Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

УЛОГАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА ВО ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

ДИПЛОМАТИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДOНИЈА

Низ вековите територијата и населението на Македонија биле предмет на интерес, расправа и конкретни зафати за влијание врз нив од страна на најзначајните
меѓународни фактори. Значаен меѓународен третман се забележува при востанијата во неа и војните водени за ова парче земја, барањата на помош или притисоците за асимилација и за владеењето со македонскиот народ.
Од геостратешки и од дипломатски аспект, а гледајќи ја како значајна територија која лежи на патните правци од централна Европа кон Мала Азија и Блискиот Исток, освен блескавиот период на Античка Македонија и кулминацијата на моќта на македонската династија, чии најистакнати припадници биле Филип II и
Александар Македонски, а подоцна и средновековното Самоилово царство, може да се каже дека поновата историја за Македонија и македонскиот народ била мошне тешка. За и околу Македонија се водени посуштински надворешно-политички и дипломатски расправи и преговори на: Берлинскиот конгрес во 1878 г., за неа се донесени Мирцштегските реформи во 1903 /1904 г., а со Букурешкиот договор во 1913 г.
оваа територија и нејзиното население се поделени меѓу три, односно четири држави. Мировните конференции по двете Светски војни во 20-от век (во Версај и во Париз), главно ја потврдиле меѓународната поделба на Македонија од 1913 г.
Во периодот помеѓу двете Светски војни дел од македонските млади интелектуалци, под влијание на големите пароли за еднаквост и самоопределување на народите, ја гледаа историската шанса за создавање држава - автономна и независна Македонија. Таквите активности особено се забележителни и за време на Втората светска војна. Тогаш македонските партизани на својата ослободена територија прифаќаат странски воени мисии (Габер,2002) како дел од својата меѓународна афирмација. Учеството на тие мисии на официјалното македонско државотворно собрание- АСНОМ на 2 Август 1944 г., е само израз на de facto меѓународно признавање на Република Македонија. Конституирањето и развојот на македонската држава не може да ги заобиколи претходно поставените уставно-политички темели на Југославија, на Второто заседание на АВНОЈ од 29 ноември 1943 год. Ова заседание ги постави темелите на новата федерална држава. За Македонија, од посебно значење беше Декларацијата за создавање на Југославија на федеративен принцип во која експлицитно стоеше дека Македонија е една од шесте конститутивни елементи на федерацијата. Првите уредби на Президиумот на АВНОЈ се однесуваа на признавање на македонскиот јазик како еден од службените јазици на територијата на Југославија (Ванковска, 2007: 188).



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems