Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КОНЦЕПТИ НА СВЕТСКИ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПОРЕДОЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

2. правилата, делувањата и идеите општествено се втемелени низ интеракцијата
на државите и останатите актери. Делувањата и идеите се менуваат како што се менува
природата на интеракциите. Интересите на актерите имаат извор во специфичните ис-
ториски контексти во кои се појавуваат;
3. промените на делувањата и идеите на актерите имаат вистински геополитички
карактер, вклучувајќи ги промените во диференцирањето на просторните аспекти од
делувањето кои се извор и главно обележје на геополитичкиот поредок7.
Геополитичкиот дискурс ја вклучува апликацијата на претставениот простор која ја
насочува просторната практика карактеристична за одреден геополитички поредок. Вр-
ската на преовладувачките претставувања на просторот и на преовладувачките прос-
торни практики го сочинува практичното геополитичко размислување на политичките
елити на државата. Геополитичкиот дискурс е многу повеќе од самите говори и тексто-
ви, односно геополитичкиот дискурс претставува збир на правила кои ги обликуваат
тие говори и текстови.
Постојат четири тези кои го сочинуваат заклучокот на размислувањата за геополи-
тичкиот дискурс:
1. геополитичкиот дискурс не претставува посебна активност или идентификација
на специфични географски фактори на одредена ситуација или состојба во меѓународ-
ните односи;
2. геополитичкиот дискурс повеќе вклучува практично размислување отколку
формална распределба на формални геополитички модели;
3. географското знаење во геополитичкиот дискурс има редуцирачки карактер;
4. политичките елити имаат различно влијание на тоа како глобалниот политичко-
економски простор ќе биде претставен во геополитичките дискурси8.
Претходно елаборираните концепти ни зборуваат за тоа што би требало да биде и
како се дефинира геополитичкиот поредок, односно ни зборуваат за односот на геопо-
литичкиот поредок со геополитичките дискурси и геополитичките кодови.

Концепт на геополитичка еволуција
на Сoл Б. Коен (Saul B. Cohen)

Концептот на геополитичката еволуција се состои од геополитичка динамична рам-
нотежа помеѓу која се јавуваат периоди на геополитичка транзиција. Автор на концеп-
тот на геополитичка еволуција е американскиот географ и геополитичар Сол Бернард

______________________
7 Agnew, J., Corbridge, S. (1995), Mastering Space, Routledge, London, p. 19
8 Ibid, p.p. 48-49



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems