Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

УЛОГАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА ВО ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Значи подоцна, под влијание на актуелните повоени ситуации на меѓународната сцена, Македонија и нејзиното раководство одлучува да влезе во Југо-Федерацијата заедно со другите југословенски народи. Тоа и го пишува во првиот устав на Македонија кој е донесен на 31 декември 1946 г. Во член 1 од Уставот пишува: „Народна Република Македонија е народна држава од републикански облик“, а во член 2 ... „изразувајќи се, врз основа на правото на секој народ на самоопределуење вклучително правото на отцепуење и на соединуење со други народи по своја слободна воља македонскиот народ се соедини врз основа на начелото на рамноправноста ... во заедничка сојузна држава ФНРЈ” (Група автори, 1981:648).
Значајно е да се напомене дека, првата мисија на македонски дипломат во странство е онаа на Кирил Миљовски во Софија во октомври 1944 г. (Габер, 2002). Така почнува калењето на македонските дипломати, како претставници на суверена држава. Во текот на наредните четириесет години тие први македонски државници и дипломати со сите свои знаења и интелектуални способности, ќе имаат одлучувачко влијание врз новите генерации Македонци кои ќе се определат за дипломатијата како своја животна професија.
Иако во периодот од 1945-1990 г. македонскиот кадар бил малку застапен во сојузната дипломатија (максимумот бил 6 % од сите вработени во Сојузниот секретаријат за надворешни работи, и бил достигнат во 1990 г.), сепак, според некои податоци од повоениот период до 1985 г. во рамките на меѓународната соработка во Р. Македонија престојувале 120 странски делегации и државници, од кои 32 шефови н  држави и Влади (Габер, 2002: 59). Исто така во тој период, е постигнат висок степен во планот на меѓународната размена во културата (организирање на Струшките вечери на поезијата, Мајските оперски вечери, Охридско лето) и образованието (годишен собир на македонистите од целиот свет) итн.
По распаѓањето на поранешна Југославија , Република Македонија ги презема сите неопходни чекори за заокружување на својата државност. Донесена е Декларација за сувереноста на Македонија со која домашната и светска јавност е запознаена дека Република Македонија ја презема одговорноста за својата судбина во свои раце. Потоа е донесена одлука за распишување Референдум на кој народот се произнесе за судбоносното прашање, дали е за самостојна и суверена држава.
Резултатите од Референдумот се повеќе од импресивни. На 8 Септември 1991 г. излегле 71,85 % граѓани (од запишаните гласачи), а за самостојна суверена држава се изјасниле 95,32 %. Со ова се реализира идејата на илјадници Македонци кои со векови се бореле за создавање своја самостојна држава.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems