Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

УЛОГАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА ВО ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Според „Стратешкиот план за периодот 2009-2011“ од Министерство за надворешни работи на Република Македонија, од 2008, денес, дипломатската мрежа на Министерството за надворешни работи се состои од: 53 Дипломатско - конзуларни претставништва, од кои 34 амбасади,22 3 канцеларии за врски,23 8 постојани мисии на Република Македонија,24 7 генерални конзулати,25 (Торонто, Истанбул, Детроит, Минхен, Венеција, Мелбурн и Чикаго) и 1 канцеларија за конзуларни економски, и трговски работи на Република Македонија во Солун.
Основни задачи на македонската дипломатија и дипломатите, би биле следните:
1. обезбедување меѓународно признавање на нашата држава;
2. зачленување во ЕУ;
3. зачленување во НАТО;
4. зачувување на историското и уставното име на државата;
5. воспоставување дипломатски односи и отворање ДКП-а во земјите кои
ја признаваат нашата држава;
6. економско отварање кон светот;
7. потпишување билатерални спогодби со сите држави за нормализација и уредување на меѓусебните односи и др.
Амбасадорот Ружин Н. во овој контекст ги има следниве размислувања (Ружин, 2007):
1. македонската дипломатија треба да се адаптира кон правилата на современото демократско општество и да испраќа точни, критички, и конструктивни информации преку нашите дипломатски претставници од странство, дури и по цена да се во спротивност со очекувањата или интересите на Р.Македонија и на нејзините лидери;
2. Република Македонија не смее да погреши со приоритетите, а тоа се евроатлантските интеграции, кои се наша стратегиска цел;
3. Македонија не смее да заборави кои се нејзините стратегиски партнери како за влез во Алијансата и во ЕУ, така и за регионалната безбедност и стабилност. Така што, покрај САД, кои се нашиот најмоќен и најзначаен поддржувач за членство во Алијансата, не смеат да се запостават



22 (Тирана, Виена, Канбера, Брисел, Сараево, Отава, Софија, Пекинг, Загреб, Копенхаген, Каиро, Париз, Берлин, Ватикан,
Будимпешта, Рим, Тел Авив, Хаг, Варшава, Букурешт, Москва, Белград, Љубљана, Подгорица, Прага, Мадрид, Стокхолм,
Берн, Анкара, Киев, Лондон, Вашингтон, Њу Делхи и Доха).
23 (Атина, Приштина и Талин).
24 (при меѓународните организации на Виена, при ЕЗ во Брисел, при НАТО во Брисел, при УНЕСКО во Париз, при Советот
на Европа во Стразбур, при ФАО во Рим, при Обединетите нации во Женева и при Обединетите нации во Њујорк).
25 (Торонто, Истанбул, Детроит, Минхен, Венеција, Мелбурн, и Чикаго).



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems