Print

Марина МИТРЕВСКА
327.82(100)

AПСТРАКТ

Во фокусот на трудот е ставена превентивната дипломатија како инс-
трумент кој има посебно место во современите меѓународни односи. Ис-
тражувањето е фокусирано кон основните теоретски аспекти на превен-
тивната дипломатија. Во таа смисла, значајно е да се напомене дека пре-
вентивната дипломатија е тесно поврзана со мултилатералната диплома-
тија која истовремено бара поврзување на различити надворешно-поли-
тички инструменти и методи. Токму затоа, содржината на превентивната
дипломатија е амбициозна и нејзината акција е многу побрза отколку ак-
цијата на т.н. обична дипломатија.

Клучни зборови: превентивна дипломатија, преговарање, превентивна
акција

ABSTRACT

The paper is focused on preventive diplomacy as an instrument which has
a special place in the contemporary international relations. Basic theoretical
aspects of preventive diplomacy are the center of interest of the research. In
that sense, it is emphasized that preventive diplomacy is closely connected
with multilateral diplomacy which at the same time requires connection of
different foreign policy instruments and methods. That is why, the contents of
preventive diplomacy are ambitious and its action is much faster than the action
of the so called ordinary diplomacy.

Key words: preventive diplomacy, negotiation, preventive action


 

Вовед
Терминот „превентивна дипломатија“ е релативно нов во репертоарот на преткон-
фликтната превентивна практика. Историчарите и практичарите на овој занает ги нао-
ѓаат неговите корени во иновативните размислувања на вториот генерален секретар на
Обединетите нации (1953-1960) Даг Хамаршелд (Dag Hammarskjold).1 Неговото толкува-
ње е дека Организацијата на Обединетите нации во тој период требалo да настојува со
сите сили новите потенцијални конфликти да ги држи понастрана од сферата на разли-
ките меѓу суперсилите.
Според Хамаршелд терминот „превентивна дипломатија“ се употребува во врска
со оние случаи каде што може да се рече дека првобитниот конфликт е резултат на соз-
даден вакуум на моќ меѓу главните блокови, или онаму каде што постоеше ризик од
такво нешто.2 Според Сокалски оваа дефиниција е рамковна, која загуби голем дел од
својата легитимност по завршувањето на Студената војна и со слабеењето на кризата
меѓу суперсилите, односно меѓу нивните застапници.
Превентивната дипломатија има посебно место во современите меѓународни од-
носи. Таа претставува активност која е тесно поврзана со мултилатералната дипломати-
ја и која истовремено бара поврзување на различни надворешнополитички инструменти
и методи. Постои дистинкција помеѓу превентивната дипломатија од останатите видови
дипломатска акција, заради вклучувањето на: градењето на мирот (peacebuilding), одр-
жување на мирот (peacekeeping) и создавање мир (peacemaking).
Притоа е значајно да се има предвид дека разликата која постои помеѓу превентив-
ната дипломатија и т.н. обична дипломатија се гледа пред сѐ во тоа што превентивната
дипломатија има „активен” а не „реактивен” пристап. Според тоа, превентивна дипло-
матија делува во ситуација пред да се случи „ескалација на криза” која пак може да го
загрози мирот. Со други зборови, содржината на превентивната дипломатија е амбици-
озна и нејзината акција е многу побрза отколку акцијата на т.н. обична дипломатија.3
Превентивната дипломатија вклучува дипломатско, политичко, воено, економско и
хуманитарно делување на влада, на мултилатерални организации, на регионални орга-
низации, невладини организации и други меѓународни агенции, со основни заеднички
цели: спречување спорови и судири помеѓу државите, спречување ескалација на споро-
ви и судири во вооружени конфликти, лимитирање на интензитетот на насилството кои
______________________
1 Сокалски Х., (2005):Грам превенција: Македонија и искуството на Обединетите нации во превентивната
дипломатија, МИ-АН, Скопје, стр. 30
2 Исто, стр.31
3 За оваа види пошироко: Vukadinovič R., Politika i diplomacija, Politička kultura, Zagreb, 2004, str.147


 

произлегуваат од конфликтите, спречување и совладување на хуманитарните кризи,
иницирање мерки кои водат до евентуално решавање на кризите и конфликтите.4
Оттука, превентивната дипломатија, по пат на преговарање, се занимава со решава-
ње: на поедини прашања пред тие да станат проблем и со решавање проблеми пред
тие да ескалираат во вооружен судир.

1. Преговарање: начин на остварување на превентивната дипломатија

Преговарањето ја претставува основата на превентивната дипломатија. Во таа смис-
ла Бутрос Гали, дефинирајќи ја превентивната дипломатија, констатира дека „акцијата
на превентивната дипломатија”, всушност, претставува преговарање. Од овој аспект се
извлекува и поврзаноста дека превентивната дипломатија речиси секогаш делува преку
преговарање. Според тоа, преговарањето може да се одвива на два начина, и тоа:
прво, директно помеѓу страните во спорот; и
второ, преку посредување на третата страна.
Интервенцијата на третата страна е една од техниките на преговарање која почесто
се користи. Притоа е значајно да се има предвид дека механизмот превентивна дипло-
матија можат да го користат и самите спротиставени страни, со цел да се реши спорот,
или, пак, тој да остане во границата во која спорот може да се реши со политички ин-
струменти.
Посредувањето е најчест облик на преговарање во кој третата страна делува како
иницијатор и катализатор во остварувањето на преговорот, а за кој страните во спорот
не се во состојба сами да го остварат.5 Исходот од преговарањето зависи од самите
страни во спорот, но исто така, и учеството на „посредникот” е пресудно. Всушност, лис-
тата на улогата на посредникот вклучува: координација на активностите за да бидат до-
несени двете страни во спорот на маса и активности преговорите да не се прекинат.
Медијацијата е најчеста форма на посредникот. Медијаторот игра една од трите уло-
ги, во зависност од типот на блокадата која ги спречува страните во спорот сами да
преговараат.
Трите улоги на медијаторот се: катализатор, формулатор и манипулатор.
Првата улога медијаторот ја обезбедува со комуникацијата помеѓу страните и прене-
сувањето на пораките. Тој тука делува во вистинска смисла на зборот како катализатор.
_______________________________
4 Исто, стр.227
5 Kovačevič Z., (2004): Megunarodno pregovaranje, Diplomatska akademija MSP SCG, Beograd, str.45


 

Во втората група, медијаторот како формулатор внесува во преговарачкиот процес
сопствени идеи, бидејќи страните во спорот не се во состојба да го видат решението на
спорот, така што внесува значаен инпут на активно барање солуција.
Третата улога „манипулатор” придонесува за самиот исход: бидејќи страните не сме-
таат дека понудените решенија се доволно привлечни, тој активно влијае на нивното
прифаќање по пат на „стап или морков - придобивка која содржи награда или закана”.6
Една група истражувачи на превентивната дипломатија (Zartman, Pruitt and Olczak,
Raiffa, Bauwens and Reychler) сметаат дека три елементи се клучни во одвлекувањето
на спротиставените страни од ескалација и насилство, и тоа: влогот, ставовите и такти-
ките. 7
Влогот (Stakes) би требало да ги опфати објективните елементи на спорот, иако
често се работи за нечија перцепција. Влогот е значаен за спротиставените страни. Во
тој случај е важно која е цената и каков е бенефитот од влогот. Во превентивната дип-
ломатија преговарачот влијае на страните во спорот, при што влогот (според својата
перцепција за влогот) помага за промена на ситуацијата во која едната страна добива
само ако другата губи или, пак, во друга ситуација, во која е можно сите да добијат.
Со влогот може да се оствари различно вреднување на поедини спорни прашања.
На пример, може да се создаде простор за спогодба за прашања кои немаат иста вред-
ност за двете страни, преобликување на спорниот проблем, притоа да се дозволат кон-
курентни решенија и заеднички добивки, обезбедување додатни ситуации или нови до-
бивки.8
Се смета дека е многу тешко да се применат овие методи во случај кога на едната
страна и е единствено важно само да го одбие онаа што другата страна го бара, без
разлика на сопствената полза. Во таква ситуација „преобликувањето на влогот, или,
пак, додатната стимулација” малку значат. Во тој случај медијаторот мора да делува
како манипулатор и наместо настојувањето да ги промени улогите и да ги направи по-
привлечни, со авторитетот на својата моќ ќе наметне свое решение, користејќи ја при-
тоа можноста да вети награда или, да се закани со санкции.9
Ставовите (Attitudes) се секако субјективни елементи во спорот, со кои улогата се
гледа само како „црно-бела” варијанта. Превентивната дипломатија настојува да влијае
на ставовите на страните во спорот, и тоа: да се менуваат од конфликтни кон прилаго-
дувачки.
____________________________
6 Zartman W.I.(2001) : Preventive Negotiation, Rowman&Littlefiend Publishers, Inc, Oxford.
7 Kovacevic. Str.45
8 Isto, str.46
9 Isto, str.46


 

Дефинирани се три вида ставови, и тоа:
 конфликтни ставови кои ја гледаат спротивната страна како непријател. Се
смета дека овие ставови претставуваат моторна сила за ескалација и насилство;
 приспособени ставови – кои го гледаат проблемот како непријател, а спротив-
ната сила како сојузник што пак значи здружување на страните за да се спречи
реализација на заканата од ескалација и насилство.10
Тактиката претставува трет елемент на превентивната дипломатија. Под тактика се
подразбира „вистинските работи да се направат во вистинското време.” Тактиката вклу-
чува: избор на вистински момент, услови, неоткажување на превентивниот преговарач
поради потешкотии и препреки.
2. Фактори кои ја одредуваат успешноста на превентивната дипломатија
Ланд смета дека присутноста на пет фактори во досегашните искуства на преземе-
ните превентивни дејствија, ја определуваат успешноста на истите. Најчесто биле при-
сутни во превенцијата на конфликти. Меѓутоа, отсуството на овие фактори во превени-
рањето на конфликтите најчесто резултира со употреба на воени сили.
Пет фактори ја одредуваат успешноста на превентивната дипломатија, и тоа: тај-
мингот на третата страна, разнообразната акција, поддршката од големите сили,
умереното лидерство и автономијата на државата.
Тајмингот на третата страна, односно времето на преземање превентивна акција е
од големо значење за понатамошниот тек на развојот, како на конфликтот, така и на
превентивните дејствија. Според Анан, за да биде ефективна превентивната акција, нај-
напред треба да биде иницирана во најраниот можен стадиум на конфликтниот циклус.
Во овој случај, една од основните цели на превентивната акција треба да биде „посочу-
вање на длабоко вкоренетите социоекономски, културни, еколошки, институционални и
други структурални причини кои честопати ги поттикнуваат директните политички сим-
птоми на конфликтите.”11 Оттука, следењето на овие насоки води до заклучокот дека
„временската димензија е многу значајна, затоа што некои превентивни мерки можат
да бидат практични, доколку се преземат во ран стадиум. Во тие околности тие можат
да станат несоодветни или, пак, целосно неприфатливи доколку спорот се продлабочи
и се зголеми можноста за ескалирање вооружен конфликт”.
________________________________
10 Исто, str.47
11 Annan A. Koffi (2002): Prevention of Armend Conflict, Report of the Secretary-General, United Nations Publications,
New York.


 

Всушност, од исклучително значење е да се сфати потребата од навременото инвол-
вирање на трета страна во превентивната акција. Притоа, мора да се има предвид дека
само тогаш превентивната акција е поефективна и шансите за спречување на појавата
на конфликт се поголеми. Аналитичарите сметаат дека е многу потешко да се придобие
поддршката од страна на инволвираните страни во конфликтот кога тој веќе се појавил
и се карактеризира со насилство.
Разнобразната акција - е значаен фактор кој ја одредува успешноста на превентив-
ната дипломатија, преку имплементирање на мерките и инструментите на превентивна-
та дипломатија. Се цени дека овие дејства треба да бидат во координација помеѓу акте-
рите кои ги преземаат и во исто време да бидат согласни едни со други. Според Ланд,
употребата на мерката – поттикнување преговори не може да се замисли пред да се
обезбедат основните услови за тие преговори да бидат успешни. Оттука, тој препора-
чува дека е неопходно да се преземат конкретни дејствија, како на пр.: зајакнување на
политичките институции, да се создадат натпартиски државни и меѓународни институ-
ции и процедури, кои ќе послужат во разрешувањето на споровите, ембарго на оружје
како инструмент за спречување на насилство.12
Поддршката од големите сили - е фактор од кој зависи ефективноста на превен-
тивната дипломатија. Имено, заинтересираноста на големите сили да се инволвираат во
процесот на превенција, ги зголемува шансите за превентивен успех и избегнување по-
јава на конфликт.
Умереното лидерство - е фактор од кој зависи успешноста на превентивната дип-
ломатија. Конкретно, умереноста на дејствијата, согласноста за билатерални и мултила-
терални преговори и спогодби се клучен фактор кој влијае врз успешноста на превен-
тивната дипломатија.
Автономијата на државата - е фактор кој е неопходен за да може да се спроведе
превентивната дипломатија. Имено, автономијата на државата подразбира дека една
држава ги поседува институциите и процедурите низ кои може да се преговара за спо-
рот и да се донесе решение. Во тие услови, се создава можност и за полесно ангажира-
ње на третата страна во посредување во конфликтот.

3. Од превентивна дипломатија до превентивна акција

Вкупните напори да се дојде до единствена дефиниција на превенција на конфликти
вродија со плод, утврдувајќи ги неколкуте заеднички елементи. Имено, усогласен е ста-
________________________
12 Lund M., (1999): Preventive action in theory and practice: The Meaning and Components of Preventive Diplomacy,
The Norwegion Institute of International Affairs, Oslo, p.144.


 

вот дека треба да се преземе акција колку што е можно порано, односно, пред да еска-
лира насилство. Тоа најдобро го дефинира Ланд (Lund). Тој ја вреднува превенцијата
врз основа на три фази, и тоа: во почетокот, кога превентивната дипломатија е на-
сочена кон решавање на основните извори на спорот, подоцна, кога превентивна-
та дипломатија се стреми да спречи спорот да прерасне во насилства и многу по-
доцна, кога превентивната дипломатија се труди да го ограничи ширењето на на-
силството што веќе ескалирало.13
Во практиката, настојувањата превентивната дипломатија да се става во контекст
покажуваат дека не се статични ниту споровите ниту нивните почетни околности. Оваа
таксономија објаснува зошто Бутрос Гали смета дека терминот „превентивна диплома-
тија” е премногу тесен за да се дефинира концептот што го опфаќа и дека, всушност,
треба да се преименува во „превентивна акција“. 14
Сепак, семантичкото преформулирање на Бутрос Гали не го одразува целосно она
значење на терминот што се однесува на претконфликтната ургентност, кога е потребно
итно да се испратат мировни сили и мисија што ќе ги утврди фактите во некоја земја
каде што е можен конфликт. Можеби овие значења подобро ги отсликува изразот „рана
превентивна акција“, која може да се употребува паралелно со претходниот и во кој е
опфатена превентивната дипломатија како главна компонента. Претходната анализа
на превентивната дипломатија го потврдува постоењето силни врски и комплементар-
ност меѓу демократската практика, доброто управување, граѓанското општество и гра-
дењето на мирот, од една страна, и заложбите за мир и кооперативна безбедност и раз-
вој, од друга страна. Без оглед дали ќе се нарекува „превентивна дипломатија“, „рана
превентивна акција” или „навремена превенција на конфликти“ , очигледно е дека
овој концепт е во постојана еволуција што зависи од доследноста на политичката волја
во земјите што ги сочинуваат коалициите на оние што се подготвени (според сегашниот
дипломатски жаргон) да интервенираат на таков начин. 15
Според анализата „раното предупредување“ претставува клучен елемент на секоја
успешна превентивна акција. Во практиката, раното предупредување претпоставува не-
колку предуслови, и тоа: проценка на заканите за мирот и безбедноста, мотивираност и
политичка волја, решителност да се постигне согласност помеѓу засегнатите страни,
консензус меѓу засегнатите страни, превентивна акција што се презема со помош на
механизмите на т.н. „тивката дипломатија“ и „добрите услуги“ и претставува услов за
успешна превенција на конфликти, располагање со ресурси и континуирано следење и
__________________________
13 Исто
14 Сокалски 2005:46
15 Исто, 47


 

анализа на критичната ситуација. Оттука, успешната превентивна акција, на прв поглед,
исклучиво зависи од политичката волја.
Исто така, успехот на превентивната акција во одделни фази на конфликтот, и меѓу-
народната практика и анализите на превенцијата покажуваат различни степени на оп-
тимизам. 16 Во таа насока, Ланд (Lund) дава описна шема на стадиумите на конфликтот.
Тој утврдил пет стадиуми на конфликтот, и тоа: траен мир, стабилен мир, нестабилен
мир, криза и војна. 17
Според Ланд сите конфликти не мора да минат низ сите фази. Но, исто така, од ус-
пешна „рана превентивна акција” зависи интензитетот на конфликтот.
Според моделот на Ланд, пред и откако војната ќе ја достигне врвната точка, посте-
пено движејќи се кон подоцнежната фаза на можно решавање на конфликтот, во секоја
фаза на можното решавање на конфликтот, различните методи на дипломатијата и тех-
никите за справување со конфликти играат посебни улоги. Врз основа на оваа катего-
ризација, стадиумот траен мир не бара никаква превентивна акција, односно, таа го со-
чинува, да го употребиме терминот на Јохан Галтунг „позитивен мир”.18 Негативниот
пандан на овој стадиум се појавува дури во третата фаза, односно фазата на нестаби-
лен мир. Потребата од рана или навремена превенција во комбинација со чекори за
справување со кризата е најголема во стaдиумите: нестабилен мир и криза. Според гле-
диштето на Ланд, императивот за преземање акција доаѓа до особен израз кога ќе се
појави опасност напнатоста во односите меѓу страните да прерасне од стабилен во нес-
табилен мир или во нешто уште полошо.19
Група истражувачи на конфликтот имаат поинаква класификација за појавата на
конфликтите. Според нив, кај конфликтите постојат неколку стадиуми, и тоа: ран ста-
диум на инкубација, вооружена конфронтација односно „опасна фаза”, и намалување на
насилство и завршување на конфликтот.20
Како надополнување на ова се и нивните аргументи дека конфликтите поминуваат
низ неколку стадиуми, и тоа:
За првиот стадиум е карактеристично тоа што не се забележува непосредна опас-
ност која може да доведе до вооружен конфликт. Во овој стадиум доволно е да се при-
мени механизмот „општа превенција на конфликтот.”.
_______________________________
16 Исто, 48
17 Lund, Preventing Violent Conflicts, 38
18 Преземено од Сокалски, Јохан Галтунг.
19 Sokalski, str. 48
20 Исто


 

Во вториот стадиум постои опасност од вооружен инцидент. Во овој стадиум е пот-
ребно да се употребат инструментите на превентивната дипломатија.
Третиот стадиум подразбира „стадиум кога веќе ескалирал вооружениот конфликт”.
Четвртиот стадиум подразбира „стадиум кога конфликтот завршил, односно тоа е
стадиум деескалација на конфликтот.” Имено, овој стадиум значи почеток на посткон-
фликтна, реактивна превенција.21
Ваквата теоретска класификација доведе до идеја за имплементација на новата кла-
сификација во практиката. Имено, во 1999 година Советот за безбедност расправаше за
новата улога на Советот во превенција на вооружени конфликти. Оттука беше промови-
рана идејата за формирање „скала на превенција“ , што подразбира „принцип на про-
порционалност“, односно „преземање превентивни мерки во зависност од интензитетот
на конфликтот.“22
Оттука, може да се констатира дека „превентивната акција“ не претставува „уни-
верзално средство”, односно „лек за сите кризи или конфликти“. Ова е од суштинско
значење за да го разбереме нејзиното профилактичко дејство. Секој спор си има свои
особености. Ако нешто може да помогне во еден случај или во една земја не значи дека
ќе помогне во други случаи или во други земји. Во превенцијата, исто како и во дипло-
матијата, не постојат универзални формули за сите случаи.23 Оттука и се наметнува по-
требата од дефинирање на механизмите на превентивната акција, кои ќе ги придонесат
во остварувањето на позитивните цели.
4. Механизми на превентивната акција
Механизмите на превентивната акција кои се користат за остварување позитивни
цели треба да послужат како клучен дел од превентивната акција. За да биде ефектив-
на, превентивната акција треба да биде иницирана во најраниот можен стадиум на кон-
фликтниот циклус. Една од основните цели на превентивната акција треба да биде по-
сочување на длабоко вкоренетите социоекономски, културни, еколошки, институционал-
ни и други структурални причини, кои честопати ги поттикнуваат директните политички
симптоми на конфликтите. 24
Превентивната акција може да биде ефективна само ако се преземе сеопфатен при-
стап кој, секако, треба да опфати:
____________________________
21 Исто
22 Исто
23 Исто стр.49
24 Георгиева, 2006:108


 

- краткорочни и долгорочни дипломатски, политички, хуманитарни, човекови права,
развојни, институционални и други слични мерки. Секако дека овие мерки треба да би-
дат преземени од меѓународната заедница, која мора да соработува со националните и
регионалните актери.
Успешноста на превентивна акција исклучиво зависи од соработката на многу акте-
ри на Обединетите нации. Пред сѐ треба да бидат вклучени: генералниот секретар,
Советот за безбедност, Генералното собрание, Економскиот и социјалниот совет,
Меѓународниот суд за правда, агенциите, фондовите и канцелариите и Бретон
Вудс - институциите.
Оттука, од особено значење е да се посочи дека трите извори на превенцијата имаат
големо значење за остварување на позитивните цели.
Имено, позитивните цели на превентивната акција се остваруваат преку три клучни
извори на превенцијата, и тоа: директната превенција, индиректната превенција и
принудната превенција.
Трите категории меѓусебно се поврзани и се надополнуваат.
Директната превенција е содржана во Повелбата на Обединетите нации и во не-
колку други меѓународни инструменти, засновани врз принципите на меѓународното
право и врз унапредувањето на пријателските односи и соработка меѓу државите.
Всушност, оваа форма на акција може да се дефинира и како постојана претконфликт-
на превенција. Во таа насока, член 33 од Повелбата е недвосмислен.25 Во сферата на
директната превенција, главните органи на Обединетите нации, и тоа: генералниот сек-
ретар, Генералното собрание, Советот за безбедност и Меѓународниот суд на правда ги
остваруваат првата група глобални превентивни механизми. 26
Подеднакво е значајно и тоа дека и Меѓународниот кривичен суд игра важна пре-
вентивна улога. Всушност, сите тела дејствуваат врз принцип на праведност во меѓуна-
родната заедница. Овој принцип сам по себе претставува клучен фактор во спроведува-
њето на превенцијата. Со други зборови, Сокалски смета дека Обединетите нации со
своите механизми и институции во конкретни ситуации, односно во случај на конфликт
меѓу државите, се подобро оспособени. Додека пак, во ситуација на внатрешните кон-
фликти во државите, институциите и механизмите на Обединетите нации се слабо оспо-
собени.
Индиректна превенција може да се применува во три ситуации, и тоа: во преткон-
фликтни ситуации, во постконфликтни ситуации и за време на кризи меѓу одделни
држави или пак, во рамките на една држава.
____________________________
25 Сокалски, 2005:50
26 Исто


 

Индиректната превенција опфаќа цела сфера на владеењето на правото, човековите
права и другите меѓународни механизми за унапредување на демократијата и граѓанс-
кото општество, и тие се директно поврзани со фундаменталните, а на животната сре-
дина општествени причини за конфликтите, како што се исклучувањето, големата густи-
на на населението, невработеноста, нееднаквата распределба на ресурсите и деграда-
цијата на животната средина.27
Принудната превенција се применува во две ситуации, и тоа: кога треба да се ста-
ви крај на конфликт и кога треба да се менаџира криза.
Најчесто принудната превенција не е популарна.
Во таа смисла, раната превентивна акција ги има сите карактеристики на непринуд-
на акција. Имено, казнената акција, во која спаѓаат и воените мерки, ќе може да се при-
мени, но исклучиво како крајно средство. Тоа значи дека, казнената акција треба да би-
де во согласност со Глава седум од Повелбата на Обединетите нации. Затоа, секогаш
кога е возможно треба да се даде предност на локалните и на регионалните механизми
за добри услуги, посредување и помирување.
Со други зборови, иницијативите во рамките на превентивната дипломатија не треба
да претставува директно наметнување мерки однадвор или мешање во внатрешните
работи на засегнатите страни. Ако се создадат антагонизам или предрасуди кај едната
страна, шансите за изнаоѓање решение можат да се намалат, а конфликтот да стане уш-
те посериозен. Кооперативните пристапи, како што се убедувањето, влијанието, психо-
лошките стратегии и помошта при решавањето на проблемот, веројатно ќе бидат поус-
пешни во раната превентивна фаза отколку методите за влијание преку принуда и упо-
треба на сила.28
Додека пак, во раната фаза механизмот посредување аналитичарите сметаат дека
може да им помогне на страните и да ги поттикнат да разговараат. Од оваа констатаци-
ја Сокалски го извлекува и го потенцира ставот дека: „дипломатијата по пат на прину-
да носи опасности од несакани последици, грубо ограничувајќи го просторот за
флексибилност и маневрирање на една или на повеќе страни во конфликтот. За-
тоа, заштитен знак на проактивната превентивна дипломатија мора да биде не-
пристрасноста“.
Како надополнување на ова е и аргументот дека меѓународната заедница во практи-
ка разработи неколку механизми за превенција и за решавање конфликти. Оттука, се
дефинирани неколку механизми за превенција и за решавање конфликти, и тоа: гло-
________________________
27 Исто
28 Исто стр.50


 

бални механизми, регионални механизми, билатерални механизми и национални
механизми.
Истражувањата покажуваат дека втората група глобални превентивни механизми
се потпираат врз голем број меѓународни инструменти ратификувани од страна на
членките на Обединетите нации. Поаѓајќи од тој факт, овие инструменти се применува-
ат задолжително и содржат клаузули за контрола или предвидуваат посебни органи што
ги разгледуваат националните извештаи.
Во овие инструменти спаѓаат: двата меѓународни пакта за човекови права, пого-
лем број меѓународни конвенции, кои се потпишани или пак, усвоени под покро-
вителство на Обединетите нации.
Лимитирачка околност претставува тоа што сѐ уште нема целосна согласност во
ефикасното глобално спроведување на елементите содржани во поважните одредби на
овие инструменти.29
Третата група механизми што потекнуваат од Обединетите нации ја сочинуваат
препораките и соодветните решенија на некои глобални конференции, особено во
1990-тите години: Светската конференција за човековите права, Светскиот самит за
општествениот развој, Конференцијата во Рио за животната средина и развојот, Каирс-
ката конференција за населението и развојот и Пекиншката конференција за жената.
Притоа, мора да се има предвид дека клучните препораки на самитите, доколку дос-
ледно се применувале, односно и во иднина се применуваат имале и ќе имаат клучно
превентивно влијание врз постепеното елиминирање на причините кои довеле до еска-
лација на конфликти или пак, ќе доведат до ескалација на нови конфликти.

5. Иницијативи за навремена превенција

Мултилатерална акција за рана превенција се остварува доколку се исполнат некол-
ку предуслови. Конкретно, Џентлсон дефинира четири предуслови, и тоа: рано преду-
предување, дипломатски стратегии, поддршка од меѓународни актери и делотворни
превентивни воени сили.30
Според други анализи, како најважно прашање се смета прашањето на консензус во
меѓународната заедница и согласноста на непосредно засегнатата страна или страни.
Меѓутоа, од аспект на истражувањето на превентивната акција треба да се нагласи
дека „иако претконфликтната превенција може да се одобри по барање, односно, во со-
_________________________
29 Исто стр.51
30 Исто


 

гласност само на една страна, доколку постои консензус веројатноста за успех на на-
времена превентивна акција е многу поголема“.
Следејќи ги новите гледишта за превенција, се констатира дека постојат неколку
клучни прашања кои се важни за навремената превенција, и тоа: утврдување на причи-
ните за можни конфликти, рано започнување на интервенцијата, односно превентивна-
та акција, почитување на независноста и суверенитетот на земјата, или пак, на земјите
во кои се презема превентивната операција, обезбедување ресурси и обезбедување
персонал.
Сублимирајќи ги анализите што се занимаваат со предусловите за превентивната
дипломатија и со нејзините различни компоненти се утврдува заклучокот дека зачесте-
носта на вооружениот конфликт е во значителен пораст. Според анализата, бројот на
етничките внатрешни конфликти драстично се зголемил. Наспроти ова, бројот на воору-
жените конфликти меѓу одделни земји драстично се намалија. Конкретно, завршување-
то на Студената војна, или периодот на раните 90-ти ја зголемија бројката на вооруже-
ните конфликти од 47 во 1989 година, на 66 во 1992 година. Во наредниот период, од-
носно до 1996 година, забележана е редукција. Имено, се случија 50 конфликти, од кои-
што до крајот на 1996 година 44 беа сѐ уште активни.31 Исто така, вооружените кон-
фликти во Европа во 90-тите години во најголем дел се внатрешни конфликти. Додека
пак, во случаи кога вклучуваат одделни држави, тие прераснаа во процес на дезинте-
грација, како на пр. во СССР и СФРЈ.
Оттука, основна е констатацијата дека вооружените конфликти во Европа во 1990-
тите произлегуваат попрво од внатрешната сфера на државите отколку од судири по-
меѓу државите.
Во овие услови, меѓународната безбедност покрај зголемениот број на вооружените
конфликти се соочува и со други закани, како на пример, тероризмот и граѓански војни.
Оттука, авторите врз основа на карактеристиките, односно мултидимензионалната при-
рода на конфликтите тврдат дека се потребни мултидимензионални методи на акција.
Така се наведува примерот кога сиромаштијата или етничко-политичките ривалства се
причина за конфликт, улогата на дипломатијата и распоредување на мировни сили чес-
топати не се доволни. Од друга страна, превентивното распоредување сили без при-
дружна политичка акција најверојатно нема да се покаже како целосно ефикасен ин-
струмент на превенцијата32 Притоа, треба да се нагласи дека и покрај големата пред-
ност на превентивната акција, која според своите суштински карактеристики пред сѐ
ниската цена во однос на постигнатиот ефект, многу влади не реагираат на укажувања-
_________________________
31 Smitht D., (1997): Patterns of Violent Conflict in Europe, IAI, Roma
32 Сокалски, 2005: 53


 

та да интервенираат пред да ескалира конфликтот. Ова го потенцира и фактот што „по-
литичарите сѐ уште не им даваат приоритети на превенцијата и на нејзините механиз-
ми“. Иако раната превенција е многу поевтина во однос на менаџирањето на конфлик-
тите, кој се покажа како скап механизам. Затоа, значаен предизвик претставува созда-
вањето на „ефикасна структура од превентивни механизми за итно воспоставување
такви мисии.“
Оттука, може да се констатира дека во градацијата меѓу разните видови на превен-
тивна акција, каде што посебен акцент е ставено и на предконфликтната превенција, не
се исклучува можноста да настапи т.н. преодна фаза, односно од „меки“ кон „тврди”
мерки на превентивна акција. Или, пак, според мноштвото анализи коишто се однесува-
ат на конфликтите и справувањето со нив се смета дека треба да се употреби превен-
тивна мерка и тоа мерка за акција, и тоа од чиста дипломатија кон посилни форми на
принуда. Во литературата овие мерки се наречени селективно охрабрување и обесхраб-
рување, или, пак, можат да се сретнат како „стратегија на морков и стап.“ Оваа стра-
тегија аналитичарите ја сметаат за една од погрубите методи за превенција, која ако се
користи вешто може да придонесе за остварување вистинска ранa превентивна акција.
Исто така, во екстремни случаи, страните што интервенираат имаат можност да приме-
нат и поенергични методи на охрабрување, и тоа: ограничување или укинување за по-
мошта за развој, условено признавање на државноста или одложување на приемот во
регионални и во меѓународни организации, привремено ограничување на некои еле-
менти во билатералните односи.33
Ланд (Lund), овие видови акции ги дефинира како збир на политичко условување:
донаторот ја условува помошта или трговските односи со корисникот со успех во однос
на човековите права, демократизација или воспоставувањето добро управување.34
Меѓутоа, Институтот за меѓународни работи од Норвешка има поинаков став во од-
нос на ова прашање. Според Институтот, помошта за развој не може да биде аполитич-
на и тогаш прашањето за развој може да се искористи при остварувањето на дополни-
телно политичко влијание при превенција на вооружените конфликти.35
________________________
33 Исто, стр.55
34 Lund M., 1996: 25
35 Сокалски, стр.82


 

Литература

Annan A.Koffi (2002): Prevention of Armend Conflict, Report of the Secretary-General, United
Nations Publications, New York.
Георгиева Лидија, (2006): Менаџирање на ризици, Филозофски факултет, Скопје
Lund Michael, (1996) Early Warning and Preventive Diplomacy, Washington, United States
Institute of Peace Press.
Lund M., (1999): Preventive action in theory and practice: The Meaning and Components of
Preventive Diplomacy, The Norwegion Institute of International Affairs, Oslo.
Smith B., (1993) Between Urgencies and Impossibilities New Security Architecture for Europe,
Security Dialoque, Vol.24, No.3
Smitht D., (1997): Patterns of Violent Conflict in Europe, IAI, Roma
Сокалски Хенрик, (2005), Грам превенција: Македонија и искуството на Обединетите нации
во превентивната дипломатија, МИ-АН, Скопје
Vukadinovič Radovan, (2004) Megunarodni politički odnosi, Zagreb, Politička kultura
Vukadinovic Radovan, (2005) Teorije vanjske politike, Politička kultura, Zagreb
Vukadinovič Radovan, (2004), Politika i diplomacija, Politička kultura, Zagreb
Zartman W.I.(2001): Preventive Negotiation, Rowman&Littlefiend Publishers, Inc, Oxford.
Zartman William, (2005) Cowardly Lions Missed Opportunities to Prevent Deadly Conflict and
State Collapse.