Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КРИЗАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСТ НА ДРЖАВАТА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

државата, односно нејзиниот опстанок, виталните вредности (суверенитет, територијален
интегритет, политичка независност, опстанок на државата, национално единство) и
државните интереси во надворешната политика кои треба да се штитат од директните
закани кои доаѓаат од другите држави. Примарно средство во (само)заштитата на
државите е нивната „сила”, која генерално се сведува на воена, а потоа и на економска
моќ. Поради тоа се нарекува уште и државноцентричен пристап на безбедноста.
Грижата за секојдневната безбедност на луѓето била занемарувана или за некои
нејзини аспекти „срамежливо се полемизирало”. Најголемите закани и опасности по
националната безбедност се перцепирале дека се вооружените напади однадвор или
разни облици „субверзии однатре, кои се потпомогнати однадвор” (и обратно), а не
економските, социјалните, еколошките, образовните, здравствените, прехрамбените,
проблемите на физичка безбедност и други проблеми на луѓето. Во таа смисла,
националната безбедност е поистоветувана со т.н. надворешна безбедност на земјата, а
граѓаните биле инструмент во функција на безбедноста, односно одбраната на земјата.
Освен дипломатијата, разузнавачката и воено-одбранбената функција се издвојувале
како примарни потфункции на националната безбедност, односно заштита на виталните
општествени вредности. Тоа значи дека најголем дел на националните организациони,
кадровски, технички и материјални ресурси биле во функција на разузнавачките служби
и вооружените сили. Општествените вредности биле заштитувани со агресивна
разузнавачка, одлучна контраразузнавачка и перфидна субверзивна активност.
Безбедноста е поистоветувана со доволна воена способност за борбена готовност со која
државата би победила во евентуална војна за заштита на сопствените вредности и
интереси. Истовремено, економската моќ претставувала „материјална база” на
националната безбедност. Со зголемување на воената, политичката и економската моќ и
реализацијата на националните интереси на противничката држава често се сметани
како непосредна закана по сопствените вредности, интереси и безбедност.
Со тек на време, секторот за надворешна безбедност се развивал на штета на
секторот на внатрешна безбедност: додека многу држави водеа трка за вооружување и
се подготвуваа да водат одбранбена војна од воен напад однадвор, се срушија однатре.
Произлезе дека најголемите закани за националната безбедност всушност се етничкиот
и верскиот национализам, политичките превирања, зголемување на димензиите на
(организираниот) криминал, неединство и судири на општествените групи, економски и
социјални противречности и кризи кои, за жал, често прераснуваа и во вооружени
конфликти. Резултат на тоа се граѓанските војни, граѓанските револуции, насилните
промени на политичката власт и распад на државите. Таква судбина доживеаја
државите на реалсоцијализмот. Примерите кои ја аргументираат оваа теза се свежи:



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems