предизвикот е да се ублажат ризиците и да се создадат усло-
ви за справување со неизвесноста, а не таа да се елиминира, но за жал тие забораваат
да објаснат како овој ,,мудар совет“ може соодветно да се спроведе во военото плани-
рање (Gray, 2008).
Второ, геополитичките предвидувања секогаш се базирани на одредени политички
претпоставки, национални стереотипи, стравови и митови. Понекогаш не е лесно да се
откријат скриените идеи или политички претпоставки да се направат експлицитни. Ана-
литичарите може и да не знаат кои политички претпоставки и идеи се користеле од
страна на прогнозерите. Некои додаваат и дека политичките претпоставки можат да би-
дат доста пермисивни и инклузивни. Тоа е точно, но точно е и тоа дека лошите претпос-
тавки ги потпираат политичките насоки во планирањето на одбраната. Други велат дека
подобро е да се има дури и кобни визии за иднината, отколку да не се прават ниту оби-
ди за предвидување на можните начини за развој на ситуацијата. Понекогаш стратеш-
ките аналитичари го занемаруваат ова правило, а превидот може да чини скапо. А ова
не е оправдување за да не се користи добро познатата фраза ,,во догледна иднина“.
Трето, Русите во моментов се повеќе фокусирани на внатрешните државни вооруже-
ни судири, отколку на меѓудржавни војни во догледна иднина. Општо земено, мнозин-
ството Руси го делат мислењето дека 21-от век ќе биде ера на мали војни и бројни ло-
кални конфликти, предизвикани главно од меѓуетничките противречности, додека голе-


 

мата нуклеарна војна, односно третата светска војна е практично невозможна. Постои
една стара мудрост која гласи: Последната работа која било која земја може да ја поса-
ка е војната. За Русите ова со сигурност е точно.
Четврто, воените експерти во оваа земја зборуваат за примена на мирот и мировни-
те операции, земајќи ги предвид „замрзнатите” конфликти во ,,блиското соседство“ како
потенцијални ,,жаришта“. Воените експерти, во оваа држава како и во која било друга,
ја следат едноставната идеја: „Иако не сакаме да се поттикне непријателство, ризикот
од прекумерена воената подготовка е мудро да се преземе, бидејќи тоа е многу подоб-
ро од коцкањето со недоволна подготовка“ (Gray, 2010). Тоа е разбирливо, бидејќи секо-
гаш е подобро да се направат помали грешки во предвоеното планирање, отколку голе-
ми грешки во воените дејствија. Зад военото планирање секогаш стои националниот
интерес. Ова е поента вредна да се истакне. А ова е и потсетник дека военото планира-
ње секогаш се базира врз политичките претпоставки на елитите и јавните стравувања-
та. Сепак, зборувајќи во јавноста, експертите претпочитаат да се осврнуваат на нацио-
налната безбедност и слична реторика.
Опстанокот на нацијата или на државата е број еден на листата на националните
приоритети. Ако некој конкретен конфликт може да се смета како закана за постоењето
на дадената нација, националната држава или нејзините соседи, тогаш ситуацијата ста-
нува навистина алармантна. Тоа е причината зошто мислењата на руските експерти ста-
нуваат опречни кога тема на дискусијата се можни сценарија за воени конфликти или
идни војни во кои руските сили би можеле да бидат ангажирани.19
Никој во светот не може да предвиди нови големи војни, како на пример: воени су-
дири меѓу Руската Федерација и ЕУ, САД и Јапонија или Народна Република Кина и Ин-
дија (секако, овде не станува збор за проекциите кои се однесуваат на Талибанците и
т.н. асиметрични војни). Сите, сепак, се согласуваат дека политичките настани во пора-
нешната советска Централна Азија (Киргизстан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан)
и алармантните случувања на Блискиот Исток (во основа во Ирак, Авганистан, Иран,
Турција итн.) заедно со долгогодишниот палестинско-израелски и кашмирски конфликт
ќе ги детерминираат природата и карактерот на односите меѓу клучните светски ак-
тери. Веројатно, Големите сили ќе најдат начин на прагматична соработка, обединување
на напорите во борбата против глобалните закани и предизвици, и тогаш односот по-
меѓу овие земји ќе се развие во долгорочно партнерство. Ако не, глобалната безбедност
ќе биде во опасност.
_____________________________________
19 Руските медиуми, на пример, живо ги дискутираат прашањата за какви војни Русија мора да биде
подготвена во догледна иднина (Baranets, 2006).


 

7. Заклучок


За да се разбере 21-от век, потребно е да се разбере зошто доаѓа до војни, кои војни
ќе се водат и за што, па дури и повеќе од тоа. Глобализацијата - економската и култур-
ната, го намалува значењето на националните граници. Предвидувања зaсновани на ек-
страполација не функционираат денес. Дури и во економијата, научниците се во
можност да направат или краткотрајна прогноза или прогноза со среден временски
дострел. ОН го губи авторитетот во глобалната политика. Се чини дека можните визии
за идниот светски поредок почесто зависат од промените, отколку од стабилноста на
геополитичкиот пејзаж. Таканаречениот „здрав разум” не може да помогне во разбира-
ње на иднината. Доволно е да се замисли денешната карта на светот обоена во различ-
ни бои според степенот на непријателство/ пријателство vis-à-vis СССР во 70-те години.
Оттука, голем број на т.н. „геополитички прогнози” наликуваат на едноставни детски
фантазии, и покрај декларираните цели и намери на нивните творци, кои претендираат
да ги идентификуваат политичките, социјалните, економските, културните и воени тен-
денции и геополитичките пречки кои ги ограничуваат можните случувања, како и да ги
предвидат главните настани кои може да се случат во набљудуваната иднина.
И прогнозата на Фридман, исто така, припаѓа на жанрот на геополитичките фанта-
зии. Анализирајќи ја геополитичката фантазија на Фридман ги откривме скриените
идеи и претпоставки за американските национални интереси, потенцијалните перцеп-
ции за заканите и можните реакции, базирани на комбинација од стравови, системи на
верување и толкување на трендовите. Треба да се стави акцент на самиот факт дека
еден од најинклузивните футуристи со шокантен поглед на она што лежи пред САД и
светот, всушност, не обрнува никакво внимание на меѓународниот мир, додека се оби-
дува да ја мобилизира нацијата да се соочи со можните опасности во иднината која до-
аѓа. Конфликтниот менаџмент е надвор од неговата прогноза!
Општиот предизвик е да се биде свесен за националните стереотипи и други реле-
вантни прашања. Сепак, никој точно не знае како ќе изгледа дури и релативно далечна-
та иднина (онаа преку 10 години). Се разбира, никој не може да обезбеди прогноза на
идниот развој на настаните, а да е ослободен од предрасуди, пристрасни ставови или
фиксни политички убедувања и ставови длабоко вкоренети во националната историја и
митовите, затоа што и самиот футурист ги споделува основните разбирања за светот,
меѓународните односи, и е под влијание на националните истории и географии. Прог-
нозите за долгорочни периоди привлекуваат широко внимание на јавноста, не само по-
ради нивната елеганција, туку и затоа што тестирањето на нивната точност и остварли-
вост е невозможна за оние кои ги читаат. Само следната генерација ќе биде во можност


 

да ја провери точноста на предвидувањата. Се разбира, генерацискиот јаз постои, и
никој не знае со што точно ќе се соочува една држава во ера на страв и неизвесност.
Тековниот 21-ви век, не е веројатно дека ќе биде Американска ера. Непрекинатата
линија на вооружени судири во текот на првата деценија на 21-от век, јасно го изложи
лимитот на мировните напори на ОН, Африканската унија, ОБСЕ и другите меѓународни
безбедносни организации, но и неефикасноста на американскиот унилатерализам, од-
носно неуспехот на американскиот начин на управување со светот.20

Користена литература

Friedman George (2009). The Next 100 Years. A forecast for the 21st century. New York: Anchor
Books, 2009.
Fergusson Niall (2010). “America, the fragile empire”. The Los Angeles Times, February 28, 2010
(was available on the LAT web-site in February 2010).
Fogel Robert W (2007). Capitalism and Democracy in 2040: Forecasts and Speculations. NBER
Working Paper No. 13184, June 2007.
,,Robert Fogel is optimistic about China” (unknown author, 2007),. web-site ‘Marginal Revolution’
www.marginalrevolution.com/marginalrevolution/2007/06/robert_fogel_is.html
,,The death of America” (unknown author, 2010), http://e2000.kyiv.org/2000/america.htm
Maginnis Robert (2010), ,,Winning the New Cold War”, web-site http://www.humanevents.
com/article.php?id=38425
Khramchikhin Alexander A. (Храмчихин A.A., 2010). ,,The inadequate Response (Неадекватный
ответ)” . Independent Military Review (Независимое Военное Приложение), July 23,2010 (in
Russian); http://nvo.ng.ru/news/2010-07-23/1_vostok.html
Fogel Robert. (2004) The Escape From Hunger and Premature Death, 1700-2100: Europe,
America, and the Third World. Cambridge University Press, 2004.

Boutros Boutros-Ghali (1992). An Agenda for Peace: Preventive Diplomacy, Peacemaking and
Peace-keeping. UN Document A/47/277 - S/241111, 17 June 1992 (New York: Department of
Public Information, United Nations) 1992.
Rukavishnikov Vladimir (2001). Peacekeeping and National Interests. COPRI Working Paper
20/2001. Copenhagen: Copenhagen Pease Research Institute, 2001.
Stepanova Ekaterina (2004). War and Peace-building. The Washington Quarterly, Vol.27, No. 4,
August 2004, pp. 127-136.
Collmer Sabine (ed.) (2009). From Fragile State to Functioning State. Berlin: Lit, 2009.
Тинский Григорий, ,,Мечты Фридмана: американский век, азиатский кризис, распад России#,
website: warandpeace.ru
Баранец Виктор, ,,К каким войнам должна быть готова Россия#, Комсомольская правда,
2006. On web-site: http://kp.ru/daily/23721.5/53925/
Rukavishnikov Vladimir, Russia’s “soft power” in the Putin’s epoch. Ch. 4 In: Kanet R. (ed.)
Russian Foreign Policy in the 21st century. Palgrave, 2010, pp. 76-97.
Bobbitt Philip, The shield of Achilles: war, peace, and the course of history. Knopf, 2002.
Gray Colin S., ,,The 21st Century Security Environment and the Future of War#. Parameters, Winter
2008-09, p. 14- 26. http://www.carlisle.army.mil/usawc/parameters/Articles/08winter/
gray.pdf

_________________________________________
20 Сите мировни акции и активности за спроведување на мирот имаат за цел да го обноват и да го одржу-
ваат мирот и безбедноста во конфликтната област. Меѓународните власти треба да обезбедат правна осно-
ва за спроведување на таквите операции. Понекогаш мировна операција на ОН, не е дозволена поради су-
дир на мислењата на членовите на Советот за безбедност, во одредени случаи во САД делуваа еднострано
или заедно со мал број на нации. Во текот на последната деценија, НАТО постепено бил вклучен во амери-
канските операции во Авганистан, како новиот политички мотив за Алијансата.