Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КРИЗАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСТ НА ДРЖАВАТА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

поистоветуваат, и фокусот на националната безбедност е релоциран од државата на
поединецот и заедницата како примарни референти на безбедноста.68
Иако постојат сфаќања според кои „моќта, интересите и материјалното богатство на
државите како лост на нивната безбедност уште долго ќе претставуваат важни фактори
на меѓународниот живот”69, очигледни се три пристапи на проширување на
традиционалниот концепт на национална безбедност.
Првиот пристап бара надминување на сфаќањето по кое воената агресија е
најголема закана за националната безбедност преку вклучување нови, потенцијални
закани како што се: негативниот економски развој, еколошките деградации, кршење на
човековите права, загрозување на демократијата и големи миграциони движења.
Вториот пристап подразбира проширување на содржините на безбедноста
вклучувајќи бројни аспекти на безбедносни прашања од индивидуално, регионално до
глобално ниво.
Третиот пристап се темели на традиционалниот државноцентричен пристап на
безбедноста со вклучување нови форми и содржини (заедничка, колективна и
кооперативна) безбедност.70
Националната безбедност се разгледува на три нивоа и низ неколку подрачја на
човекова активност. Нивоата на разгледување се: индивидуално, државно (национално)
и меѓународно, додека сферите на човекова активност ги вклучуваат: воено, политичко,
стопанско, социјално и подрачјето на заштита на животната средина. Државното ниво е
најбитно, бидејќи ги одредува останататите две нивоа: во современи услови, стандардна
единица на безбедност е суверенета територијална држава. Подрачјата кои се важни за
националната безбедност се: воено, кое ги вклучува офанзивните и дефанзивните
способности на државата; политичко, односно грижа на државата да ја обезбеди
сопствената стабилност, системот на власт и идеологијата која ја легитимира; стопанско,
т.е. можност за пристап до природните богатства, пазарот и финансиите кои одредуваат
прифатливо ниво на благосостојба; социјално, кое ги одредува постојните услови и
еволуција на традицијата, културата, јазикот, националниот идентитет и обичаите; и
заштита на животната средина која вклучува грижа за биосферата од која зависат сите
човекови потфати.71
____________________________________
68 Shaw, M.: The Development of “Common-Risk” Society: A Theoretical Overview, Military and Society in 21st Century Europe –
A Comparative Analysis (eds. Kuhlman, J.; Callaghan, J.) Transaction Publisher, LIT, Hamburg, 2000, pp. 13–26, во: Реформа
сектора безбедности, (ур. Хаџић, М.), Институт Г 17 плус и ЦЦВО, Београд, 2003, стр. 186.
69 Wendt, A. E.: Social Theory of International Politics, Cambridge University Press, Cambridge, 1999, p. 41.
70 Таталовић, С.: Национална и међународна сигурност, Политичка култура, Загреб, 2006, стр. 8.
71 Buzan, B.: People, States & Fear – An Agenda for International Security Studies in the Post-Cold War Era, Lynne Rienner
Publishers, Boulder–Colorado, 1991, стр. 19–20.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems