РАДИКАЛНИОТ ИСЛАМ: РЕАЛНА ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА БАЛКАНОТ

Print

Ненад ТАНЕСКИ
297:355.45(497)

 

АПСТРАКТ

Голем број безбедносни проблеми и закани во современиот свет се по-
врзани, на еден или друг начин, со исламскиот фундаментализам и него-
вата доктрина и политика. Не поради тоа што исламот сам по себе е склон
кон конфликти и насилство, туку поради тоа што мнозинството од фунда-
менталистичките движења, од Хезболах и Хамас на Блискиот Исток, преку
Бин Ладен и неговите соборци во Авганистан и насекаде низ светот, па до
Абу Сајафовата група на Јужните Филипини, имаат заклетва дека нивниот
„пат“ може да се оствари само со насилство. Впрочем и 9 од 10 најактивни
терористички организации се исламистички, што укажува на фактот дека
исламскиот фундаментализам е една од главните безбедносни закани во
светот. Иако исламот е вкоренет уште од времето на Турската Империја,
сепак, во времето на распадот на Југославија, поточно војната во Босна, од
арапските држави беше увезен радикалниот ислам. Во периодот од 1992-
1995 година трајно се населуваат светите воини, муџахедини, кои поната-
му во времето на конфликтите на Косово и во Македонија дејствуваат на
овие територии од поранешна Југославија. Нивните активности претставу-
ваат реална закана по безбедноста на државите на Балканот.

Клучни зборови: безбедносни закани, радикален ислам, тероризам, ек-
стремен национализам, Балкан

ABSTRACT

Numerous security problems and threats in the modern world are, one
way or another, related to the Islam fundamentalism i.e. its doctrine and politics.
The reason is not to be found in the Islam itself as (allegedly) religion
that promotes conflicts and violence. The explanation lies rather in the fact
that the majority fundamentalist movements, from Hezbollah and Hamas in
the Middle East to Bin Laden and his followers in Afghanistan and elsewhere


 

in the world, as well as Abu Saif’s group in the South of Philippini, act on the
basis of the belief that their “way” can be realized only through violence. Moreover,
9 out of 10 most active terrorist organizations have Islamist background,
which is enough to classify this fundamentalism as one of the major
security threats in the world. The Islam arrived in the Balkans with the spread
of the Ottoman Empire, but the radical Islam is a novelty that coincided with
the dissolution of ex-Yugoslavia, or more precisely during the Bosnian war, directly
from the Arap states. In the period of 1992-1995 there was an influx of
the holy warriors (mujahedins), who later got involved also in the conflicts in
Kosovo and Macedonia. Their activities represent real security threat for the
states in the Balkans.

Key words: security threats, radical Islam, terrorism, extreme nationalism,
the Balkans

1.Радикалниот ислам на Балканот како закана за Македонија

Според Кенет Морисон вехабизмот е увезен на Балканот. Радикалното исламистичко
движење пристигна на Балканот со војната во Босна за време на деведесеттите. Со цел
да се опише ситуацијата на босанските муслимани еден од соработниците на Бин Ла-
ден, Насир Ахмад Насир Абдалах ал-Бахри, познат како Абу Џандал, кој учествуваше во
војната во Босна изјави:
„Комунистичката идеологија ги избришала сите симболи на исламската религија и
сфаќањето за исламот. Ние видовме млади муслимани кои носат крст на нивните вра-
тови без да знаат што тоа значи, иако тие доаѓаат од муслимански фамилии и имаат
муслимански и арапски имиња. Тие имаа игнорантски однос кон исламот. Оттука сфа-
тивме дека обврската што ни се наметна во Босна е побитна од мисијата да се бориме,
за која што дојдовме. Па така сфативме дека иако дојдовме да ги научиме да војуваат
ние сепак имавме обврска да ги научиме на нивната религија”.1
Иницијалната причина за доаѓањето на луѓето како Ал Бахри на Балканот, беше да
им се помогне на нивните браќа муслимани во Босна. Откако во Босна дојдоа поголем
______________________________
1 Morrison Kennet, Wahhabism in the Balkans, Advanced Research and Assessment Group Balkans Series
08/06 (Swindon, UK: Advanced Research and Assessment Group, 2008), стр. 2, достапно на http:// www.
da.mod.uk/colleges/arag/document-listings/balkan/08(06)KM.pdf/view, датум на пристапување 12.02.
2010 година


 

број муџахедини, тие решија да останат во Босна, се оженија со босански жени и добија
босанско државјанство. Подоцна, со зголемувањето на вахабистичките групи во регио-
нот, тие се проширија во регионот, на териториите претежно населени со муслиманско
население, како Санџак, Косово, Црна Гора и Македонија, демонстрирајќи дека вахабис-
тичкото движење се шири низ Балканот.2

Карта на прилив на Муџахедини во Босна од 1992 до 1995 година3
Првиот чекор во откривањето на Џихадот во Косово е направената анализа на НАТО
и КФОР со наслов „Косово во фокусот на интересирањето на исламските екстремисти”.
Во неа јужната српска покраина е означена како рута за екстремистите кои доаѓаат од
Заливот на исламските земји во Европа, користејќи ја слабата гранична контрола на Ко-
сово, како и речиси непостоечкото владеење на законот во покраината. Исто така, Косо-
во е означено како потенцијален терен за регрутирање на исламски екстремисти. Голем
број млади муслимани кои живеат во беда и сиромаштија се идеален плен во рацете на
терористичките работодавци. Градот Призрен е идентификуван како примарен центар
на исламскиот екстремизам во Косово, а Екрем Авдија од јужниот дел на Косовска Мит-
ровица е еден од главните пропагатори на радикалниот ислам во покраината.4 Од по-
______________________________
2 BIRN, Raid of Wahhabi „Camp” Raises Tensions in Sandzak, достапно на http://www.birn.eu.com/
en/75/102496/ датум на пристапување 20.12.2009 година
3 Oluic Steven, US Military Academy, „Radical Islam on Europe’s Frontier - Bosnia & Herzegovina“ , Oluic, 2006,
стр. 39.
4 Deliso Christopher, ”The Coming Balkan Caliphate”, London, 2007, стр. 66


 

себно значење се информациите проследени од страна на Томас Гимбл, поранешен
шеф на разузнавачката служба на ОБСЕ на Косово во период од 1999-2004. Во декем-
ври 2006 година, тој тврдеше дека Косово е најголемиот резервоар на џихадски теро-
ристи во светот, а Ал Каеда вложува огромни количини пари во регионот. Според него-
вите извори Саудиска Арабија, Иран, Ал Каеда и Хезболах, заеднички работат на вос-
поставување исламска војска во Европа, составена дури од 75.000 војници. Регрутните
центри се наоѓаат во новите изградени џамии ширум Косово, Македонија, Босна и Ал-
банија, изградени на трошок на арапските земји.5
Според разузнавачките извори на ОБСЕ, мрежата на Ал Каеда на Косово достигнала
огромен оперативен капацитет. Во обуката се користи пакистанскиот метод на индок-
тринација во џамиите и верските училишта во Албанија, Косово, јужна Србија, Македо-
нија и Црна Гора. Во Косово арапските хуманитарни организации пружаат помош на
месното население доколку постои согласност за изградба на нови џамии. Проповедни-
ците во овие џамии често се воени инструктори. Овие инструктори се ирански и ирачки
воени личности, како и припадници на Ал Каеда кои се бореле против САД во Авганис-
тан. Низ верските обреди се предава за воена обука во градска борба и за користење
софистицирани оружја и експлозиви.
Како параван за воспоставување на исламските терористички ќелии се користат
арапските хуманитарни организации. Албанците постепено ги прифаќаат новите оби-
чаи, почнувајќи со молење по петпати на ден. Во новите џамии има нови проповедници
кои се разликуваат во однесувањето и физичкиот изглед од стариот мулах и имам. Ис-
ламските екстремисти кои доаѓаат од Блискиот Исток и Централна Азија, внимателно се
координираат при формирањето на нивната терористичка мрежа во Македонија и Ко-
сово. Исламските екстремисти имаат три центри на операции: 1. Скопје, северо-запад-
ниот дел на Македонија, 2. Тирана (Албанија) и 3. Косово. Секоја година околу 200 мла-
ди Албанци од трите центри добиваат образование во Саудиска Арабија, на трошок на
саудиската влада. Најистакнати активни исламски невладини организации на Косово се:
1. Саудискиот комитет за помош на Косово,6 2. Исламската хуманитарна фондација Ел
Харамеин,7 3. Ал Вакх ал Исламија, 4. Глобален совет на млади муслимани,8 5. Исламски
________________________
5 Vladislav Gulevich, “Balkans: US-Style Wahhabism”, en.fondsk.ru – 04.11.2009 dostapno na http://www.gabibn.
com/IMG/pdf/Re3-_Balkans_US-Style_Wahhabism.pdf
6 A COMPREHENSIVE REPORT PUBLISHED IN RIYADH ABOUT THE ACHIEVEMENTS OF THE SAUDI
COMMITTEE FOR THE RELIEF OF KOSOVO AND CHECHNYA, достапно на http://www.ainalyaqeen.com/
issues/20000505/ feat8en.htm датум на пристапување 23.01.2010 година
7 Islamskata humanitarna fondacija El Haramein, достапно на http://www.satp.org/satporgtp/ajaisahni/
NewTheme0703.htm датум на пристапување 22.02.2010 година


 

меѓународен фонд за помош,9 6. Глобална фондација за помош,10 7. Друштво за оживу-
вање на исламското наследство11 и 8. Калири Ил Мерилис ,,повеќе добрина”. Овие орга-
низации претставуваат основна база за оперирање на Ал Каеда на Косово. За јавноста,
организацијата се занимава со образование и пружа медицинска помош на луѓето во
Косово, а во реалноста организацијата им плаќа на луѓето да го следат исламот. Најго-
лемиот дел на нивните активности е промоција на исламското фундаменталистичко
убедување и финансирање на исламските радикали со помош на хуманитарни донации.
Најважна логистичка база на исламскиот екстремизам се новоизградените џамии во
кои се проповеда вехабизам или со други зборови идеологија на милитантен ислам.12
Ќелии на Ал Каеда во Косово,Албанија и Македонија
извор: http://www.serbianna.com/columns/mb/035.shtml
Низ оваа таканаречена хуманитарна мрежа, оперативците на Ал Каеда делуваат во
два правци. Тие работат со албанските терористички и криминални организации, од ед-
на страна создаваат силна база на џихадот помеѓу албанското и другото муслиманско
население од друга страна. Проповедањето на идеологијата за вахабизмот во новоиз-
градените џамии, е патоказот за новите верници финансирани од Ал Каеда. Верските
_________________________________
8 GIYC Global Islamic Youth, достапно на http://www.giyc.com.au/html/index.php?categoryid=1 датум на
пристапување 11.02.2010 година
9 Islamic Aid , достапно на http://www.islamicaid.org.uk/aboutus.html, датум на пристапување 24.01.2010
10http://www.globalaidfoundation.org/ датум на пристапување 11.01.2010 година
11 Deliso Christopher, ”The coming Balkan caliphate: the threat of radical Islam to Europe and the West” ,
Westport, 2007, стр. 31
12 Gold Dore, “SAUDI ARABIA'S DUBIOUS DENIALS OF INVOLVEMENT IN INTERNATIONAL TERRORISM”, No.
504, 5 Tishrei, 5764 / 1, October 2003, достапно на http://www.jcpa.org/jl/vp504.htm датум на
пристапување 13.01.2010 година


 

школи се користат за запознавање на младите муслимани со идеологијата на милитант-
ниот ислам, а и за каналите за шверц на оружје и терористи на Косово. Примарна мета
се тинејџерите и децата без родители на кои им плаќаа од 300 до 500 долари за да би-
дат „добри муслимани”. Исламската заедница на Косово нема никаква контрола врз
подрачјата каде што делува Ал Каеда.
Како и во случајот на Косово, креатор на нестабилноста во Албанија беше Ал Каеда
во 1990-тите. Неквалитетна внатрешна безбедност, лошата гранична контрола и висо-
ката стапка на криминал произведоа средина погодна за терористички активности. Не-
кои странски исламски екстремисти, Албанија ја користеа како засолниште и притоа се
здобија со албанско државјанство. Некои поранешни албански официјални претставни-
ци се линк за одржување на врските со овие странски екстремисти. Исламски невлади-
ни организации, некои од нив фронтови на Ал Каеда, биле основани во Албанија по па-
дот на комунистичкиот режим во 1991 година. Ситуацијата се влошила во текот на гра-
ѓански немири во Албанија во 1997 година, при што со падот на централната власт го-
леми воени магацини беа ограбени. Војните во соседно Косово во 1999 година и Маке-
донија во 2001 година, исто така, имаа негативно влијание врз стабилноста на Албанија.
Терористички закани во средината и кон крајот на 1990-тите години предизвика
привремено затворање на Амбасадата на САД во Албанија и на откажувањето на пла-
нираната посета на Албанија од страна на високи американски претставници. Во 1998
година, Албанија и САД го спречиле планираниот напад врз американската амбасада во
Тирана, од страна на Ал Каеда, при што биле уапсени неколку личности на Ал Каеда.13
Меѓутоа, на 10 декември 2005 година, еден од најрадикалните следбеници на џи-
хад-терористите, поранешен директор на Албанската разузнавачка агенција, Башким
Газидеде, се врати во Албанија. Од 1992 – 1997 година, со поддршка од тогашниот
претседател Сали Бериша, работел како прв разузнавач. По изборите во јуни 1997 па сѐ
до 2001 година бил во бегство и бил обвинет за злосторства против човештвото. Гази-
деде се сметал за екстремен фундаменталист, кој и понатаму имал блиски односи со
екстремни исламисти и со членови на меѓународата терористичка организација Ал Кае-
да. Тој ги поддржувал исламистите на Балканот и тој бил главен организатор за превоз
на волонтерите Албанци кои се придружија на исламистичкте терористи во Чеченија. Во
1996 година, го донел Осама бин Ладен во Албанија и Косово. Башким Газидеде исто
така ја предложил Албанија за прием во Исламската конференција. Башким Газидеде
бил врска помеѓу турската разузнавачка агенција (МИТ) и ШИК од Косово, а исто така
ги задржува многу блиски односите со лидерот на албанската ШИК, Џавит Халити. Со
неговите исламистички и криминални канали, успеал да организира транспорт на голе-
_______________________________
13 9/11 Commission Report, стр. 127.


 

ма количина хероин, со што обезбедил финансиски средства за активностите на ислам-
ските фундаменталисти на Балканот. Средствата се користеле и за поддршка на црни
операции на ШИК (албанското разузнавање). Водечкиот агент на ШИК и поранешен
припадник на УCК, Џавит Халити на 17 ноември 2005 година е уапсен од сириската др-
жавна безбедност во Дамаск. Халити е обвинет како припадник на Ал Каеда, со задача
да формира ќелии и регрутира припадници на „белата Ал Каеда” на Балканот.14 Блиски
соработници на Халити се Азема Суља и Рифа Хаксхијај, осомничени за воени злосторс-
тва и тероризам, со блиски врски со Хашим Тачи.15

2. Албански екстремен национализам

Уште од стекнување на независноста, Македонија се соочуваше како со внатрешни
така и со надворешни предизвици. Во овој дел ќе ги објаснам внатрешните предизвици.
Ќе се обидам да го опишам опкружувањето и албанскиот екстремен национализам, не-
говата агенда, целите и манифестацијата во Македонија. Мојата интенција не е да ги
претставам етничките Албанци како насилни, туку да ги потенцирам прашањата и ас-
пектите од политичкиот и социјалниот живот, кои влијаат на благосостојбата на сите
граѓани во Р. Македонија и прогресот на земјата во Евроатланската интеграција.

2.1.Потекло

Албанскиот екстремен национализам е мотивиран од Пан-албанската идеја од 1878
година – проект за обединување на сите албански провинции во една автономна држа-
ва, со албански јазик и албанска национална армија. Во 1913 година Албанската држава
беше воспоставена, но не беа исполнети овие цели. За време на Втората светска војна
со помош на фашистичка Италија, Албанците успеаја да ја воспостават Албанија во „ис-
ториските и етнички граници на Голема Албанија”, вклучувајќи делови од Србија, Црна
Гора и Македонија. По Втората светска војна и ослободувањето од фашистичката оку-
пација, дел од оваа територија влезе во состав на Југославија. Од тогаш албанскиот екс-
тремен национализам постојано прави проекти за остварување на сонот Голема Алба-
нија.
Иако центарот на гравитација на албанската заедница во Југославија беше Косово,
сепак Албанците живееја и во неколку други републики вклучително и Македонија. Во
неколку обиди, со цел да ја подобрат нивната позиција во Југославија, 1960, 1980 и
________________________
14 Kosovo SHIK, Directly Linked With Albanian SHIK Intelligence Organization, Prepares for "Big Push" For Kosovo
Independence, Defense & Foreign Affairs Special Analysis – Monday, January 16, 2006
15 Hedges Chris, “Kosovo's Rebels Accused of Executions in the Ranks“, News York Times, June 25, 1999.


 

1998 година, албанската заедница од просторите на Југославија создаде мрежа за ал-
банските екстремни структури. Овие движења беа поддржани директно од Албанија.16

2.2.Пан-албански проект

Пан-албанската идеја беше родена од албанската Призренска лига, активна во пе-
риодот од 1878-1881 година. Во септември 1878 година Призренската лига усвои про-
грама за унификација на сите Албански провинции во една автономна држава со ал-
бански јазик и албанска национална армија. Примарната цел на Призренската лига бе-
ше да создаде политичка и воена структура за одделување на териториите населени со
Албанци, од Отоманската Империја и креирање независна албанска провинција како
вазална држава на Отоманската Империја. Во овој административен регион требало да
влезат Јанинскиот, Битолскиот, Косовскиот и Скадарскиот вилает. Од тогаш овој проект
претрпе неколку ревидирања во зависност од моменталниот развој на политичката си-
туација на Балканот. На сите проекти заедничко им е: сите Албанци на една територија.
Единствено различни се само стратегиите за остварување на целта.
Регионите кои се вклучени во проектите за Голема Албанија се секогаш истите: Ал-
банија, Косово, Западна Македонија (Република Илирида), Југоисточна Црна Гора (Ма-
лесија), Северозападна Грција (Cемерија). Првиот основен проект е познат како Голема
Албанија. Втората варијација е Големо Косово-обединување на Косово, Прешевската
долина и западна Македонија со центар во Приштина. Третата варијација на проектот е
Обединети Албански Држави. Овој проект би значел обединување на албанските регио-
ни во една федеративна обединета независна држава. Временската рамка за реализа-
ција на овој проект е 2013 година, стогодишнина од основањето на албанската држава.
За остварување на оваа цел беа формирани Ослободителната војска на Косово (ОВК) -
1998 година, Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац (ОВПМБ) и Осло-
бодителна национална армија (ОНА) - 2000 година. Крајната цел била припојување на
овие територии кон Косово. Во однос на Македонија платформата ги предлага приме-
рите на Швајцарија и Белгија, односно федерализација на Македонија, по што следен
чекор би бил отцепување.17 Истиот план се однесува и на Црна Гора. „Ослободувањето”
на грчките области Епир или Cемерија, се оставени за крај поради очигледни причини.
______________________________________
16 White Nicholas, Abratova Alexandrova Nadia and Allin H. Dana, The Macedonian Crisis and Balkan Security,
European Security Forym, Working Papers No. 2 (Brussels: Centre for European Policy Stydies and the International
Institute for Strategic Studies, July 2001) достапно на http://shop.ceps.eu/book/macedoniancrisis-
and-balkan-security датум на пристапување 12.01.2010
17 Balkaninsight.com, Albanian Mayor Suggest Bi-National Macedonia, April 2009, достапно на http://
www.balkaninsight.com/en/main/news/18331/ датум на пристапување 12.01.2010 година


 

Иако постои уште еден план за обединување на сите албански територии во една
преку обединувањето на државите од западниот балкан во ЕУ,18 сепак оваа варијанта,
не е воопшто популарна меѓу екстремистите кои своите цели ги постигнуваат со насил-
ство.
Друга варијанта на проектот за обединување на албанските територии, е преку по-
врзување на исламските области. Уште во 1990 година, претседателот на асоцијацијата
на исламизираните Македонци Исмаил Бојда, ја поддржа идејата муслиманите да ја
поддржат идејата за Голема Албанија.19 Оваа обединета територија во ликот на Голема
Албанија, би ги обединила муслиманите од регионот и би претставувала мост помеѓу
Средниот Исток, Турција до Санџак. Овој проект всушност е и дел од пошироката идео-
логија на Ал Каеда. Некои елементи од оваа идеологија веќе се остваруваат на терито-
ријата на Босна, Санџак и Косово. Најголема поддршка добиваат од муслиманите Геги
(етнички Албанци), кои го поддржуваат вахабистичкото движење.
Ако ја набљудуваме ситуацијата во Косово, ќе можеме да забележиме дека таму ве-
ќе се одвиваат некои настани. Косово освен територијата околу Митровица, веќе е чис-
то муслиманска територија, со непризнавање и протерување на сѐ што е немуслиман-
ско.20 Опасноста за Македонија е што веќе се исполнети некои критериуми од сценари-
ото. Етничките Албанци во Македонија се муслимани Геги, а вахабистичкото движење е
постојано во пораст. По распадот на Југославија, Приштина стана центар на екстремни-
те албански структури.21
Во Македонија покрај незадоволството од почитувањето на човековите права, ради-
калните Албанци ја протежираа нивната агенда за поделба или федерализација на за-
падна Македонија, со јасно истакната желба да се стане дел од албанската заедница во
Голема Албанија. Во специјалниот извештај на Институтот за мир на САД, се истакнува
дека уште од независноста етничките Албанци постојано се жалат на третманот на гра-
ѓани од втора класа и постојано бараат идентичен статус како уставотворна нација во
___________________________
18 International Crisis Group, Pan-Albanianism: how big a threat to Balkan stability? ICG Europe Report N°153,
25 February, 2004
19 Shea John, Macedonia and Greece: the struggle to define a new Balkan nation, Jefferson, N.C.:McFarland,
1997, стр. 235-236
20 Carpenter Galen Ted, “Kosovo and Macedonia: The West Enhances the Treat”, Mediterranean Quarterly 13,
No.1, 2002, стр. 21-37
21 White Nicholas, Nadia Alexandrova Abratova and Dana H. Allin, The Macedonian Crisis and Balkan Security,
European Security Forym, Working Papers No. 2 (Brussels: Centre for European Policy Stydies and the International
Institute for Strategic Studies, July 2001) достапно на http://shop.ceps.eu/book/macedoniancrisis-
and-balkan-security датум на пристапување 22.01.2010 година


 

бинационална држава.22 Тие бараа признавање на албанскиот јазик за службен јазик,
признавање на употребата на албанските симболи, признавање на Тетовскиот универ-
зитет за државен и зголемување на бројката на Албанците во јавната администрација,
вклучувајќи армија, полиција и судство. Со промена на уставот во 2002 година и импле-
ментацијата на Рамковниот договор овие барања се остварија. Македонците генерално
веруваат дека Албанците уживаат значителни права со промена на уставот. Постојаните
политички, економски и безбедносни проблеми со кои се соочува земјата се причина за
зголемување на фрустрациите меѓу двете страни. Македонците тврдат дека зголемува-
њето на политичките барања на Албанците претставува закана за идентитетот на маке-
донската држава, додека етничките Албанци се фрустрираат поради нивната немож-
ност да се обединат со соседна Албанија. Во јануари 1992 година албанската заедница
во Македонија организираше нелегален референдум за територијална и политичка ав-
тономија на западна Македонија наречена Илирида.
Косовската криза во 1999 година имаше значителна улога во радикализацијата на
етничките Албанци во Македонија. Многу Албанци од Западна Македонија беа на ли-
дерски позиции во ОВК. Успехот на ОВК на Косово, во 2001 година ги охрабри албан-
ските екстремисти од ОНА да започнат насилни акции во Македонија.23 Натрупување на
оружје од нивна страна, обидите за суспензија на Уставот и законите на територијата со
доминантна албанска популација во Македонија, наоѓање „шанса” во новата територи-
јална и административна поделба (локална самоуправа) за непречено остварување на
нивниот националистички концепт, претставуваат само дополнителни елементи во зго-
лемување на конфликтната енергија.24 Случувањата во 2001 година доведоа до подла-
бока поделба на етничките заедници. ОНА ја користеше истата терористичка тактика на
ОВК и под закрилата за борба за човекови права, всушност беа палени цркви и проте-
рувани Македонци од териториите со мнозинско етничко албанско население. Очиглед-
но беше дека крајна цел на терористите беше територија.

3. Исламски фумдаментализам во Македонија

Во Македонија исламот е втора религија по бројност со 30% од населението.25 Отта-
му, Македонците се навикнати да гледаат традиционално забулени муслимански жени.
______________________________
22 Williams Samanta and Serwer Daniel, Albanians in the Balkans,United States Institute of Peace, Special Report
No. 77, November 1 2001
23 Pettifer, Former Yugoslav Macedonia – The Shades of Night?,стр. 11
24 Котовчевски Митко, Македонија воена алка на светот, Скопје, Македонска цивилизација, 1999, стр.326
25 Republic of Macedonia, The State Statistical Office, Cenzus of population, достапно на http://www.stat.
gov.mk/english/glavna_eng.asp?br=18 датум на пристапување 01.02.2010 година


 

Но, она што предизвикува страв кај нив е појавата на религиозни постери од Мека и
Медина, ДВД филмови со џихад – војни во Авганистан и Чеченија, мажи со долги бради
и традиционално облечени во вахабистичка облека. Младите муслимански жени многу
брзо го прифатија традиционалниот начин на облекување со црн вел. Ова беше сигнал
дека нешто значително се менува кај локалните муслимани.
Во Македонија темите за радикалниот ислам излегоа на површина за време на воо-
ружениот конфликт од 2001 година. Од 2001 година постојано се известува за присуст-
во на исламски екстремисти во регионот.26 Во 2002 година Министерството за внат-
решни работи на Македонија, изготви извештај за состојбите во однос на присуството
на Ал Каеда. Овој извештај содржи детални информации за врските помеѓу радикални-
те исламисти и Ал Каеда. Според овој извештај постојат две исламистички единици
активни во северозападна Македонија. Овие единици се составени од поранешни борци
муџахедини од Саудиска Арабија, Авганистан, Босна, Чеченија и Косово.27 Скот Тејлор
истражувајќи ја улогата на муџахедините за време на Косовската војна, од интервјуто со
Мирослав Тодоровски, официјално лице од македонското разузнавање, изјави:
„Муџахедините борци беа сржта на единиците на ОВК, и тие се единствените одго-
ворни за некои од најкрвавите заседи против македонската полиција и армија. Една од
единиците на ОНА, наречена „Емре Елези”, која членовите на ОНА ја нарекуваа муџахе-
динска единица содржи странски борци и локални радикални муслимани.”28
Според македонските медиуми во Македонија постојат три екстремистички групи:
Тарикат, Црвена Ружа и Вахабист.29 Регионот сепак е најмногу погоден од присуството
на вехабистите. Според извештаите, активностите на радикалните исламисти во регио-
нот создадоа огромна недоверба помеѓу етничките Македонци и Албанци во регионот.
Основните цели на радикалните исламисти во Македонија се: 1. воспоставување база за
формирање на официјално исламско општество; 2. ширење на радикалната идеологија
и нивниот поглед кон исламот; 3. градење џамии и создавање нови медреси; 4. ширење
на исламското влијание помеѓу младите кои во иднина би имале значајна улога.30
_____________________________________
26 BIRN, Raid of Wahhabi “Camp” Raises Tensions in Sandzak, достапно на http://www.birn.eu.сom
/en/75/102496/ датум на пристапување 20.12.2009 година
27 Dettmer Jamie,”Al-Qaeda s links in the Balkans.” Insight on the News 18, no. 26 (2002) стр.22
28 Shay Shaul, Islamic terror and the Balkans (New Brunswick, NJ: Transaction Publisher, 2007), стр. 114
29 Kennet Morrison, Wahhabism in the Balkans, Advanced Research and Assessment Group Balkans Series
08/06 (Swindon, UK: Advanced Research and Assessment Group, 2008), стр. 10, достапно на
http://www.da.mod.uk./colleges/arag/document-listings/balkan/08(06)KM.pdf/view, датум на пристапу-
вање 12.02.2010 година
30 Зафировски Емил, “Во ИВЗ се води битка меѓу радикалниот и традиционалниот ислам“, Време, 06 јули,
2005 година


 

Активностите и влијанието на мала група исламисти би била незначајна доколку тие
не би биле поддржани од исламските држави, како Саудиска Арабија. Фондовите (па-
рите) доаѓаат со услови џамиите да бидат изградени во арапски стил.31 Кога парите се
дадени на индивидуалци или фамилии, главниот услов е да се следи вахабизмот – ма-
жите да носат долги бради, а жените велови. Најактивните невладини организации и
исламските организации во регионот се поврзани со радикални мрежи.32 Една од тие
мрежи Светскиот совет на муслиманската младина од Саудиска Арабија е директно по-
врзана со Ал Каеда,33 и хуманитарни организации од Босна – Игаса, Ел хилал итн.34 Не-
кои од локалните организации имаат врски со Пакистан, Саудиска Арабија и Сирија.
Некои невладини организации се инволвирани во регрутација на млади волонтери кои
ќе завршат во Авганистан и Ирак.35
Во Македонија има неколку радикални исламистички движења: Вахаби, Салафи и
Табличи џемат. Највлијателно од сите е вахабистичкото движење. Етничкиот состав е
пред сѐ од Албанци, но и од Македонци муслимани (торбеши), Босанци и незначителен
број Турци. Секако, сите нивни лидери се Албанци од Скопскиот регион со силни врски
со Косово. Вахабистичкото движење е најмногу фокусирано во Скопскиот регион, но и
во руралниот северозападен дел на Македонија, каде луѓето се сиромашни, неписмени,
порелигиозни. Всушност, тоа ги прави и подостапни на вахабистичките активности. Зна-
чителни вахаби заедници веќе постојат на целата граница со Косово, Куманово, Тетово,
Гостивар, и во струшкиот регион.36
Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија, беше инволвирана на неколку па-
ти во тензиите меѓу проарапските радикални вахабисти и традиционалната Суфи фрак-
ција. Практично, главните сили на вехабистите се насочени кон преземање на контро-
лата врз Исламската верска заедница (ИВЗ). Ова е борба за доминација врз муслиман-
ското население. Вахабистичкото движење ги поддржува младите имами коишто се об-
_________________________________________
31 Bougarel Xavier, The role of Balkan Muslims in building a European Islam, European Policy Centre, EPC Paper
no. 43, стр. 18
32 Kohlman F. Evan, The role of Islamic Charities in International terrorist recruitment and financing, Danish Institute
for International Studies, DIIS Working Paper No. 2006/7, стр.7
33 Ibid.
34 Serbian Government White Paper, Albanian terrorism and organized crime in Kosovo and Metohija, достапно
на htpp://www.docstoc.com/docs/2481409/Albanian-terrorism and organized crime in Kosovo and Metohija
датум на пристапување 12.01.2010 година
35 Ibid.
36 Емил Зафировски, “Тепаните имами предупредуваат: насилството ќе продолжи додека Зенун Бериша е
на слобода“, Време, 06 јули, 2005 година


 

разувале на Блискиот Исток, Саудиска Арабија и Сирија.37 Како што еден млад верски
ученик изјави „многу од учениците арапската верзија за исламот ја сметаат автентич-
на.”38
Вахабистите со нивниот агресивен настап успеаја да проникнат и во главниот град
Скопје. Пред неколку години преку заплашување и поддршка од радикалните имами од
ИВЗ, вахабистите успеаја да ја преземат под контрола најголемата џамија во градот –
Јаја паша.39 Од тогаш веќе се покажуваат и во јавноста. Во 2006 година вахабистите ор-
ганизираа протест во Скопје и Тетово, како израз на осуда против карикатурата на про-
рокот Мухамед. Протестите покажуваа неколку работи: 1. ова беше првпат ваков настан
да се случи во Македонија, 2. вахабистите јавно го покажаа нивното присуство, 3. тие
успеаја да ги одржат протестите и во Скопје со што докажаа дека можат да се појават и
во главниот град.40
Вахабистите се пропагираа себеси и преку активна пропаганда на радикалниот ис-
лам и пропагирање на џихадот во џамиите, каде локалните имами ги поддржуваат.
Тие имаа насилни конфронтации и со суфизите бекташи. Оваа група на суфизи бек-
таши најмногу се застапени во Тетово. Вахабистите се во нетрпение со бекташите, би-
дејќи бекташите прокламираат либерален ислам, со конзумирање алкохол и во нивните
ритуали жените се рамноправни со мажите. Во 2002 година локалните вахабисти заси-
лени со арапските борци, насилно со закани со оружје го заземаа тетовското теќе кое
беше главниот бекташки верски објект во Тетово. Оттогаш, вахабистите го употребуваат
за свои верски ритуали.41
Вахабистичката агресивна агенда е главно фокусирана на регрутација на млади
муслимани. Регрутацијата во Македонија не се разликува од било каде во светот. Ваха-
бите регрутираат во мали групи, преку блиска комуникација и стриктна селекција. Цел-
на група им се млади момчиња меѓу 16 и 20 години. Иницијалниот приод е најчесто не-
милитантниот фундаментализам, потенцирајќи ја човечката димензија и почитувањето
на животот според Куранот. За време на процесот на индоктринација младите се селек-
_______________________________
37 Christopher Deliso, “Fissures in Balkan Islam”, The Christian Science Monitor 98, no. 55 (2006): стр. 6
38 Мухамед Зекири, млад албански новинар кој дипломираше во медресата во Кондово - Скопје
39 Risto Karajkov, “The Young and the Old: Radical Islam Takes Root in the Balkans”, May 2006 достапно на
http://www.worldpress.org/Europe/2335.cfm датум на пристапување 12.12.2009 година
40 Зафировски Емил, “Во Скопје околу 5.000 муслимани изразија револт: протести поради карикатурите со
мухамед“, Време, 11 Февруари, 2006 година
41 Scwartz Stephen “The balkan Front”, The Weekly Standard, no.12 (2007): стр. 14-17


 

тираат и безбедносно се вршат проценки преку нивната економска ситуација, според
нивната интелектуална способност, снаодливост и верност.42
Во следното ниво на претставување на исламот вахабистите ги запознаваат младите
муслимани со славата и животот на муџахедините, основните техники и вештини за да
се биде арапски војник покажувајќи им видеа од Чеченија, Босна и Авганистан. Следбе-
ниците се охрабрени да го прифатат и практикуваат вахабистичкиот стил на живот:
долги бради, кратки панталони и традиционална арапска облека.
На крајот избраните се праќаат на понатамошно образование во арапските земји,
Саудиска Арабија, Сирија, Египет, каде што тие одат во медреси и го изучуваат исламот.
Или тие се праќаат на понатамошни терористички тренинзи.
Според Делисо, вахабистите добиваат помош од радикалните имами, кои ја прават
селекцијата на младите кадри. За време на интервјуата со младите Албанци, Делисо на-
учил за еден од методите на регрутација:
,,Кога мојот братучед го заврши универитетот на Саудиска Арабија, вахабистите му
понудија 200 евра месечно и стан доколку се врати и го шири вахабистичкото движење
во Македонија“.43
Во 2004 година растечката загриженост од вахабистичките активности во Македо-
нија доби и меѓународен карактер. Францускиот експерт за тероризам Клод Моне пре-
дупреди дека некои лидери на ИВЗ, добиваат голема сума пари, најверојатно од Ал Ка-
еда, а со тие пари вахабистите се стремат да ја преземат ИВЗ. Тој, исто така предупреди
дека околу 100 фундаменталисти поврзани со терористички организации оперираат во
Македонија.44 Предупредување за присуство на вахабисти во Македонија излезе на 26
март 2010 година во британскиот весник Сандеј Тајмс, кој објави статија дека „Саудиска
Арабија инвестира во исламистичките групи на Балканот.”45
На 20.09.2010 година ИВЗ немоќна, сама да се справи со радикалните вахабисти,
јавно побара помош од власта, албанските политички раководства и странските амбаса-
ди во земјата. Поглаварот на верската заедница, Ефенди Реџепи, по повеќемесечен
молк, откако скопското муфтиство призна дека ја изгубило контролата врз четири џа-
мии во Скопје, побара политичките авторитети да им помогнат да се справи со ради-
калните верски групи, чија основна цел била да го разрушат имиџот на исламот.
______________________
42 Shay Shaul, Islamic terror and the Balkans (New Brunswick, NJ: Transaction Publisher, 2007), стр. 10 - 11
43 Deliso Christopher, “Fissures in Balkan Islam”, The Christian Science Monitor 98, no. 55 (2006): 6.
44 Ibid.
45 The Sunday Times, „Saudis fund Balkan Muslims spreading hate of the West“ достапно на
http://www.timesonline.co.uk/tol/news/world/middle_east/article7078771.ece датум на пристапување
30.03.2010 година


 

Но, и покрај предупредувањата, македонските власти не сметаат дека Македонија е
главната цел, туку сметаат дела Македонија ја користат само како територија за регру-
тирање млади вахабисти, како почетна точка од каде што ќе се извршуваат нападите
кон Запад.46
Нивото на успешност на вахабистите во регрутирање млади муслимани може да се
набљудува преку следење на групите кои 2007 година ја нападнаа базата на САД во
Форд Дикс, Њу Џерси. Групата се состоеше од 6 муслимани, еден палестинец од Јордан,
еден Турчин, 4 етнички Албанци – еден од Косово и 3 од Македонија. Сите тие беа на
возраст од околу 20 години. Овој пример живо ја претставува сликата на исламските
групи финансирани на Балканот. Македонските албански политичари се свесни дека
вахабистите претставуваат „јасна и присутна опасност“ како за македонските муслима-
ни така и за албанските. Тие се под постојан притисок да станат „поисламски”. Имаше
извештаи за време на кризата во 2001 година за обиди на ирански групи, да ги снабдат
со оружје и опрема Албанците. Во едно интервју со Штефан Шварц, Арбен Џафери из-
рази загриженост од вахабистичката закана за Македонија. Тој изјави:
„Албанскиот ислам се соочува со закана од фундаментализмот. Тоа е апсурд, ваха-
бистите да дојдат тука и да бараат во името на исламот ние да живееме како нив и да
се облекуваме како нив. Јас сум загрижен заради економската слабост на Албанците,
јас мислам дека заради тоа тие ќе подлегнат”.47
Лошите економски услови во Македонија и нестабилната меѓуетничка состојба, нај-
веројатно се најдобрите сојузници на вахабистите, кои со надворешна помош успеваат
да внесат голема сума пари, со помош на кои многу муслимани ги претвараат во екс-
тремисти. Оттука во Македонија веќе не е несекојдневно да се видат млади вахабисти
облечени на нивниот традиционален начин. Од друга страна, бројот на младите жени
кои носат вел е во постојан пораст, веќе мал број се целосно покриени со црна тради-
ционална облека.
На крај од оваа анализа може да се заклучи дека: вахабизмот на Балканот е едно од
клучните политичко-безбедносни прашања. Јасно е дека оваа формирана екстремисти-
чка и терористичка структура на Косово, Македонија и Албанија е составен дел од гло-
балната мрежа на Ал Каеда. Таа е многу добро организирана, постојано се шири и рег-
рутира нови членови на дневна основа, претставува сигурно засолниште и претставува
преодна врата за исламските екстремисти и терористи и способна е за извршување на
терористички напади од големи размери не само на Балканот, туку и во Европа.
____________________________
46 Ibid.
47 Scwartz Stephen “The Struggle within Islam: Albanian Muslims reject extremism”, Terrorism Monitor,
February 12, 2 no. 3 (2004) стр. 2


 

Стратешки, значењето на Македонија за радикалниот ислам е да се употреби како
логистичка база „безбедносен рај”, и сигурен пат кон Европа. Вистинската закана за
Македонија е базирана на перцепцијата на радикалниот ислам меѓу младите муслима-
ни. Идејата е да се изврши притисок на немуслиманската популација и да ја напушти
територијата со цел создавање чисто етнички територии што е главна цел на радикал-
ните фундаменталисти. Ова е докажана формула од Косово. Едно од најстрашните сце-
нарија е доколку вахабистите поддржани од Ал Каеда решат да ја поддржат идеата за
Голема Албанија.


***

Ако ги споредуваме стратегиите за борба против тероризмот и заканите од него на
балканските држави со Македонија воочливи се две работи. Прво, Македонија иако е
дел од меѓународната антитерористичка коалиција и има завидно учество во мисиите
низ светот сепак, на национално ниво има најмалку разработена стратегија за борба
против тероризмот. Но овој факт сам по себе не значи дека Македонија нема да знае
или нема да успее да се справи со евентуалните терористички закани. Проблемот кој-
што ја става Македонија во незавидна позиција во справување со тероризмот се наоѓа
во втората воочлива работа. Најсмртоносните терористички организации се религиоз-
ните исламистички организации, додека, едни од најмотивираните се сепаратистичките.
Во случајот со Македонија станува збор за симбиоза на религиозни и сепаратистички
причини за регрутирање на идни терористи и создавање на терористички ќелии.
Односно, доколку се има предвид пан-албанскиот проект за создавање Голема Ал-
банија со кој во било кое од трите сценарија е засегната и Македонија, повеќе од јасно
е дека сепаратистичкото чувство кај дел од Албанците се негува уште од осамостојува-
њето на Македонија. Разликата во религиите меѓу Македонците и Албанците дополни-
телно ја усложнува сериозноста во корист на тероризмот, со што повеќе од јасно е дека
станува збор за сериозен безбедносен проблем, кој може многу лесно да ја дестаби-
лизира Македонија.
Но, сепак, издржани се тврдењата на дел од теоретичарите и разузнавачите кои
присуството на радикалниот ислам и терористички ќелии во Македонија го врзуваат по-
веќе со закана по безбедноста на западноевропските држави, отколку со безбедноста
на Македонија. Сѐ дотогаш додека ќелиите на Ал Каеда непречено функционираат на
територијата на Република Македонија не постои сериозна закана од терористички на-
пади врз цивили или предизвикување материјални штети.


 

Користена литература

Morrison Kennet, Wahhabism in the Balkans, Advanced Research and Assessment Group Balkans
Series 08/06 (Swindon, UK: Advanced Research and Assessment Group, 2008).
BIRN, Raid of Wahhabi „Camp” Raises Tensions in Sandzak.
Oluic Steven, US Military Academy, „Radical Islam on Europe’s Frontier - Bosnia & Herzegovina“,
Oluic, 2006.
Deliso Christopher, ”The Coming Balkan Caliphate”, London, 2007.
Kosovo SHIK, Directly Linked With Albanian SHIK Intelligence Organization, Prepares for "Big
Push" For Kosovo Independence, Defense & Foreign Affairs Special Analysis – Monday,
January 16, 2006.
Hedges Chris, “Kosovo's Rebels Accused of Executions in the Ranks“, News York Times, June 25,
1999.
White Nicholas, Abratova Alexandrova Nadia and Allin H. Dana, The Macedonian Crisis and
Balkan Security, European Security Forym, Working Papers No. 2 (Brussels: Centre for
European Policy Stydies and the International Institute for Strategic Studies, July 2001)
Balkaninsight.com, Albanian Mayor Suggest Bi-National Macedonia, April 2009.
International Crisis Group, Pan-Albanianism: how big a threat to Balkan stability? ICG Europe
Report N°153, 25 February, 2004.
Shea John, Macedonia and Greece: the struggle to define a new Balkan nation, Jefferson, N.C.:
McFarland, 1997.
Котовчевски Митко, Македонија воена алка на светот, Скопје, Македонска цивилизација,
1999.
Dettmer Jamie,”Al-Qaeda s links in the Balkans.” Insight on the News 18, no. 26 (2002).
Shay Shaul, Islamic terror and the Balkans (New Brunswick, NJ: Transaction Publisher, 2007).
Bougarel Xavier, The role of Balkan Muslims in building a European Islam, European Policy
Centre, EPC Papper no. 43.
Kohlman F. Evan, The role of Islamic Charities in International terrorist recruitment and
financing, Danish Institute for International Studies, DIIS Working Paper No. 2006/7.
Deliso Christopher, “Fissures in Balkan Islam”, The Christian Science Monitor 98, no. 55 (2006).
Scwartz Stephen “The balkan Front”, The Weekly Standard, no.12 (2007).
Scwartz Stephen “The Struggle within Islam: Albanian Muslims reject extremism”, Terrorism
Monitor, February 12, 2 no. 3 (2004).
“Macedonian Paper weighs Wahhabi, Al-Qaidah threat to Balkans.” (15 April). BBC Monitoring
European.