Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

УЛОГАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА ВО ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

нормирани во Конвенцијата за привилегии и за имунитет на ОН од 1946 година, во Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година, во Конвенцијата за специјални мисии од 1969 година и во Виенската конвенција за претставување држави во меѓународни организации од универзален карактер од 1975 година.
Дипломатските односи и постојаните мисии се воспоставуваат врз основа на спогодби меѓу државите. Обично се воспоставуваат на база на реципроцитет. При
поставувањето на шефот на дипломатската мисија претходи одобрение за отварање на постојана дипломатска мисија. Таа се дава кога државите првпат стапуваат во непосредни дипломатски односи или кога ги обновуваат. Одобрението обично се дава реципрочно во вид на меѓународен договор за воспоставување дипломатски односи. Промената на личноста на шефот на мисијата не влијае на важноста на тоа одобрение.
За упатување на шефот на мисијата потребно е да се добие согласност т.н. агреман (agrement) на државата во која треба да е акредитиран, додека за воените, поморските и воздухопловните пратеници - аташеи (attache’s), потребна е согласност од неформален карактер.
За извршување на дипломатската функција се даваат две неформални согласности: одобрување или скратување на влезната виза и воведување во
дипломатската листа. За поставување на привремен претставник на работите, кој привремено го заменува шефот на дипломатското претставништво, доволно е да се извести Министерот за надворешни работи на државата на приемот.
По добивањето на агреманот, амбасадорот се поставува со внатрешен правен акт (декрет или указ) на шефот на државата или на друг надлежен орган. При
стапувањето на должност, пратеникот ги предава акредитивите (lettres de creance). Со предавањето на акредитивите, новиот претставник добива легитимитет за вршење на своите пратенички должности. Со тој чин се смета дека го презел водењето на мисијата, а датумот на предавање го одредува неговиот ранг помеѓу другите пратеници од иста класа.
Шефовите на мисиите ја завршуваат својата мисија со предавање на писмата за отповик (lettres de rappel). Државите се должни да ги отповикаат своите пратеници и членовите на мисијата ако се прогласени од територијалната држава за непожелни лица (persona non grata). Ако тоа не го сторат, државите кои ги примаат имаат право да ги повикаат да ја напуштат земјата. Дипломатските претставници не треба да бидат државјани на земјата кај која се акредитирани (agents diplomatiques regnicoles), но во практика има и такви случаи. Не постојат ограничувања во поглед на бројот на членовите на мисиите, но се смета дека не треба да се преоѓа границата на разумните и нормалните потреби.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems