ПЕРЕЊЕТО ПАРИ И ЕКОНОМСКИОТ РАСТ СО ОСВРТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
м-р Ненад НИКОЛОВСКИ
АПСТРАКТ
Економскиот раст е повеќедимензионална компонента, која содржи бројни
макроекономски параметри, а компонентите вообичаено се мерливи и меѓусебно
поврзани. Нивниот однос и меѓусебна поврзаност, треба да создадат оптимална
комбинација, а во финална смисла треба да доведе до економски раст. Составните
елементи на оваа мултидимензионална компонента, од една страна имаат позитивно, а
од друга страна негативно влијание врз постигнување на економскиот раст.
Појавата на „перење пари” е во негативна корелација со економскиот раст и
продуцира економски основи кои негативно влијаат на функционирањето на
механизмот на „невидливата рака на пазарот” и лојалната (фер) конкуренција. Овие
девијантни и криминални појави во општеството, потребно е да бидат соодветно
квантифицирани и вклучени во подготовка на идните макроекономски политики. Само
на овој начин, законски продуцираниот капитал ќе обезбеди стабилен и одржлив
економски раст.
Клучни зборови: одржлив економски раст, перење пари, криминална појава,
лојална конкуренција, легален капитал