Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КРИЗАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСТ НА ДРЖАВАТА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

безбедност на државата. Така е проширено истражувачкото и практичното поле на
национална безбедност во повеќе правци:
• „кон горе”, кон меѓународната и глобалната безбедност;
• „кон долу”, кон општествената, човекова и индивидуална безбедност и
• „бочно” („хоризонтално”), кон културна, политичка, економска, еколошка,
здравствена, енергетска, информациска сфера на безбедност.74
Содржините од проширениот традиционален концепт на националната безбедност
„кон долу и бочно”, механизмите на нивна заштита, но и партиципирањето на државата
во меѓународната и глобалната безбедност, поточно потпирање на нивните безбедносни
механизми за заштита на државните и национални вредности, конституенти се на
проширеното сфаќање на националната безбедност (т.н. сеопфатна - интегрална
национална безбедност ). Исто така, содржините од проширувањето на националната
безбедност „кон долу” и „бочно” условно може да се подредат во современиот сектор за
внатрешна безбедност.
Современата национална безбедност е синтеза на безбедноста на општеството (без
оглед на етничкото, верското, расното и идеолошкото определување на неговите
членови) и безбедноста на државата, но и нивно учество во меѓународната и глобалната
безбедност. Станува збор за одредена состојба на заштитеност на нивните витални
вредности и интереси кои се оптимизираат со функцијата на државниот и недржавниот
сектор на системот за национална безбедност, со поткрепување на разни форми на
меѓународна соработка во безбедноста.
Референтните национални и државни вредности и интереси се заштитуваат од
широката лепеза загрозувачки појави (денес, пред сè, од криминал, тероризам,
внатрешни вооружени судири, еколошки и социјални закани, природни и техничко-
технолошки несреќи), а не доминантно од вооружена агресија, политички, воени и
економски притисоци или субверзивни активности од други држави. Значајна сфера на
заштитната функција е превенција на загрозувачките појави (намалување на
опасностите).
Во заштита на националната безбедност учествуваат субјекти на сите нивоа на
безбедност: поединци, општество, држава, меѓународна заедница. Државите (и сојузите
на држави) и понатаму единствено ги имаат сите капацитети (човечки, материјално-
технички и организациони) за заштита на сите нивоа на безбедност од најголем број
предизвици, ризици и закани.
___________________________________ 

74 Спореди со: Alkire, S.: Концептуални оквир за људску безбедност, Људска безбедност 1 (ур. Дулић, Д.), Фонд за отворено
друштво, Београд, 2006, стр. 109.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems