Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

УЛОГАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА ВО ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Дипломатијата како општествена дејност не е нова појава. Дипломатската комуникација постоела уште кај старите Асирци, во Египет, Стара Индија, Грција, Античка Македонија и Рим, и постојано била во центарот на надворешно - политичките случувања на државите. Таа тие случувања ги креирала, реализирала, следела и проучувала. Битно влијаела на развојот на билатералните и мултилатералните односи, на меѓународните односи, меѓународното право и комплетните општествени случувања во меѓународната заедница.
Дипломатијата се третира и како наука и како вештина. Наука е поради тоа што создала научни законитости и научни теории врз основа на кои се водат надворешните работи, а вештина е заради тоа што правилата на игра на дипломатскиот кадар се претвораат во систем кој има научна подлога.
Значи, дипломатијата изградила свој систем на учења, организација и структура.
Елементи на тој систем се: Министерството за надворешни работи, дипломатија на врвот, ad hok дипломатија и постојаните дипломатски мисии. Изучувањето на
дипломатијата го опфаќа изучувањето на меѓународното право, меѓународните односи и меѓународната заедница.
Воспоставувањето меѓународни односи е условено од постоењето суверени држави и меѓународни организации кои го сочинуваат меѓународниот систем. Државите за да имаат меѓународно - правен субјективитет мора да исполнуваат определени услови: да поседуваат определена територија која е меѓународно утврдена, да имаат население кое живее на таа територија и суверена власт со определена супрематија во однос на другите власти на таа територија и народ. Таа треба да биде над сите атрибути на власта на таа територија.
Државата, како основен субјект на меѓународното право, ја развива дипломатијата поради остварување на своите национални интереси и надворешно- политичките цели. Значи, целта на дипломатијата е исполнување на националните интереси (заедно со надворешната политика), односно создавање што поповолни услови за нивно реализирање. Тоа подразбира зачувување на независноста, безбедноста и територијалниот, политичкиот и економскиот интегритет и развој на државата.
Исто така, дипломатијата треба да ѝ обезбеди на сопствената држава што поголема слобода на активност и на надворешен план. Таа има за задача, преку својот
дипломатски апарат и пристап, да ја зајакне позицијата на државата во меѓународната заедница, создавајќи предности, и сојузници на земјава, а притоа потиснувајќи ги противничките настојувања.
Постојат редица дефиниции за дипломатијата. Па така, во нешто скратена суштина, се вели дека под дипломатија се подразбира употреба на акредитираните



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems