Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КОНЦЕПТИ НА СВЕТСКИ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПОРЕДОЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Концептот на геополитички поредок според Ј. Агне и С. Корбриџ се апсолвира на
нов, критички начин и на многу пошироки основи. Агне и Корбриџ во своите истражува-
ња се потпираат на резултатите на Лефевр (Lefebvre), кој прави аналитичка дистинкција
помеѓу просторната практика (spatial practice), претставувањето на просторот (representation
of space) и претставениот простор (representational space). Ваквата аналитичка
дистинкција е основата за разбирање на врските помеѓу геополитичките поредоци и
претставувањето на просторот кои се наоѓаат во дискурсот присутен во надворешно-по-
литичката практика.
Просторната практика се однесува на материјалните и физички токови, интеракции
и комуникации кои се случуваат во просторот како главни обележја на економското
производство и социјалната репродукција. Претставувањето на просторот ги вклучува
сите концепти, практиката и географските кодови кои се користат за објаснување на
просторната практика. Просторната практика е втемелена на материјалните ресурси, а
претставувањето на просторот е насочено кон идеите и идеологиите. Претставуваните
простори се сценарија на просторната практика или „замислени географии“, кои ги мо-
тивираат промените во претставувањето на просторот за трансформирање на простор-
ната практика.
Врз основа на разликувањето на просторната практика и претставувањето на прос-
торот направено е разликувањето на геополитичкиот поредок од геополитичкиот
дискурс. Геополитичкиот поредок се однесува на политичката економија на просторната
практика или на хиерархиската организација на просторот. Геополитичкиот дискурс се
однесува на геополитичката замисла на хиерархиската организација на просторот, која
во својот средишен дел ја има интерпретацијата на тој простор, која не мора нужно да
се реализира и не мора да биде исправна. Правењето разлика помеѓу геополитичкиот
поредок и геополитичкиот дискурс како две геополитички категории, е обележје на кри-
тичката геополитика која покрај материјалната просторна практика ги проучува и
начините на кои таа се претставува и се оспорува нејзината стварност5. Одреден геопо-
литички поредок, вклучувајќи го и современиот, нов светски поредок, всушност е прет-
ставуван простор.
Историјата на човештвото познава три гополитички поредоци, додека четвртиот гео-
политички поредок е период кој денеска трае. Секој геополитички поредок бил пратен
со соодветен геополитички дискурс. Британскиот геополитички поредок е објаснуван со
цивилизациската геополитика според која Европа и нејзината цивилизација е надмоќна
во однос на цивлизациите надвор од Европа, што ѝ дава за право и должност да спро-
_________________
5 Agnew, J., Corbridge, S. (1995), Mastering Space, Routledge, London, p. 7



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems