Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КОНЦЕПТИ НА СВЕТСКИ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПОРЕДОЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Исто така, геополитичкиот поредок може да се разбере како збир на геополитички
кодови во кои во голема мерка е присутна една единсвена матрица, која влијае на сите
нив како израз на единствениот геополитички поредок. Геополитичкиот код е резултат
на практичното геополитичко размислување. Истиот, во себе содржи збир на
политичко-географски претпоставки кои ја поддржуваат надворешната политика на
државата. Геополитичкиот код ја опфаќа дефиницијата на националните интереси,
идентификацијата на надворешните закани врз тие интереси, планираниот одговор на
тие закани и оправдувањето на таквиот одговор. Квантитативно гледано, бројот на
геополитичките кодови може да се совпадне со бројот на државите затоа што секоја
држава има право и може да има потреба од создавање сопствен геополитички код.
Секој геополитички код е единствен, и на неговото создавање влијае состојбата во
меѓународниот систем. Најголемо влијание на создавањето на геополитичкиот код на
секоја држава, покрај сопствените специфики, имаат геополитичките кодови на
соседните држави2. Геополитичките кодови на хегемонистичките држави имаат толку
големо влијание кое не е ограничено само на соседните држави, туку влијаат и на
кодовите на останатите држави во регионот, на континентот или во целиот свет.
Светскиот геополитички поредок исто така, може да се детерминира како распре-
делба на моќта во светот, според која се рамнат и во чиј склад делуваат најголемиот
дел од политичките елити во светот. Оваа распределба на моќта вклучува периоди на
стабилност и циклуси на хегемонија, како и своевиден ред и поредок помеѓу веројат-
ностите во светот во кој владее хегемонијата. Одредени геополитички поредоци прет-
ставуваат периоди во кои наспроти меѓународната анархија преовладува владеењето
на големите сили кои вршат прилагодување на своите интереси3. Меѓутоа, анархијата
во потесен смисол на зборот останува затоа што во светот никогаш не е воспоставена
централна власт бидејќи преовладува меѓународниот систем на суверени територијални
држави.
Период на транзиција од еден геополитички поредок во друг се случува кога за тоа
ќе се создадат услови во геополитичкиот систем, односно кога еден геополитички поре-
док ќе доживее криза или геополитичките односи во еден геополитички поредок ќе ста-
нат толку нестабилни што ќе продуцираат брза геополитичка транзиција. Тоа подразби-
ра силна промена на глобалните геополитички односи кои низ историјата не се случу-
вале толку изненадно и брзо како што е случај со последните две промени на геополи-
тичкиот поредок кои се однесуваат на преминот од геополитичкиот поредок на
Студената војна кон создавањето на новиот светски геополитички поредок со завршу-
__________________
2 Taylor, P. J. (1993.), Political Geography, Longman Scientific & Technical, Essex, p. 64
3 Ibid, p.74



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems