Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

КРИЗАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНЦЕПТ НА ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСТ НА ДРЖАВАТА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Едно од важните обележја на поимот на национална безбедност е неговата
„отвореност по која, во зависност од промена на условите, времето и местото, одделни
ги вклучува и исклучува нови и некои стари вредности”. Традиционалните референтни
вредности на националната безбедност се претставени како опстанок во најшироко
значење, опстанок на државата, национален опстанок, физичко самоодржување,
територијален интегритет, политичка самостојност, квалитет на живот, национален
идентитет, национален интерес. На прагот на третиот милениум, како витални вредности
на националната безбедност, покрај одбраната на земјата, се издвојуваат и безбедност
на граѓаните, здравствена безбедност, економска безбедност, еколошка безбедност и
социјална безбедност.75
Значи, националната безбедност е состојба на непречено остварување, развој,
уживање и оптимална заштитеност на националните и државните вредности и интереси
со кои се достигнува, одржува и унапредува функцијата на безбедност на граѓаните, на
националниот систем на безбедност и наднационалните безбедносни механизми, како и
отсуство (поединечно, групно и колективно) на страв од нивно загрозување, т.е.
колективно чувство на спокој, извесност и контрола над развојот на идните појави и
случувања од значење за животот на општеството и државата.
Референтните вредности првенствено се мир, слобода, право и безбедност на луѓето
и општествените групи; квалитет на животот; национално единство; достоинство,
гордост и идентитет; здрава животна средина; енергетска стабилност, економски и
социјален просперитет; информациски ресурси; правен поредок и владеење на правото;
територијален интегритет; политичка самостојност и опстанок на државата и
општеството. Референтните интереси се во функција на достигнување, овозможување на
непречено уживање, развој и заштита на реферетните вредности.

НАДМИНУВАЊЕ НА ИДЕЈАТА ЗА ВНАТРЕШНА БЕЗБЕДНОСТ НА ВЕСТФАЛСКАТА
ДРЖАВА

За компоненти на националната безбедност можно е да се зборува само во контекст
на структура на функциите (група потфункции), состојби и/или системи (група
потсистеми и субјекти) на националната безбедност. Состојбата на националната
безбедност подразбира квалитативен статус на виталните општествени вредности и
интереси кој е остварен во одредени сфери и сектори на општествениот и државниот
живот. Со почитување на различни критериуми, возможно е да се идентификуваат
повеќе компоненти на националната безбедност.
______________________________________
75 Симић, Д. Р.: Наука о безбедности – савремени приступи безбедности, Службени лист СРЈ и Факултет политичких наука, Београд,
2002, стр. 30.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems