Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

УЛОГАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА ВО ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

претставници за одржување врски и контакти меѓу државите. Чарлс Тајер дипломатијата ја прикажува едноставно како средство за комуницирање меѓу владите, а самата амбасада како разводна табла за размена на пораки меѓу две влади. Поголемиот дел од научниците и теоретичарите тврдат дека дипломатијата е „вештина на водење на меѓународни преговори” или „дејност на државите во меѓународните односи “ (Thayer, 1959: 114).
Русинот Ковалев во својата книга „Азбука на дипломатијата” вели: „Во сложениот процес на дипломатијата, најважна е методологијата на преговарањето која
ја применуваат дипломатите, а помеѓу акредитираните дипломати кои ги водат преговорите, се наоѓаат актерите на одлучување, кои судбоносно влијаат на исходот на преговорите” (Ковалев, 1968: 85). Барстон, дипломатијата ја дефинира како управување на односите помеѓу државите и помеѓу државите и другите меѓународни актери (Барстон, 1996). Мајкл Ши вели дека дипломатијата има три степени, односно дека до првиот степен таа е рутина, на вториот степен е техника, а на својот највисок степен таа е уметност (Shea, 1996). Во Енциклопедијата „Британика”, дипломатијата е дефинирана како изграден метод на меѓународно општење или вештина за уредување на меѓународните односи, главно преку преговори.
Во поширок контекст Бојчев вели дека:
(1) дипломатијата е средство за водење на државните работи од областа на надворешната политика по пат на официјални односи со други држави и меѓународни организации;
(2) таа е облик и содржина на односите меѓу државите, низ службени контакти, за да се регулираат меѓусебните проблеми и интереси и склучат заемно прифатливите договори;
(3) дипломатијата е практикувана дејност на органите за надворешно претставување на државата (шеф на државата, премиер, министер за надворешни работи, дипломатски мисии) за време на официјални посети  меѓународни конференции и сл;
(4) способност, знаење и умеење да се водат преговори со други држави, но и во водење преговори и посредување при регулирање на меѓународни конфликти, изнаоѓање компромиси и прифатливи решенија, а исто така и за проширување и продлабочување на меѓународната соработка;
(5) дипломатијата е често употребуван синоним за оперативен владин ресор - министерство за надворешни работи; (6) таа е професија и кариера, таа е припадност на кругот луѓе кои се занимаваат со надворешно-политичка дејност и ја претставуваат сопствената држава во односите со другите меѓународни субјекти” (Бојчев, 1988: 84).
Обичајното дипломатско право се нормира и добива поопшти рамки на Виенскиот конгрес во 1815 година, а посебно во Виенската конвенција за дипломатски односи од април 1961 година, кога дефинитивно ќе се изврши кодификација. Покрај во оваа конвенција, преостанатите елементи во дипломатското општење денес се



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems