Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КОНЦЕПТИ НА СВЕТСКИ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПОРЕДОЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

вањето на Студената војна. Периодот по Втората светска војна, од 1945 до 1947 година,
претставува добар пример на геополитичка транзиција. Настаните кои се случувале во
Европа и поранешниот Советски Сојуз од 1989 до 1991 година имаа свое влијание на
случувањата во целиот свет. Тоа е последната геополитичка транзиција чија средишна
етапа траеше отприлика две години.
Презентираниот труд преку компаративна анализа се осврнува на различни кон-
цепти на геополитички поредоции кои претставуваат солидна база за креирање на ос-
новните предуслови за развој на новиот светски геополитички поредок. Притоа, се
потенцираат предностите и недостатоците на различните концепти кои се обидуваат да
го објаснат светскиот геополитички поредок во одредени историски периоди.


Геополитички поредок според концептите на Питер Тејлор
(Peter J. Taylor), Ј. Агне и С. Корбриџ (J. Agnew i S. Corbridge)

Според размислувањата на Тејлор, за да се разбере поимот геополитички поредок,
на самиот почеток треба да се објасни поимот циклус на хегемонија. Циклусот на хеге-
монија претставува период во историјата на геополитичките и меѓународните односи во
кој е остварена превласт или хегемонија на една држава над останатите или останатиот
дел од меѓународната заедница. Генерално гледано, хегемонијата не мора да претста-
вува негативен процес, односно хегемонијата едноставно претставува именување за
состојбата на остварена превласт на една држава над другите. На тој начин се соз-
даваат услови за креирање единствен светски геополитички поредок. Впрочем, мани-
фестирањето висок степен на хегемонија во меѓународните односи претставува најва-
жен предуслов за постоење и идентификација на светскиот геополитички поредок.
Развојот на циклусите на хегемонија може да се прати од почетокот на XIX век. Пе-
риод во кој по падот на Наполеон Бонапарта и рушењето на краткотрајната светска моќ
и превласт на Франција доаѓа до создавање на првиот циклус на хегемонија во истори-
јата, односно создавање на британскиот циклус на хегемонија. Британската хегемонија
или превласт својата кулминација ја доживува во средината на XIX век. Потоа, оваа хе-
гемонија губи на интезитет, најмногу поради јакнењето на другите држави и обединува-
њето на Германија. Кон крајот на XIX век почнува циклусот на хегемонија на Соедине-
тите Американски Држави, кој трае сѐ до крајот на Студената војна кон крајот на XX век.
Според одредени аналитичари овој циклус на хегемонија трае сѐ уште во поизразен об-
лик па уште се нарекува втор американски циклус на хегемонија. Според други анали-
тичари со завршувањето на Студената војна настапува нов циклус на хегемонија кој до
сега не добил свое посебно име. Имено, циклусите на хегемонија на Велика Британија и
САД можат да се нотираат како периоди на релативна стабилност во меѓународниот



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems