Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КРИЗАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСТ НА ДРЖАВАТА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

ВОВЕД62

Концептот на национална безбедност е заснован на Доктрината за неповредливост
на суверенитетот која датира од Аугсбуршкиот мир од 1555 година со кое владарот
добива право да одлучува за религијата на својата земја (cuius regio, eius region - чија е
областа, негова е и религијата). Ова право е потврдено и ревидирано со Прашкиот мир
од 1635 и Вестфалскиот мир од 1648 година со кој е прекината Триесетгодишната
верска војна во Европа помеѓу католиците и протестантите.63 После тоа, европските
владетели одбивале да ја признаат секуларната власт на Римокатоличката црква,
заменувајќи го системот на папска власт од средниот век на географски и политички
одвоени држави кои не признавале никаква повисока власт. На новоослободените земји
им биле дадени истите законски права: територија под нивна контрола, неограничена
контрола за прашањата на домашна политика и слобода на водење на надворешна
политика и склучување договори со други држави. Световните водачи на католичките
држави можеле да го игнорираат папскиот повик за воена контра-реформаторска
политика. Концептот на државниот суверенитет по кој никој не е над државата,
подразбира политички авторитет заснован на територија и автономија. Територијалноста
е право исклучително на политички авторитет над одреден географски простор
(внатрешна сувереност), а автономност значи дека ниеден надворешен фактор - како
што е друга држава – нема авторитет во границите на дефинираната држава
(надворешна сувереност).64 Ваквата држава е позната како „вестфалска држава”.
Внатрешната безбедност традиционално, е една од компонентите на националната
безбедност.65 Спрема ортодоксната верзија на овој концепт, во фокус на безбедноста е
__________________________________
62 This paper is the result of the realization of the Scientific Research Project entitled „The Development of Institutional
Capacities, Standards and Procedures for Combating Organized Crime and Terrorism in the International Integration
Conditions“. The Project is financed by the Ministry of Science and Technological Development of the Republic of Serbia (No
179045), and carried out by the Academy of Criminalistics and Police Studies in Belgrade (2011−2014). The leader of the
Project is Associate Professor Saša Mijalković, PhD.
63 Судирот околу верата и превласта на Светото Римско Царство, т.е Папата како врховен суверен кој владее на основа на
божествено право ја предизвикува граѓанската војна во Бохемија во 1618 година, која се проширува во Европа. Станува
збор за последната феудална и прва војна на суверена држава.
64 Види – Nye J. S. Jr.: Understanding International Conflicts: An Introduction to Theory and History, Longman, New York,
1999, p. 207; Кегли, Ч. В.; Виткоф, Ј. Р.: Светска политика – тренд и трансформација, Центар за студије Југоисточне
Европе, Факултет политичких наука и Дипломатска академија МСП СЦГ, Београд, 2006, стр. 121; Holsti, K. J.: States and
Statehood, Perspectives on World Politics (eds. Little, R.; Smith, M.), Routledge, London–New York, 2006, p. 17–23; Heywood,
A.: Political Ideas and Concepts – An Introduction, MacMilan Press LTD, London, 1994, p. 49.
65 За ова ниво на безбедност традиционално се користи називот национална безбедност. Со оглед дека со овој термин се
обележува безбедноста на државата, неговата употреба не е потполно прецизна. Затоа терминот државна безбедност,
иако помалку се користи, всушност би бил посоодветен. Категоријата - нација е најчесто со поширок обем од државата
затоа што државите и не мораат да бидат национални, односно територијално да се поклопуваат со категоријата - нација.
Истовремено, значењето на синтагмата на државна безбедност кај нас е доживувано како заштитеност на државата од
загрозувањето на политичкиот криминал, заштита на поредокот на властите и во СФРЈ е поврзувано за Службата (Ресор)
за државна безбедност.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems