Call for papers for Vol.8, No.1, 2017 is open until 30 March

ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА НА ЕЛИТИТЕ - ПЕТТИОТ ЕЛЕМЕНТ ВО КОНСОЦИЈАЦИСКИОТ МОДЕЛ НА ДЕМОКРАТИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

Давче НАСЕВСКИ


АПСТРАКТ
Политичкиот консензус на елитите е од суштинско значење за консолидација на
политичките системи, особено во длабоко поделените општества. Поради нагласениот
елитистички карактер на консоцијацискиот модел на демократија, кој е чест
институционален облик на демократијата во поодделените општества, покрај
формалните аранжмани, неопходно е постоење и на консензуална политичка култура на
елитите во смисла на Липхартовиот „дух на прилагодување”. Таа е базирана на
компромис и договор, а треба да обезбеди способност на политичките елити за
надминување на расцепите помеѓу сегментите и прилагодување на дивергентните
интереси. Конфликтот од 2001 година во Република Македонија апсолвираше со
институционален инженеринг (Рамковен договор), кој го редизајнира политичкиот
систем преку инсталација на консоцијациски елементи на споделување на власта. Овие
елементи нудат можност за флексибилно внатреетничко и меѓуетничко балансирање во
распределбата на власта и управувањето со неа. Но, единствено во спрега со соодветна
консензуална политичка култура, политичките елити ќе ја одиграат успешно
реформската улога на промотори на едно мирољубиво граѓанско општество на
социјална, економска и културна еднаквост меѓу граѓаните, во изградба на
демократските вредности и демократскиот капитал.
Клучни зборови: политичка култура, консоцијациски модел, демократија, Рамковен
договор, мир
ABSTRACT
The political consensus of elites is of essential importance for the consolidation of
political systems, especially in the deeply divided societies. Because of the rather elitist
character of the consociational model, which is often applied in the divided societies, along
with the formal arrangements, the success of this model is mostly conditioned by existence
of consensual political culture of elites in sense of Lijphart’s “spirit of accommodation”. It is
based on compromise and agreement, providing political elites with the ability to transcend
cleavages between segments, to accommodate divergent interests and demands. The
conflict of 2001 in Republic of Macedonia completed with institutional set-up (the
Framework Agreement), thereby redesigning the political system by installing
consociational elements of power-sharing. The built-in elements of consociational



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems