ИНИЦИЈАТИВИТЕ НА НАТО И ЕУ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Андреј Илиев, Драге Петрески, Јанче Илиевски
Воена академија „Генерал Михаило Апостолски”- Скопје
АПСТРАКТ:
Овој труд ги анализира иницијативите на НАТО и Европската унија за регионална
соработка на земјите од Југоисточна Европа како предуслов за воспоставување траен
мир, економски просперитет, почитување на човековите и малцинските права и
инструмент за евро-атлантска интеграција на земјите од Југоисточна Европа.
Во денешната светска и европска политичка агенда, регионализмот стана
преовладувачки тренд.
Регионализмот денес, светот го дефинира пред сè врз база на темелни социо-
економски врски, но сепак генерално постојат два пристапа на регионалниот идентитет.
Првиот регионален идентитет се фокусира врз база на културата, историското
искуство и јазикот, а додека вториот е врз база на регионална заедница, односно
современата демократска и политичка конструкција.
„Регионалната соработка” претставува изнаоѓање заеднички општоприфатливи
решенија во повеќе сфери и полиња, а во нашиов случај тоа се однесува на земјите од
Југоисточна Европа.
На крајот резимираме дека земјите од Југоисточна Еврипа со засилена регионална
соработка се стремат што побрзо да се интегрираат во НАТО и Европската унија, иако
истите не треба да заборават дека тоа е базичниот, односно „групниот предуслов” за
евро-атлантско интегрирање, а индивидуалните успеси на секоја земја поединечно е
клучниот фактор за интеграција во НАТО и ЕУ.
Клучни зборови: НАТО, Европска унија, интеграција, регионална соработка,
Југоисточна Европа