Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КОНЦЕПТИ НА СВЕТСКИ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПОРЕДОЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Вовед
Геополитичкиот поредок претставува концепт со кој во геополитиката се објаснува
сложеноста на односите кои владеат во геополитичкиот систем. Покрај тоа што претста-
вува концепт кој се применува во геополитичките истражувања, геополитичкиот поре-
док е и самата состојба на геополитичките односи во геополитичкиот или меѓународ-
ниот систем. Односно, доколку се послужиме со терминологијата на науката за меѓуна-
родните односи, геополитичкиот поредок претставува специфична состојба на меѓуна-
родните односи во еден историски период. Според тоа, геополитичкиот поредок во гео-
политиката е сличен на историскиот израз на одреден тип меѓународни односи во нау-
ката за меѓународните односи.
Низ историјата на геополитиката со проучување на концептот на геополитичкиот по-
редок не се занимавале многу геополитичари. Најголемиот дел од нив се занимавала со
проучување на геополитичкиот поредок како историски период во историјата на геопо-
литичките и меѓународните односи. Својот подем, овие истражувања го доживуваат во
втората половина на XX век во период кога владеел геополитичкиот поредок на Студе-
ната војна. Имајќи ја предвид исклученоста на геополитиката и непишаната забрана за
нејзино споменување, истражувањата се развивале под закрилата на науката за меѓуна-
родните односи. Најголемиот број од истражувањата имале силно изразена геополитичка
компонента, поради што можеле да се класификуваат како геополитички истражувања.
Авторите од периодот на Студената војна, како што биле Моргентау (Morgenthau), Кенан
(Kennan), Лиска (Liska), а подоцна Коен (Cohen), Кисинџер (Kissinger) и Бжежински
(Brzezinski) се занимавале со истражување на геополитичкиот поредок на Студената војна и
во тие истражувања ги застапувале националните интереси на САД. Еден од истражувачите
кои се занимавале со истражување на теоретскиот концепт на геополитичкиот поредок е и
Роберт Кокс (Robert Cox) чии истражувања понатаму ги развиле О‘ Тул (O‘ Tuathail) и Агне
(Agnew). Кокс во своето дело „Social Forces, States and World Orders: beyond International
Relations Theory“ од 1981 година го разработува концептот на геополитичкиот поредок како
аналитичко средство за истражување на состојбата на геополитичките односи во светот во
одреден историски период. Кокс геополитичкиот поредок го поврзува со хегемонијата која
една држава ја наметнува над другите и потоа настојува да ја одржи. Геополитичките
поредоци претставуваат комбинација на социјални, политички и економски структури.
Оттука, геополитичките поредоци се поврзани со светската економија, односно со растот и
падот на големите економски сили кои воедно биле и политички сили низ историјата1.
______________________
1 Cox, R. (1981.), Social Forces, States and World Orders: beyond International Relations Theory, Millenium, X,
str. 126-155. Според: Taylor, P. J. (1993.), Political Geography, Longman Scientific & Technical, Essex, p. 64.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems