Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КОНЦЕПТИ НА СВЕТСКИ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПОРЕДОЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

лични држави и други субјекти на меѓународните односи, просторна поврзаност или не-
поврзаност помеѓу различни актери, придонесот на информациските и воените
технологии на просторната интеракција како и класификација на светските региони и
поединечните држави во однос на заканите кон нивната воена и економска безбедност.
Секој светски геополитички поредок претставува мешавина од кохезија и судири по-
меѓу актерите. За да егзистира, неопходен е одреден вид управување на глобално рам-
ниште кое опфаќа: дефинирање на актерите, правила на дејствување, принципи на ин-
теракција и широко прифатени претпоставки кои се однесуваат на трговијата, воената
сила и дипломатијата. Ова ги вклучува меѓународните организации и „режимите“ кои се
однесуваат на дејствувањето на државите на одредени подрачја како што се трговијата,
паричните токови, безбедност и сл. Светскиот поредок вклучува и збир од субјективни
претпоставки и начини на однесување кои ги делат најважните актери на светскиот по-
редок.
Според претходно изнесените ставови, Тејлор во својот концепт на геополитички по-
редок, истиот го поврзува со хегемонијата на одреден актер на поредокот или повеќе
такви актери над останатите актери од геополитичкиот поредок. Според Тејлор, хегемо-
нијата е превласт на хегемонот над останатите6. Од друга страна, Агне и Корбриџ хеге-
монијата ја апсолвираат на малку поинаков начин, односно како збир на вообичаени и
прифатени правила и идеолошки претпоставки кои на некој поредок му даваат „нор-
малност“ и „рационална“ прифатливост на сите актери кои во него учествуваат. Во
некој геополитички поредок една држава може да има превласт над останатите, но, не
мора нужно да постои хегемонија на одредена држава за да постои геополитичкиот по-
редок. Според тоа, хегемонијата се однесува на збир од културни политики и
претпоставки кои се јавуваат во некој геополитички поредок без постоење на доминан-
тни територијални актери. Во овој контекст хегемонија на правила и идеи постои секо-
гаш, затоа што постоењето на некој геополитички поредок е условено со постоење на
одреден степен на превладување на општоприфатените правила, делувања и институ-
ции без кои поредокот не би можел да се воспостави и не би можел да функционира.
Следствено на тоа, хегемонијата постои од секогаш, но не мора да постојат и хегемони.
Концептот на геополитички поредок според Агне и Корбриџ се темели врз три прет-
поставки:
1. правила, делувања и идеи кои се присутни во глобалната политичка економија
кои од почетокот на XIX век и воспоставувањето на модерните територијални држави
најмногу се промениле;
___________________
6 Taylor, P. J. (1993), Political Geography, Longman Scientific & Technical, Essex



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems