Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КОНЦЕПТИ НА СВЕТСКИ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПОРЕДОЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

веде процес на „цивилизирање“ преку територијални освојувања и колонијално уреду-
вање.
Геополитичкиот поредок на империјалните судири се објаснува преку природната
геополитика во која било присутно влијанието на природните науки и теоријата на ево-
луцијата, органската теорија на државата и холистичкото поимање на работите. Во кон-
фронтирањето на империите секоја империја полагала право на слабите држави и на-
роди во своето непосредно соседство или во другите делови од светот. Судирите се во-
деле помеѓу империите кои се бореле за светска доминација. Геополитичкиот поредок
на Студената војна ја создава идеолошката геополитика, во која се одвивал судир поме-
ѓу два спротиставени воено-политички блока и два потполно различни става за тоа как-
ва би требало да биде глобалната политичка економија.

Табела 2. Геополитички поредоци и геополитички дискурси низ историјата

Просторна практика Претставување на просторот

Период на
траење

 Геополитички поредок  Геополитички дискурс
1815-1875  Британски геополитички 
поредок
 Цивилизациска геополитика
1875-1945  Геополитички поредок на 
империјалните судири
 Природна геополитика
1945-1990  Геополитички поредок на 
Студената војна
 Идеолошка геополитика
1990-?  Нов светски геополитички 
поредок
 Геополитика на глобализмот и 
универзализмот, геоекономија

Извор: Agnew, J., Corbridge, S. (1995), Mastering Space, Routledge, London

Геополитичкиот поредок според критичката геополитика се дефинира како збир на
вообичаени правила, институции, активности и стратегии низ кои делувала и делува
меѓународната политичка економија во различни историски периоди. Атрибутот „геопо-
литички“ укажува на географските елементи на светскиот поредок. Оваа квалификација
на поредокот како геополитички се подразбира, заради фактот што поредокот нужно
има сопствени географски обележја кои вклучуваат одреден степен на централитет на
државната територија во однос на општествените и економските активности, природа
на хиерархиски односи помеѓу државите, просторни аспекти на активностите на раз-



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems