Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КОНЦЕПТИ НА СВЕТСКИ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПОРЕДОЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

Коен. Според него, основното прашање со кое треба да се занимава геополитичката
анализа претставува прашањето: дали политичката карта на светот отсликува систем во
кој владеe ред (дали во него постои геополитички поредок) или неред; рамнотежа или
нерамнотежа.
Познато е дека до втората половина на XX век егзистираше биполарниот светски по-
редок. Во еден таков биполарен свет, којшто го креираа суперсилите, со геостратегис-
ките подрачја и нивните региони, основно обележје претставуваше рамнотежата на
стравот која постоеше помеѓу блоковите чијашто сила имаше варијабилна константа.
Секој период на слабеење на некој од блоковите, по автоматизам продуцирало јакнење
на спротивниот блок. Тие промени на системот му овозможиле опстанок. Системот и по-
редокот во биполаризмот не беа статички туку динамички, поради што во периодот на
Студената војна рамнотежата на силите била втемелена на динамичката рамнотежа.
Тоа подразбира дека границите на геостратегиските подрачја и геополитички региони9
непрестано се менуваат. Регионите ја менуваат својата политичка и економска ориента-
ција, а нациите ги менуваат своите сојузници. Рамнотежата се остварува кога по одре-
дени пореметувања доаѓа до урамнотежување на состојбите во системот. Со самото соз-
ревање на системите, неговите делови се умножуваат и ја одвлекуваат моќта од цен-
тралниот дел на системот. Во децентрализираниот систем, каде што индивидуалните
територијални единици имаат растечка одговорност за насочување на сопствените ка-
пацитети, интеракцијата помеѓу компонентите станува самостојно насочена. Таквата ин-
теракција може да биде кооперативна или компетитивна, но секогаш е турбулентна.
Најважен израз на интеракција претставува преориентацијата и прегрупирањето на те-
риторијално-политичките единици. Прегрупирањето претставува одлика на сите геопо-
литички нивоа – од подрачјето до регионот до државата и субдржавните единици. Гео-
политичките процепи се случуваат на одредени линии кои се избрани помеѓу група ли-
нии кои ни ги овозможува самата природа. Релативната моќ на поедини јадра на моќта
го одредува местото и хиерархиското ниво каде што ќе се случи геополитичкото разде-
лување и прегрупирање10.
Според Коен целиот свет претставува геополитички систем за кој смета дека е ор-
гански систем кој доживува еволуција. Со крајот на Студената војна, од аспект на геопо-
литичката еволуција се случиле воглавно позитивни промени, кои не се од круцијално
значење и не можат да го променат општиот правец на случувања кои водат кон пого-
_________________________
9 Cohen, S. B. (1963), Geography and Politics in a World Divided, Random House , New York, p.p. 56-87
10 Cohen, S. B. (1994), Geopolitics in the New World Era: A New Perspective on an Old Discipline, во: Demko, G.
J. (ed.), Wood, W. B. (ed.), Reordering the World: Geopolitical Perspectives for the Twenty-first Century,
Westview Press, Boulder, Colorado, p.p. 15-48



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems