КРИЗАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСТ НА ДРЖАВАТА
Саша МИЈАЛКОВИЌ
Тања МИЛОШЕВСКА
АПСТРАКТ:
Концептот на националната безбедност припаѓа во т.н. стари, традиционални
пристапи на безбедноста. Во неговиот фокус е опстанокот на суверената држава, т.е.
нејзиниот територијален интегритет и политичка независност (сувереност) кои се штитат
со дипломатски, разузнавачки и воени капацитети, т.е. способност да се одврати воена
агресија или успешно да се одговори. Затоа оправдано се нарекува концепт на државна
безбедност. Во реалсоцијалистичките држави, под државна безбедност се подразбирало
и состојба на заштитеност на државата од политичкиот криминал, како и безбедност на
(социјалистичкиот, комунистичкиот) режим на власт. Затоа националната, односно
државната безбедност, начелно се делела на т.н. надворешна (безбедност од вооружена
агресија) и внатрешна (безбедност на режимот и државата од внатрешниот непријател).
Денес, во услови на евроатлантски интеграции, овој традиционален концепт на
национална безбедност е радикално изменет. Во фокус на современиот концепт на
национална безбедност е безбедноста на државата, општеството и поединецот кои од
загрозувањата ги штитат мноштвото субјекти на државниот и недржавниот, воениот и
цивилниот, националниот и меѓународниот сектор, како и партиципирање на државата
во сферата на меѓународната и глобалната безбедност. Идејата на внатрешна
безбедност е заменета со концептот на т.н. сеопфатна безбедност со која се заштитуваат
и т.н. социетална безбедност, национално достоинство и гордост, национален идентитет,
енергетска безбедност, еколошка безбедност, економска безбедност, социјална
безбедност, национални информациски ресурси и други државни и национални
вредности.
Клучни зборови: национална безбедност, државна безбедност, внатрешна
безбедност, вестфалска држава, пост-вестфалска држава, евроатлантски интеграции.