Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

УЛОГАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА ВО ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија, Турција и Словенија. Секако важни се и другите членки на ЕУ;
4. Македонија треба да ја одржи интензивната Регионална иницијатива, која се должи на специфичната стратешка позиција на Балканот. Тука спаѓа и успешната соработка во рамките на Јадранската група;
5. македонската дипломатија треба да го промовира и мултиетничкиот карактер на Р.Македонија како позитивен пример за останатите земји
на Балканот и во Европа; 
6. надворешната политика не смее да ги заборави останатите политички и граѓански субјекти во државата, политичките партии, невладини организации, интелектуалци, новинари и др.
Според Законот за надворешни работи чл. 36, кој стапи на сила во јануари 2007 г. најмалку две третини од вкупниот број амбасадори треба да бидат професионалци, односно да произлегле од Министерството за надворешни работи. Во законот пишува дека тие треба да имаат стекнато високо дипломатско звање во случај кога кандидатот за амбасадор е од составот на дипломатско конзуларните службеници, односно да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и на меѓународните односи.
Но, битката за партиските амбасадори за жал сè уште не е завршена. Тоа го покажуваа и поранешните препукувањата помеѓу Претседателот и Премиерот на Владата кои доаѓаа од различни политички партии, но и денес кога неретко во дипломатијата се вдомуваат одредени партиски кадри. Иако од сите институции се
согласуваат дека амбасадорите треба да бидат професионалци, сепак се изгуби премногу време и дел од амбасадите останаа празни што е недозволиво за една држава која е кандидат за членство во НАТО и која очекува да почнат преговорите со ЕУ , а според Д. Бојчев, тоа резултира со огромни и непроценливи штети. Тој уште го препорачува и т.н. Скандинавски модел на дипломатско претставување, односно дека Македонија може да акредитира свои амбасадори во бројни (подалечни) земји, но со нивно седиште во Скопје, односно во МНР. Со тоа, според него би се постигнале повеќекратни надворешни и внатрешни ефекти, а како најзначајни се помалите буџетски трошоци и можност за подобрување на кадровската политика (Бојчев, 2007).
Во овој дел, уште би укажале дека надворешната политика и дипломатија на Република Македонија треба да обрнат внимание и на следниве работи:
1. промоција на нашите економски интереси во странство и привлекување на директни странски инвестиции, каде што досега, не се остварени посакуваните резултати;



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems