Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

УЛОГАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА ВО ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

По донесувањето на Уставот и конституирањето на власта во Р. Македонија, почнува макотрпниот процес за меѓународно признавање кој беше доста сложен и тежок, испреплетен со низа интереси, уцени и закани како од политичка така и од економска и воена природа. Тоа значи дека проблемите на нашата дипломатија почнаа од почетокот, но се интензивираа по донесувањето на Декларацијата за условите под кои можат да се признаваат поранешните Југословенски републики, во Брисел на 16 Декември 1991 г. Со оваа Декларација, на инсистирање на соседна Грција, се внесени дополнителни услови за признавање како што се: да се обврзат дека немаат територијални претензии, дека нема да водат непријателска пропаганда и нема да користат имиња што би воделе кон територијални претензии кон соседите. Конечно, нашата држава стана 181-та членка на ООН, под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија (FIROM). До денес има воспоставено дипломатски осноси со 159 земји, а под Уставното име е призната од 132, меѓу кои три од постојаните членки на Советот за безбедност: Русија, Кина и САД. Исто така, Македонија стана членка и на голем број меѓународни организации: Советот на Европа, ОБСЕ, УНЕСКО, Програмата „Партнерство за мир” итн.
Во изминатиот период нашата дипломатија е водена на сите нивоа, и тоа:
1. дипломатски активности од страна на највисоките државни
раководители (Претседателот на Републиката, Претседателот на
Собранието, Претседателот на Владата, и министрите на Владата);
2. Министерството за надворешни рабори;
3. дипломатските и останатите претставници на Република Македонија;
4. собраниски, владини и невладини тела;
5. политички партии како субјекти на политичкиот систем на нашата земја .
Во текот на изминатите години, беа донесени и неколку систематизации, правилници и упатства на македонското МНР, се утврди мрежата на дипломатско конзуларни претставништва (ДКП) во странство и беа извршени првите кадровски селекции. Така, од сто и тројцата Македонци во југословенската дипломатија, за враќање во новосоздадената македонска дипломатија во 1992 г. се изјасниле педесет и тројца, а на двата регуларни конкурси во 1994 и 1995 г. биле примени уште 25 млади кандидати за дипломатската служба. Исто така бил преземен кадар и од другите министерства. На 1 Јануари 1996 г. МНР броело 193 извршители и уште 32 во странство, а веќе во 2001 г. бројот на вработените достигнал 310, од кои 119 извршители се деташирани во странство (Габер, 2002:79).



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems