Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ИНФОРМАЦИСКА БЕЗБЕДНОСТ ВО САД

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

На Универзитетот за национална одбрана - NDU11 работна дефиниција за информа-
циското војување е пристап на вооружен конфликт кој се насочува на менаџмент и ко-
ристи информации во сите облици и на сите нивоа за да се оствари одлучувачка воена
предност, посебно во интервидовското и комбинираното опкружување. Информациско-
то војување по природа е и офанзивно и дефанзивно и се движи од мерки со кои про-
тивникот се спречува да експлоатира информации до адекватни мерки со кои се обез-
бедува интегритет, расположивост и интероперабилност на пријателските информацис-
ки ресурси. Информациското војување иако во краен случај по својата природа е воено,
се води и во политичката, економската и општествената сфера и е применливо преку
голем спектар на националната безбедност од мир до војна.
Информациското војување може да се дефинира и како облик на конфликт со кој
директно се напаѓаат информациските системи а со тоа и системите на знаење и веру-
вање на противникот.12
Мартин Либицки дава една поконкретна и поопиплива дефиниција за информацис-
кото војување според која, информациското војување, како посебна техника на војува-
ње, не постои, но постојат неколку различни облици на информациското војување:
 војување во сферата на командувањето и управувањето C²W (command end control
warfare) наменето за удари против „главата и вратот” на противникот;
 разузнавачко војување IBW (Intelligence – based warfare) насочено кон директна упо-
треба на разузнавачките дејности за нишанење и врз целите и проценка на борбените
дејства, реализација на концептот „стрелец-цел” ;
 електронско војување EW (electronic warfare) - опфаќа радио-електронски и крипто-
графски техники;
 психолошко војување PSYW ( Psyhological wafare)- информацијата се користи за про-
мена на свеста на човекот;
 хакерско војување се напаѓаат компјутерските системи;
 економско-информациско војување EIW (economic information warfare) – блокирање
или насочување на информациите за да се обезбеди економска доминација;
 кибер војување – збир на футуристички сценарија.
__________________________
11 Nаtional Defence University е највисока воено-политичка школа во САД и нејзини слушатели се покрај
офицерите и високите службеници на администрацијата на САД, и офицери на други земји. Слушатели-
те се примаат по покана а често и по име.
12 Szafranski R., A theory of information warfare: preparing 2020, Airpower Journal, Spring, 1995



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems