КОНЦЕПТИ НА СВЕТСКИ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПОРЕДОЦИ

Print

Тони МИЛЕСКИ
911.3:32 (100)

 

AПСТРАКТ
Трудот се занимава со елаборација на теоретските концепти врз кои се
базираат светските геополитички поредоци. Ваквиот пристап, овозможува
да се согледаат, низ историската призма, развојните принципи на секој
светски геополитички поредок, поединечно. Еволутивниот пат ни дава со-
лидна основа за креирање на претпоставки кои ќе ги втемелат основните
карактеристики на новиот светски геополитички поредок. Во трудот се
елаборираат концептите на геополитички поредоци на П. Тејлор, Ј. Агне, С.
Корбриџ, С. Коен како и современите теории на Лутвак, Фукојама и Хан-
тингтон за развој на идниот геополитичкиот поредок.

Клучни зборови: концепт, геополитички поредок, геополитички дис-
курс, хегемонија, хегемон.

ABSTRACT:
THE CONCEPTS OF WORLD GEOPOLITICAL ORDERS
The paper is an attempt to elaborate the theoretical concepts on which
are based global geopolitical orders. This approach allows to identify, through
the historical prism, the development principles of every individually world
geopolitical order. Evolutionary path gives us a solid base for assumptions
that will be basic features of the new world geopolitical order. The paper will
elaborate the concepts of geopolitical orders of P. Taylor, J. Agnew, S. Corbridge,
S. Cohen and contemporary theories of development of the geopolitical
order of Lutvak, Fukuyama and Huntington.

Key words:
Concept, geopolitical order, geopolitical discourse, hegemony,
hegemon.


 

Вовед
Геополитичкиот поредок претставува концепт со кој во геополитиката се објаснува
сложеноста на односите кои владеат во геополитичкиот систем. Покрај тоа што претста-
вува концепт кој се применува во геополитичките истражувања, геополитичкиот поре-
док е и самата состојба на геополитичките односи во геополитичкиот или меѓународ-
ниот систем. Односно, доколку се послужиме со терминологијата на науката за меѓуна-
родните односи, геополитичкиот поредок претставува специфична состојба на меѓуна-
родните односи во еден историски период. Според тоа, геополитичкиот поредок во гео-
политиката е сличен на историскиот израз на одреден тип меѓународни односи во нау-
ката за меѓународните односи.
Низ историјата на геополитиката со проучување на концептот на геополитичкиот по-
редок не се занимавале многу геополитичари. Најголемиот дел од нив се занимавала со
проучување на геополитичкиот поредок како историски период во историјата на геопо-
литичките и меѓународните односи. Својот подем, овие истражувања го доживуваат во
втората половина на XX век во период кога владеел геополитичкиот поредок на Студе-
ната војна. Имајќи ја предвид исклученоста на геополитиката и непишаната забрана за
нејзино споменување, истражувањата се развивале под закрилата на науката за меѓуна-
родните односи. Најголемиот број од истражувањата имале силно изразена геополитичка
компонента, поради што можеле да се класификуваат како геополитички истражувања.
Авторите од периодот на Студената војна, како што биле Моргентау (Morgenthau), Кенан
(Kennan), Лиска (Liska), а подоцна Коен (Cohen), Кисинџер (Kissinger) и Бжежински
(Brzezinski) се занимавале со истражување на геополитичкиот поредок на Студената војна и
во тие истражувања ги застапувале националните интереси на САД. Еден од истражувачите
кои се занимавале со истражување на теоретскиот концепт на геополитичкиот поредок е и
Роберт Кокс (Robert Cox) чии истражувања понатаму ги развиле О‘ Тул (O‘ Tuathail) и Агне
(Agnew). Кокс во своето дело „Social Forces, States and World Orders: beyond International
Relations Theory“ од 1981 година го разработува концептот на геополитичкиот поредок како
аналитичко средство за истражување на состојбата на геополитичките односи во светот во
одреден историски период. Кокс геополитичкиот поредок го поврзува со хегемонијата која
една држава ја наметнува над другите и потоа настојува да ја одржи. Геополитичките
поредоци претставуваат комбинација на социјални, политички и економски структури.
Оттука, геополитичките поредоци се поврзани со светската економија, односно со растот и
падот на големите економски сили кои воедно биле и политички сили низ историјата1.
______________________
1 Cox, R. (1981.), Social Forces, States and World Orders: beyond International Relations Theory, Millenium, X,
str. 126-155. Според: Taylor, P. J. (1993.), Political Geography, Longman Scientific & Technical, Essex, p. 64.


 

Исто така, геополитичкиот поредок може да се разбере како збир на геополитички
кодови во кои во голема мерка е присутна една единсвена матрица, која влијае на сите
нив како израз на единствениот геополитички поредок. Геополитичкиот код е резултат
на практичното геополитичко размислување. Истиот, во себе содржи збир на
политичко-географски претпоставки кои ја поддржуваат надворешната политика на
државата. Геополитичкиот код ја опфаќа дефиницијата на националните интереси,
идентификацијата на надворешните закани врз тие интереси, планираниот одговор на
тие закани и оправдувањето на таквиот одговор. Квантитативно гледано, бројот на
геополитичките кодови може да се совпадне со бројот на државите затоа што секоја
држава има право и може да има потреба од создавање сопствен геополитички код.
Секој геополитички код е единствен, и на неговото создавање влијае состојбата во
меѓународниот систем. Најголемо влијание на создавањето на геополитичкиот код на
секоја држава, покрај сопствените специфики, имаат геополитичките кодови на
соседните држави2. Геополитичките кодови на хегемонистичките држави имаат толку
големо влијание кое не е ограничено само на соседните држави, туку влијаат и на
кодовите на останатите држави во регионот, на континентот или во целиот свет.
Светскиот геополитички поредок исто така, може да се детерминира како распре-
делба на моќта во светот, според која се рамнат и во чиј склад делуваат најголемиот
дел од политичките елити во светот. Оваа распределба на моќта вклучува периоди на
стабилност и циклуси на хегемонија, како и своевиден ред и поредок помеѓу веројат-
ностите во светот во кој владее хегемонијата. Одредени геополитички поредоци прет-
ставуваат периоди во кои наспроти меѓународната анархија преовладува владеењето
на големите сили кои вршат прилагодување на своите интереси3. Меѓутоа, анархијата
во потесен смисол на зборот останува затоа што во светот никогаш не е воспоставена
централна власт бидејќи преовладува меѓународниот систем на суверени територијални
држави.
Период на транзиција од еден геополитички поредок во друг се случува кога за тоа
ќе се создадат услови во геополитичкиот систем, односно кога еден геополитички поре-
док ќе доживее криза или геополитичките односи во еден геополитички поредок ќе ста-
нат толку нестабилни што ќе продуцираат брза геополитичка транзиција. Тоа подразби-
ра силна промена на глобалните геополитички односи кои низ историјата не се случу-
вале толку изненадно и брзо како што е случај со последните две промени на геополи-
тичкиот поредок кои се однесуваат на преминот од геополитичкиот поредок на
Студената војна кон создавањето на новиот светски геополитички поредок со завршу-
__________________
2 Taylor, P. J. (1993.), Political Geography, Longman Scientific & Technical, Essex, p. 64
3 Ibid, p.74


 

вањето на Студената војна. Периодот по Втората светска војна, од 1945 до 1947 година,
претставува добар пример на геополитичка транзиција. Настаните кои се случувале во
Европа и поранешниот Советски Сојуз од 1989 до 1991 година имаа свое влијание на
случувањата во целиот свет. Тоа е последната геополитичка транзиција чија средишна
етапа траеше отприлика две години.
Презентираниот труд преку компаративна анализа се осврнува на различни кон-
цепти на геополитички поредоции кои претставуваат солидна база за креирање на ос-
новните предуслови за развој на новиот светски геополитички поредок. Притоа, се
потенцираат предностите и недостатоците на различните концепти кои се обидуваат да
го објаснат светскиот геополитички поредок во одредени историски периоди.


Геополитички поредок според концептите на Питер Тејлор
(Peter J. Taylor), Ј. Агне и С. Корбриџ (J. Agnew i S. Corbridge)

Според размислувањата на Тејлор, за да се разбере поимот геополитички поредок,
на самиот почеток треба да се објасни поимот циклус на хегемонија. Циклусот на хеге-
монија претставува период во историјата на геополитичките и меѓународните односи во
кој е остварена превласт или хегемонија на една држава над останатите или останатиот
дел од меѓународната заедница. Генерално гледано, хегемонијата не мора да претста-
вува негативен процес, односно хегемонијата едноставно претставува именување за
состојбата на остварена превласт на една држава над другите. На тој начин се соз-
даваат услови за креирање единствен светски геополитички поредок. Впрочем, мани-
фестирањето висок степен на хегемонија во меѓународните односи претставува најва-
жен предуслов за постоење и идентификација на светскиот геополитички поредок.
Развојот на циклусите на хегемонија може да се прати од почетокот на XIX век. Пе-
риод во кој по падот на Наполеон Бонапарта и рушењето на краткотрајната светска моќ
и превласт на Франција доаѓа до создавање на првиот циклус на хегемонија во истори-
јата, односно создавање на британскиот циклус на хегемонија. Британската хегемонија
или превласт својата кулминација ја доживува во средината на XIX век. Потоа, оваа хе-
гемонија губи на интезитет, најмногу поради јакнењето на другите држави и обединува-
њето на Германија. Кон крајот на XIX век почнува циклусот на хегемонија на Соедине-
тите Американски Држави, кој трае сѐ до крајот на Студената војна кон крајот на XX век.
Според одредени аналитичари овој циклус на хегемонија трае сѐ уште во поизразен об-
лик па уште се нарекува втор американски циклус на хегемонија. Според други анали-
тичари со завршувањето на Студената војна настапува нов циклус на хегемонија кој до
сега не добил свое посебно име. Имено, циклусите на хегемонија на Велика Британија и
САД можат да се нотираат како периоди на релативна стабилност во меѓународниот


 

систем во кој државите хегемони успеале да ги наметнат сопствените надворешно-по-
литички ставови врз поголемиот дел од останатите актери и практично да ги реализи-
раат сопствените идеи во рамките на постоечкиот геополитички поредок. Ваквата ста-
билност овозможила хегемонијата да се поврзе со геополитичкиот поредок4.

Табела 1. Циклуси на хегемонија и светски геополитички поредоци.

Етапи на
времетраење

Циклус на хегемонија

Години на
транзиција

Светски геополитички поредок
 Британски циклус на 
хегемонија
 1790-98  Раст на хегемонијата  Дезинтеграција на 
доминацијата на Наполеон
 1815-25  Врв на хегемонијата  1813-15  Светски поредок на 
хегемонија и согласност
 1844-51  Зрела хегемонија  Рамнотежа на силите во 
Европа
 1870-75  Пад на хегемонијата  1866-71  Светски поредок на
конкурентност и согласност
 Германија доминира со 
Европа, Британија владее со 
остатокот на светот

Американски циклус
на хегемонија

 1890-96  Раст на хегемонијата  1904-07  Светски поредок на 
британското наследство
 1913-20  Врв на хегемонијата  САД и Германија стануваат 
велесили
 1940-45  Зрела хегемонија  1945-47  Светски поредок на Студената 
војна
 1967-73  Пад на хегемонијата  СССР закана за американската 
хегемонија
 Нова хегемонија
 1990-?  Раст на хегемонијата
на САД
 1989-91

Нов светски геополитички
поредок

Извор: Taylor, P. J. (1993), Political Geography, Longman Scientific & Technical, Essex

___________________

4 Taylor, P. J. (1993), Political Geography, Longman Scientific & Technical, Essex, str. 74


 

Концептот на геополитички поредок според Ј. Агне и С. Корбриџ се апсолвира на
нов, критички начин и на многу пошироки основи. Агне и Корбриџ во своите истражува-
ња се потпираат на резултатите на Лефевр (Lefebvre), кој прави аналитичка дистинкција
помеѓу просторната практика (spatial practice), претставувањето на просторот (representation
of space) и претставениот простор (representational space). Ваквата аналитичка
дистинкција е основата за разбирање на врските помеѓу геополитичките поредоци и
претставувањето на просторот кои се наоѓаат во дискурсот присутен во надворешно-по-
литичката практика.
Просторната практика се однесува на материјалните и физички токови, интеракции
и комуникации кои се случуваат во просторот како главни обележја на економското
производство и социјалната репродукција. Претставувањето на просторот ги вклучува
сите концепти, практиката и географските кодови кои се користат за објаснување на
просторната практика. Просторната практика е втемелена на материјалните ресурси, а
претставувањето на просторот е насочено кон идеите и идеологиите. Претставуваните
простори се сценарија на просторната практика или „замислени географии“, кои ги мо-
тивираат промените во претставувањето на просторот за трансформирање на простор-
ната практика.
Врз основа на разликувањето на просторната практика и претставувањето на прос-
торот направено е разликувањето на геополитичкиот поредок од геополитичкиот
дискурс. Геополитичкиот поредок се однесува на политичката економија на просторната
практика или на хиерархиската организација на просторот. Геополитичкиот дискурс се
однесува на геополитичката замисла на хиерархиската организација на просторот, која
во својот средишен дел ја има интерпретацијата на тој простор, која не мора нужно да
се реализира и не мора да биде исправна. Правењето разлика помеѓу геополитичкиот
поредок и геополитичкиот дискурс како две геополитички категории, е обележје на кри-
тичката геополитика која покрај материјалната просторна практика ги проучува и
начините на кои таа се претставува и се оспорува нејзината стварност5. Одреден геопо-
литички поредок, вклучувајќи го и современиот, нов светски поредок, всушност е прет-
ставуван простор.
Историјата на човештвото познава три гополитички поредоци, додека четвртиот гео-
политички поредок е период кој денеска трае. Секој геополитички поредок бил пратен
со соодветен геополитички дискурс. Британскиот геополитички поредок е објаснуван со
цивилизациската геополитика според која Европа и нејзината цивилизација е надмоќна
во однос на цивлизациите надвор од Европа, што ѝ дава за право и должност да спро-
_________________
5 Agnew, J., Corbridge, S. (1995), Mastering Space, Routledge, London, p. 7


 

веде процес на „цивилизирање“ преку територијални освојувања и колонијално уреду-
вање.
Геополитичкиот поредок на империјалните судири се објаснува преку природната
геополитика во која било присутно влијанието на природните науки и теоријата на ево-
луцијата, органската теорија на државата и холистичкото поимање на работите. Во кон-
фронтирањето на империите секоја империја полагала право на слабите држави и на-
роди во своето непосредно соседство или во другите делови од светот. Судирите се во-
деле помеѓу империите кои се бореле за светска доминација. Геополитичкиот поредок
на Студената војна ја создава идеолошката геополитика, во која се одвивал судир поме-
ѓу два спротиставени воено-политички блока и два потполно различни става за тоа как-
ва би требало да биде глобалната политичка економија.

Табела 2. Геополитички поредоци и геополитички дискурси низ историјата

Просторна практика Претставување на просторот

Период на
траење

 Геополитички поредок  Геополитички дискурс
1815-1875  Британски геополитички 
поредок
 Цивилизациска геополитика
1875-1945  Геополитички поредок на 
империјалните судири
 Природна геополитика
1945-1990  Геополитички поредок на 
Студената војна
 Идеолошка геополитика
1990-?  Нов светски геополитички 
поредок
 Геополитика на глобализмот и 
универзализмот, геоекономија

Извор: Agnew, J., Corbridge, S. (1995), Mastering Space, Routledge, London

Геополитичкиот поредок според критичката геополитика се дефинира како збир на
вообичаени правила, институции, активности и стратегии низ кои делувала и делува
меѓународната политичка економија во различни историски периоди. Атрибутот „геопо-
литички“ укажува на географските елементи на светскиот поредок. Оваа квалификација
на поредокот како геополитички се подразбира, заради фактот што поредокот нужно
има сопствени географски обележја кои вклучуваат одреден степен на централитет на
државната територија во однос на општествените и економските активности, природа
на хиерархиски односи помеѓу државите, просторни аспекти на активностите на раз-


лични држави и други субјекти на меѓународните односи, просторна поврзаност или не-
поврзаност помеѓу различни актери, придонесот на информациските и воените
технологии на просторната интеракција како и класификација на светските региони и
поединечните држави во однос на заканите кон нивната воена и економска безбедност.
Секој светски геополитички поредок претставува мешавина од кохезија и судири по-
меѓу актерите. За да егзистира, неопходен е одреден вид управување на глобално рам-
ниште кое опфаќа: дефинирање на актерите, правила на дејствување, принципи на ин-
теракција и широко прифатени претпоставки кои се однесуваат на трговијата, воената
сила и дипломатијата. Ова ги вклучува меѓународните организации и „режимите“ кои се
однесуваат на дејствувањето на државите на одредени подрачја како што се трговијата,
паричните токови, безбедност и сл. Светскиот поредок вклучува и збир од субјективни
претпоставки и начини на однесување кои ги делат најважните актери на светскиот по-
редок.
Според претходно изнесените ставови, Тејлор во својот концепт на геополитички по-
редок, истиот го поврзува со хегемонијата на одреден актер на поредокот или повеќе
такви актери над останатите актери од геополитичкиот поредок. Според Тејлор, хегемо-
нијата е превласт на хегемонот над останатите6. Од друга страна, Агне и Корбриџ хеге-
монијата ја апсолвираат на малку поинаков начин, односно како збир на вообичаени и
прифатени правила и идеолошки претпоставки кои на некој поредок му даваат „нор-
малност“ и „рационална“ прифатливост на сите актери кои во него учествуваат. Во
некој геополитички поредок една држава може да има превласт над останатите, но, не
мора нужно да постои хегемонија на одредена држава за да постои геополитичкиот по-
редок. Според тоа, хегемонијата се однесува на збир од културни политики и
претпоставки кои се јавуваат во некој геополитички поредок без постоење на доминан-
тни територијални актери. Во овој контекст хегемонија на правила и идеи постои секо-
гаш, затоа што постоењето на некој геополитички поредок е условено со постоење на
одреден степен на превладување на општоприфатените правила, делувања и институ-
ции без кои поредокот не би можел да се воспостави и не би можел да функционира.
Следствено на тоа, хегемонијата постои од секогаш, но не мора да постојат и хегемони.
Концептот на геополитички поредок според Агне и Корбриџ се темели врз три прет-
поставки:
1. правила, делувања и идеи кои се присутни во глобалната политичка економија
кои од почетокот на XIX век и воспоставувањето на модерните територијални држави
најмногу се промениле;
___________________
6 Taylor, P. J. (1993), Political Geography, Longman Scientific & Technical, Essex


2. правилата, делувањата и идеите општествено се втемелени низ интеракцијата
на државите и останатите актери. Делувањата и идеите се менуваат како што се менува
природата на интеракциите. Интересите на актерите имаат извор во специфичните ис-
ториски контексти во кои се појавуваат;
3. промените на делувањата и идеите на актерите имаат вистински геополитички
карактер, вклучувајќи ги промените во диференцирањето на просторните аспекти од
делувањето кои се извор и главно обележје на геополитичкиот поредок7.
Геополитичкиот дискурс ја вклучува апликацијата на претставениот простор која ја
насочува просторната практика карактеристична за одреден геополитички поредок. Вр-
ската на преовладувачките претставувања на просторот и на преовладувачките прос-
торни практики го сочинува практичното геополитичко размислување на политичките
елити на државата. Геополитичкиот дискурс е многу повеќе од самите говори и тексто-
ви, односно геополитичкиот дискурс претставува збир на правила кои ги обликуваат
тие говори и текстови.
Постојат четири тези кои го сочинуваат заклучокот на размислувањата за геополи-
тичкиот дискурс:
1. геополитичкиот дискурс не претставува посебна активност или идентификација
на специфични географски фактори на одредена ситуација или состојба во меѓународ-
ните односи;
2. геополитичкиот дискурс повеќе вклучува практично размислување отколку
формална распределба на формални геополитички модели;
3. географското знаење во геополитичкиот дискурс има редуцирачки карактер;
4. политичките елити имаат различно влијание на тоа како глобалниот политичко-
економски простор ќе биде претставен во геополитичките дискурси8.
Претходно елаборираните концепти ни зборуваат за тоа што би требало да биде и
како се дефинира геополитичкиот поредок, односно ни зборуваат за односот на геопо-
литичкиот поредок со геополитичките дискурси и геополитичките кодови.

Концепт на геополитичка еволуција
на Сoл Б. Коен (Saul B. Cohen)

Концептот на геополитичката еволуција се состои од геополитичка динамична рам-
нотежа помеѓу која се јавуваат периоди на геополитичка транзиција. Автор на концеп-
тот на геополитичка еволуција е американскиот географ и геополитичар Сол Бернард

______________________
7 Agnew, J., Corbridge, S. (1995), Mastering Space, Routledge, London, p. 19
8 Ibid, p.p. 48-49


Коен. Според него, основното прашање со кое треба да се занимава геополитичката
анализа претставува прашањето: дали политичката карта на светот отсликува систем во
кој владеe ред (дали во него постои геополитички поредок) или неред; рамнотежа или
нерамнотежа.
Познато е дека до втората половина на XX век егзистираше биполарниот светски по-
редок. Во еден таков биполарен свет, којшто го креираа суперсилите, со геостратегис-
ките подрачја и нивните региони, основно обележје претставуваше рамнотежата на
стравот која постоеше помеѓу блоковите чијашто сила имаше варијабилна константа.
Секој период на слабеење на некој од блоковите, по автоматизам продуцирало јакнење
на спротивниот блок. Тие промени на системот му овозможиле опстанок. Системот и по-
редокот во биполаризмот не беа статички туку динамички, поради што во периодот на
Студената војна рамнотежата на силите била втемелена на динамичката рамнотежа.
Тоа подразбира дека границите на геостратегиските подрачја и геополитички региони9
непрестано се менуваат. Регионите ја менуваат својата политичка и економска ориента-
ција, а нациите ги менуваат своите сојузници. Рамнотежата се остварува кога по одре-
дени пореметувања доаѓа до урамнотежување на состојбите во системот. Со самото соз-
ревање на системите, неговите делови се умножуваат и ја одвлекуваат моќта од цен-
тралниот дел на системот. Во децентрализираниот систем, каде што индивидуалните
територијални единици имаат растечка одговорност за насочување на сопствените ка-
пацитети, интеракцијата помеѓу компонентите станува самостојно насочена. Таквата ин-
теракција може да биде кооперативна или компетитивна, но секогаш е турбулентна.
Најважен израз на интеракција претставува преориентацијата и прегрупирањето на те-
риторијално-политичките единици. Прегрупирањето претставува одлика на сите геопо-
литички нивоа – од подрачјето до регионот до државата и субдржавните единици. Гео-
политичките процепи се случуваат на одредени линии кои се избрани помеѓу група ли-
нии кои ни ги овозможува самата природа. Релативната моќ на поедини јадра на моќта
го одредува местото и хиерархиското ниво каде што ќе се случи геополитичкото разде-
лување и прегрупирање10.
Според Коен целиот свет претставува геополитички систем за кој смета дека е ор-
гански систем кој доживува еволуција. Со крајот на Студената војна, од аспект на геопо-
литичката еволуција се случиле воглавно позитивни промени, кои не се од круцијално
значење и не можат да го променат општиот правец на случувања кои водат кон пого-
_________________________
9 Cohen, S. B. (1963), Geography and Politics in a World Divided, Random House , New York, p.p. 56-87
10 Cohen, S. B. (1994), Geopolitics in the New World Era: A New Perspective on an Old Discipline, во: Demko, G.
J. (ed.), Wood, W. B. (ed.), Reordering the World: Geopolitical Perspectives for the Twenty-first Century,
Westview Press, Boulder, Colorado, p.p. 15-48


лема интеграција на самиот систем. Интеграцијата е карактеристична и за глобалното и
за регионалното ниво. Државите кои можеме да ги именуваме како регионални сили се
обидуваат да станат регионални хегемони и да ја поткопаат моќта на велесилите и су-
персилите, но сепак безуспешно. Регионалните сили засега можат да бидат само ли-
дери во соработката во дадениот регион.
Еволуцискиот принцип, кој го разгледува Коен, зборува дека системите се развиваат
на определен начин, дека се отврени кон надворешните сили и дека важни елементи на
системот се хиерархијата, регулацијата и ентропијата. Постојат четири етапи низ кои се
развива системот. Првата етапа е недиференциран систем, во кој деловите на терито-
ријата не се поврзани и имаат еднакви функции. Во втората етапа доаѓа до диференци-
јација, во која деловите на системот функционално се специјализираат, но сѐ уште се
изолирани. Следуваат етапите на специјализација и хиерархиска интеграција што дове-
дува до интеграција на различни делови од територијата во системот11.
Како најголем и најеминентен геополитичар од втората половина на XX век, Сол
Коен презел ревизија на старите геополитички и геостратегиски доктрини за Хартланд
и Римланд. Коен правилно ги воочува промените кои се случувале во светот, бил про-
тив биполарноста и конфликтноста на тоа време. Во еден свој подоцнежен труд, соз-
даден во периодот по Студената војна, Коен дава поглед и дефиниција за новата
геополитика и новиот геополитички систем кој претставува израз на политичката орга-
низација на глобалниот простор. Коен со моделот на геополитичка еволуција и етапите
на развојот на геополитичкиот систем не го отфрла значењето на фактот каков ќе биде
геополитичкиот поредок во одредена етапа од геополитичката еволуција. Коен ги иден-
тификува регионите според нивото на ентропија или неред којшто владе во нив. Исто
така, Коен ги идентификува државите според нивниот удел во распределбата на моќта
во пет категории. Првата категорија им припаѓа на суперсилите, а денес се однесува на
единствената глобална сила, САД, како и велесилите Кина и Русија. Втората категорија
ја сочинуваат големите држави кои се надрегионални сили, како што се Индија и Бра-
зил. Третата категорија ја сочинуваат регионалните сили како што се: Иран, Египет, Гер-
манија. Четвртата категорија ја сочинуваат држави со средна големина и некои помали,
кои се доволно развиени и влијателни држави. Петтата категорија ја сочинуваат мали,
речиси неважни држави.
Покрај оваа класификација, Коен состојбата во геополитичкиот систем во одреден
временски период, што кај други автори се поклопува со геополитичкиот поредок, ја ис-
тражува и по хиерархиски нивоа на поделба на просторот (геостратегиски подрачја,
геополитички региони, држави и региони во склопот на државите). Покрај овие единици
_____________
11 Ibid, p.p. 26-31


на поделба на просторот, Коен идентификува „gateway“ региони кои претставуваат пре-
мин помеѓу геополитичките региони или подрачја, и „shatterbelt“ региони кои претста-
вуваат нестабилни зони на судири со јако влијание од другите региони.


Нов светски геополитички поредок:
претпоставки и предуслови за негово појавување и развој


Основниот предуслов за настанување на современиот геополитички поредок е де-
зинтеграцијата на претходниот геополитички поредок на Студената војна. Геополи-
тичката транзиција го менува карактерот на структурата и процесите во меѓународниот
систем. Интензитетот на промените на студеновоената структура, можеби не со онаа
брзина со која заврши, ги менува геополитичките односи во светот во толкава мера што
недвосмислено можеме да зборуваме за настанување на еден нов поредок во светот.
Аналитичарите кои се занимаваат со меѓународните односи овој поредок го нарекуваат
нов светски поредок. Геополитичарите кои се занимаваат со светскиот поредок и
притоа ја користат геополитиката како метод на анализа, го нарекуваат нов светски
геополитички поредок.
Основните карактеристики на последната геополитичка транзиција е тоа што се по-
јави релативно ненадејно. Во текот на историјата геополитичките транзиции биле ока-
рактеризирани со големи воени судири, европски и светски војни. Последната
транзиција е резултат на крајот на Студената војна, која во суштина не беше војна, туку
специфичен облик на биполарните меѓународни односи. Распадот на едниот пол од би-
поларниот светски контекст, беше изненаден и се случуваше со неочекувано голема бр-
зина. Тој факт доведе до големи промени во целиот свет. Таквата промена овозможува
воспоставување нов поредок.
Значи еден од предусловите за настанување на денешното ново време е завршува-
њето на Студената војна. Новиот светски геополитички поредок се развива во нови ус-
лови, постмодерни односи во геополитичкиот свет. Со промената на геополитичките од-
носи и услови, се менува и геополитиката од модерна во постмодерна.
Основни карактеристики на современата геополитичка ситуација во светот се глоба-
лизацијата и детериторијализацијата.
Колин Флинт во својот труд „The Geopolitics of Laughter and Forgetting: A World-Systems
Interpretation of the Post-Modern Geopolitical Condition“ геополитичките услови ги
поставува во поширок историски контекст на борба за глобална хегемонија, која ја обе-
лежува глобалната капиталистичка економија и создава хегемонистички циклуси. Крајот
на Студената војна овозможи појава на одредени процеси кои се протегаат надвор од
границите на државата и ги раструраат предрасудите дека државата и општеството се


истоветни. Тоа овозможува да се појави нова геополитичка имагинација која имплицира
на тоа дека детериторијализацијата која денес се случува претставува дел од систе-
матските циклуси во глобалната капиталистичка економија.
Современите настани наметнуваат две основни прашања. Прво, дали сегашните про-
цеси го поткопуваат суверенитетот на државата на начин кој ќе овозможи крај на Вест-
валскиот систем на држави или тие процеси се само преодно обележје на хегемониска-
та транзиција? Постмодернистичкиот аспект на современата геополитика претставува
релативна сила на државите која им овозможува да управуваат со глобалните процеси
или да ги менуваат истите доколку не се по нивна воља.
Пристапот кон светскиот систем, Флинт го користи од причина што содржи поголема
теоретска позадина од останатите пристапи. Имено, таквиот пристап овозможува три
придобивки. Прво, дава геоекономски концепт кој овозможува разбирање на географс-
ката диференцијација во процесот на детериторијализацијата. Второ, нуди временска
динамика која ги овозможува одговорите на прашањата зошто одредени процеси се
случуваат во реално време и трето, ги истражува клучните институции на глобалната
капиталистичка економија и дава можност за насочување на анализата на детеритори-
јализацијата од нејзините географски појави кон социјалните процеси.
Флинт, географијата на територијализацијата ја нарекува географија на смеење и
заборав. Во согласност со пристапот кон светскиот систем, светот е поделен на јадро и
периферија, кои немаат само географска втемеленост туку претставуваат израз на про-
цесите врзани за јадрото и периферијата. Тоа значи дека и во државите кои географски
припаѓаат на јадрото присутни се процесите врзани за периферијата и обратно. Во јад-
рото кое е богато преовладува геополитика на смеење, која претставува израз на задо-
волството од самите себе. Исто така, во јадрото владее свест за сопствената позиција и
ранливост, како и страв од странците и оние кои се незадоволни со сопствената пози-
ција, за што го обвинуваат јадрото. Спротивно на ова, во периферијата владее геополи-
тика на заборавот која претставува израз на сиромаштијата, фрустрациите, незадоволс-
тво од сопствената позиција, за што се обвинуваат развиените кои ја експлоатираат
периферијата. Културната политика на јадрото е геополитика на смеење која промови-
ра толеранција и хегемонизација на јадрото, но воедно промовира уште поголеми раз-
лики и одвојување на јадрото од периферијата. Географскиот аспект на оваа политика е
очигледен на микро и макро ниво. Меѓутоа, постмодернистичката геополитичка ситуа-
ција не овозможува стриктно разликување на внатрешните и надворешните идеологии.
Опасноста се заканува, без оглед на затвореноста на јадрото, преку новите нетеритори-
јални предизвици за безбедноста. Геополитиката на заборав се однесува на оние сили
во периферијата кои се исклучени од процесите врзани за јадрото и кои се противат на
предаторската природа на материјализмот. Елементите кои ја промовираат оваа геопо-


литика ги забораваат современите модерни облици на организација на општеството и
ги оживуваат алтернативните облици. Постмодернизмот ја црпи својата сила и од кри-
зата на масовното потрошувачко општество и развојната идеологија која не овозможила
сеопшт развој, туку развој на веќе од порано богатите, како и од недостатокот на техно-
логија која луѓето не ги поштедило од работа. Богатите станувале уште побогати, а си-
ромашните во XXI век се релативно посиромашни отколку што биле пред неколку
децении.
Современите геополитички односи можат да се разберат и како смена на хегемонис-
тички циклуси кои ја карактеризираат поновата историја. Оттука, современата геополи-
тичка стварност може да се разбере како период на транзиција од американската хеге-
монија во некоја нова хегемонија која може да биде американска или може да биде хе-
гемонија на правила и поредок, но без истакнат хегемон.
Американската хегемонија, на начинот на кој функционира покажува голема завис-
ност од мултинационалните компании, нееднаквоста на јадрото и периферијата како и
од масовната потрошувачка која го уништува глобалниот еколошки систем. Идеологија-
та на развој без ограничувања била погрешна и треба да се замени со одржлив развој.
Процесите на современата геополитичка реалност претставуваат израз на хегемонија
на мултинационалните компании кои успеаја да ја сменат организацијата на просторот.
Третиот придонес на пристапот кон светскиот систем на проучување на современите
геополитички односи, како што претходно напоменавме, е анализата на социјалните
процеси кои ја поттикнуваат детериторијализацијата. Модерната геополитика сѐ повеќе
го намалува својот фокус кон државата како единствен актер на политиката и воведува
некои нови актери во политиката. Традиционалната геополитика ја става државата на
прво место и ги занемарува останатите актери. Промените кои се случуваат во геополи-
тиката се всушност процесите на детериторијализација, односно борбата за контрола на
клучните светски институции. Анализата на современите геополитички услови мора да
започне со анализа на социјалните процеси, не со анализа на територијалните аспекти.
Глобализацијата како процес, не придонесува кон смалување на важноста на полити-
ката, туку до вклучување на политиката во сите делови од општествениот живот. Совре-
мената политика се обликува преку историското наследство и современиот динамизам
на политиките на институциите. Институциите на државата го изгубија своето значење,
но се појавуваат други институции и територијални облици кои сѐ повеќе ја преземаат
улогата на државата12.
___________________
12 Flint, C. (2001.), Geopolitics of Laughter and Forgetting: A World-Systems Interpretation of Post-Modern
Geopolitical Condition, Geopolitics, vol. VI, br. 3, p.p. 1-16


Написот на Флинт претставува успешен пример на еден теоретски пристап, пристап
кон светскиот систем, во анализата на современите геополитички услови. Авторот ги
интерпретира современите геополитички услови, окарактеризирани со глобализацијата
и детериторијализацијата и ги става во контекстот на поделбата на светот на јадро и
периферија. Авторот го поставува прашањето колку се навистина длабоки современите
промени, дали може да се зборува за фундаментални геополитички промени во светот
или е тоа само дел од промените на хегемонистичките циклуси. Во поглед на институ-
циите кои учествуваат во промената на современите геополитички услови, државата сѐ
уште ја има најважната улога, но нејзината важност се намалува, како што и територи-
јалноста губи од своето значење согласно процесот на детериторијализација кој ја обе-
лежува современата реалност.


Наместо заклучок


Генерално можеме да се согласиме дека прашањата за концептите на геополитички-
те поредоци бараат сериозна научна опсервација. Воглавно, концептите се насочени
кон елаборирање на прашањата за постоењето на хегемонија како и за тоа кој може да
биде носител на геополитичките транзиции и креирањето на новите геополитички по-
редоци. Од друга страна, одредени геополитичари прават анализи преку кои потенци-
раат дека хегемнонијата може да егзистира без некој изразен територијален субјект кој
ќе го понесе епитетот светски хегемон.
Покрај тоа, поголем број политиколози, истажувачи на меѓународните односи, геопо-
литичари, економисти, футуролози и многу други изнесуваат најразлични истражувања
кои се однесуваат на условите за развој на новиот светски геополитички поредок и кон-
цептот врз кој би требало да се темели истиот. Како посебно значајни можеме да ги из-
двоиме теоријата на американскиот економист Едвард Н. Лутвак (Edward N. Luttwak) за
геоекономија, теоријата на Френсис Фукојама (Francis Fukuyamа) за крајот на историјата
и теоријата на Самуел Хантингтон (Samuel P. Huntington) за судирот на цивилизации.
Една од најважните теории за иднината на современиот свет е поврзана за геоеко-
номијата на Едвард Лутвак. Геоекономијата според Лутвак претставува „ново орудие за
постигнување на целите на високоразвиените држави во меѓународните односи по пат
на геоекономски, а не воени стратегии. Лутвак во 1990 година ја дефинира геоеконо-
мијата како „логика на судири, преведена на пазарни термини“. Во полето на анализа,
Лутвак го вклучува ривалството околу териториите додавајќи дека поддршката која ја
добиваат врвните компании станала инструмент на моќ во служба на државата. Лутвак
признава дека во сиромашните и несреќните делови од светот и понатаму траат кла-
сичните вооружени судири, а воената сила го задржала своето некогашно значење. Ме-


ѓутоа, во Европа, САД и Јапонија, земајќи го предвид интензитетот на нивната трговска
размена, воената сила и класичната дипломатија го изгубиле своето традиционално
значење. Во тие трговски размени, спротивните ставови на државите се изразуваат са-
мо со економски средства. Лутвак ја развива геоекономската визија на тие глобални ри-
валитети:
– во геоекономијата капиталот којшто го вложува или кој успева да го привлече
одредена држава е еквивалентен на огнената моќ;
– субвенциите за развој на производите одговараат на развојот на вооружува-
њето;
– продорот на пазарот со помош на државата ги заменува воените бази во стран-
ство како и дипломатското влијание.
– На почетокот од 1997 година, францускиот истражувач Паскал Лоро се обидува
да го предочи поимот геоекономија. Според него, геоекономијата ги анализира страте-
гиите на економскиот и пазарниот ред за кои се одлучила државата во рамките на по-
литиката чии цели се:
– да се заштити националната економија или некои планови поистоветени со
неа;
– да се помогне на „националните претпријатија“ при совладувањето на техноло-
гиите и/или при освојувањето на некои делови од светскиот пазар кои се однесуваат на
производство или комерцијализација на некој производ или низ на осетливи производи
чие поседување за или контрола станува за нивниот сопственик – држава или „нацио-
нално“ претпријатие елемент на моќ и меѓународно влијание и придонесува за јакнење
на неговите економски или државни потенцијали13.
Геоекономијата, за разлика од геополитиката, функционира во услови на намалено
значење на географскиот простор како ресурс и како препрека, овозможено од техно-
лошкиот развој. Геоекономијата, исто така, функционира во услови на смалени бариери
помеѓу државите како и преку интеграција на одредени економии ги подобрува ефек-
тите од делувањето на економијата во просторот. Но и покрај сѐ, геоекономијата сепак
се сведува на борба за странски пазари, блокада на домашните пазари за странски про-
изводи преку инструментите на протекционизам, создавање основа за економски развој
преку државни вложувања, поставување правила и прописи на меѓународните економс-
ки натпреварувања, како и со разузнавачки дејствија во насока на собирање податоци
за технолошките иновации на противничката страна14.
_____________________
13 Avijucki, V. (2009) Kontinentalne geopolitike – Svet u XXI veku. Beograd: CLIO, str. 20-22.
14 Sparke, M. (1998.), From Geopolitics to Geoeconomics: Transnational State Effects in the Borderlands,
Geopolitics, vol. III, br. 2, p.p. 62-98


Геоекономијата како концепт за објаснување на современите и идните меѓународни
односи има своја применливост во практиката. Актуелноста на геоекономијата може да
се прати преку современите меѓународни економски односи во кои државите преку
вплеткувањето и промовирањето на сопствените интереси внесуваат политички аспекти
со што ги прават економските односи и политички.
Дали навистина геополитиката му го препуштила местото на геоекономијата, како
што потенцираат Лутвак и Лоро? Секое издвојување на геоекономијата како поим од
традиционалниот географскиот простор и правењето обид да се позиционира во некој
нов виртуелен простор, претставува вистинска концепциска заблуда. Теоријата за вир-
туелен и флуиден простор вреди само за нематеријалните услуги од сферата на новите
економии, финансии и информатика. Многу помалку е потврдена во сферата на услуги-
те и производството. Попрецизно би било да се зборува за присуството на економските
ривалства во современата геополитика, отколку да се доведува геополитиката во пра-
шање15.
Теза која ја објаснува сегашноста и иднината на односите во светски рамки, е тезата
на Френсис Фукојама за крајот на историјата и последниот човек. Посебно интересен
дел од видувањата на Фукојама, кои се интересни за геополитичарите и истражувачите
на меѓународните односи претставува критиката на реализмот како нестварно виду-
вање на светот. Реализмот, според Фукојама, им ја одзема на меѓународните односи
способноста за еволуција, поради што војната станува вечна. Заради анархичната при-
рода на меѓународниот систем ниту една држава не може да биде сигурна во својот оп-
станок, поради што мора да прави сѐ за да ја зголеми својата одбранбена способност
која останати држави ја разбираат како закана по нив. Поради тоа, трката во
вооружување се чини неизбежна. Во периодот на Студената војна, реализмот бил доми-
нантна рамка за разбирање на меѓународните односи и сите најистакнати истражувачи
на меѓународните односи биле реалисти. Биполарниот светски поредок имал силен
придонес во јакнењето на реализмот, а воедно тој поредок овозможувал и бил користен
за некритичко промовирање на тезата за нужноста на судирите и трката во вооружу-
вањето. Реализмот на државите им ја одзема можноста за делување со оглед на нив-
ните внатрешни карактеристики. По завршувањето на Студената војна се поставува
прашањето дали реализмот е соодветен како концепциска рамка за истражување на
современите меѓународни и геополитички односи во светот и дали некогаш воопшто
бил соодветен за тоа.
Третата теза која се занимава со предвидување на односите во светот е тезата за су-
дир на цивилизации на Семјуел П. Хантингтон (Samuel P. Huntington). Хантингтон дава
____________________
15 Avijucki, V. (2009) Kontinentalne geopolitike – Svet u XXI veku. Beograd: CLIO, str. 22.


потполно нов поглед на иднината на меѓународните односи во светот. Според него,
светската иднина ќе биде одбележана со судири кои ќе се водат на границите на голе-
мите светски цивилизации. Хантингтон идентификува осум големи светски цивили-
зации, односно: западна, православна источна, латиноамериканска, јапонска, кинеска,
индиска, африканска и исламска цивилизација. Цивилизацијата претставува највисок
степен на идентификација на секој човек. Некогаш војните се воделе помеѓу државите
и идеологиите, а денес и во иднина ќе се водат помеѓу различните народи и верски
групи. Тие војни нема силно да ескалираат ако се водат помеѓу народи кои припаѓаат
на иста цивилизација, но ако се водат помеѓу народи кои припаѓаат на различни
цивилизации постои голема опасност за целокупниот мир во светот, затоа што другите
држави се вклучуваат во конфликтите на страната на народот кој припаѓа на нивната
цивилизација.
Од втората половина на 20. век, доаѓа до намалување на доминацијата на Западот
во однос на преостанатите цивилизации. Причините за тоа се повеќебројни како што се
трансфер на технологиите во неразвиените држави кои не се дел од западната цивили-
зација, деколонизацијата, големиот пораст на населението во незападните цивилизации
и заситеноста на Западот од сопствените проблеми како што се: слабиот природен при-
раст на населението и губење на моралноста и религиозноста. Според Хантингтон, нај-
голем предизвик на Западната цивилизација е исламот, заради сѐ поизразениот фунда-
ментализам, како и кинеската цивилизација заради брзиот економски и политички
развој. Западот треба да ја прифати сопствената положба во светот и да ги остави
останатите цивилизации да се развиваат самите, а не да се обидува да го „покори“
целиот свет со своето културно и политичко влијание. Истовремено, Западот треба да
зајакне преку морална обнова на општествата кои ја сочинуваат западната
цивилизација16.
Претходно изнесените размислувања со своето појавување предизвикаа силен инте-
рес во светската јавност и предизвикаа лавина од критики од страна на оние кои не се
согласуваат со визиите за иднината кои ги елаборираат овие парадигми.
___________________________
16 Huntington, S. P. (1996), The Clash of Civilizations and the Remaking of World Order, New York: Simon &
Schuster.


ЛИТЕРАТУРА:


Agnew, J., Corbridge, S. (1995), Mastering Space, London: Routledge;
Avijucki, V. (2009) Kontinentalne geopolitike – Svet u XXI veku. Beograd: CLIO;
Cohen, S. B. (1963), Geography and Politics in a World Divided, New York: Random House;
Cohen, S. B. (1994), Geopolitics in the New World Era: A New Perspective on an Old Discipline,
во: Demko, G. J. (ed.), Wood, W. B. (ed.), Reordering the World: Geopolitical Perspectives for
the Twenty-first Century, Westview Press, Boulder, Colorado
Flint, C. (2001.), Geopolitics of Laughter and Forgetting: A World-Systems Interpretation of Post-
Modern Geopolitical Condition, Geopolitics, vol. VI, br. 3.
Huntington, S. P. (1996), The Clash of Civilizations and the Remaking of World Order, New York:
Simon & Schuster,;
Sparke, M. (1998.), From Geopolitics to Geoeconomics: Transnational State Effects in the
Borderlands, Geopolitics, vol. III, br. 2;
Taylor, P. J. (1993.), Political Geography, Longman Scientific & Technical, Essex.